Што е его и како да се елиминира/намали

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
јок, кога ќе го елиминираш егото ќе се спознаеш себе. Се раѓаме речиси без его:P
Се раѓаме и неплодни. Подоцна се здобиваме со можноста за репродукција. Мислиш дека ќе се спознаеме себе си преку кастрација на пример?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
сам прашуваш и одговараш, хаахах абе да се скинеш од смеење
ќе научиш и ти еден ден

пс: немам его
Немаш, само скокаш како боцнат кога некој ти удира по него...

Имањето его е нормална состојба на една здрава личност. Темата е глупава од старт, зошто некој би сакал да го намали или елиминира егото?
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Доживуваш затоа што твоите сетила пренесуваат информации во мозокот, кој in-turn ги процесира. А и што всушност подразбираш под поимот "мртва материја".
Патем, објасни ми го ова

и како се разликува од ова

моите сетила пренесуваат информации во мозокот кој ги процесира, се случуваат разни електрохемиски, биолошки процеси и тн... меѓутоа, дали процесите што се случуваат се свест? процесите доживуваат? нешто составено од атоми доживува? ако направиш симулација на некаков електрохемиски, биолошки процес што се случува во мозокот тој ќе го доживи тоа, процесот?
зошто тогаш роботот не доживува, и тој има сетила, и кај него тие сетила пренесуваат информации до неговиот „мозок“. и тој може да се движи, да тврди дека гледа нешто, да збори и слично. освен комплексноста која е разликата? ако го поврзеш со некаков комплексен електрохемиски процес ќе доживува?
разликата е што не треба слепо во ништо да веруваш, самиот ја доживуваш за својата свесност. што е самото доживување, нешто материјално, материја? физички процес? доколку универзумов е само „мртва материја“ т.е. само материја која ги извршува физичките закони и огромен простор, тогаш никогаш нема да настане нешто свесно. мора свесноста да биде содржаен елемент во некаква форма, дали внатре во самата материја, дали материјава е некаков медиум кој „комуницира“ со свеста, да не навлагаме у тоа, доволно офтопик сме.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208

Да, процесите во мозокот создаваат илузија дека постои свест, нематеријална, издвоена од мозокот. Твоето ТИ е одлика на твојот мозок.
Човекот, на некој начин е биокомпјутер. Што те прави тебе толку поразличен од робот?
Емоциите? Што ги поттикнува? Одредени феномени поттикнуваат одредени жлезди да лачат одредени супстанции кои на мозокот делуваат така и така.
Роботот, како и човекот на база на алгоритми е способен да донесува одлуки.
Па еве, ти слепо веруваш во нешто што нема апсолутно никаква евиденција. Како си толку уверен во твоето тврдење?
Како тоа што материјата им подложи на природните закони е поврзано со тоа дали ќе настане нешто "свесно"?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Сакал или не, во еден момент животните удари ќе те принудат
да го намалиш егото (штетна нуспојава на западната цивилизација, која води само кон отуѓување и изолација)...
Престани да ја храниш егоцентричноста и наместо тоа фокусирај се на твојата душа. Со текот на времето ќе се научиш да разликуваш кој си всушност ТИ, а што е само безвредно его, маска со која сакаш да се прикажеш како супериорен пред околината.
И запомни дека иако секој како индивидуа се стреми да има што поголемо его, нашето колективно/несвесно его е нешто што се пренебрегнува, а има неверојатна моќ.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

Имаме проблем во дефинирање и разбирање.
Ај подобјасни малку кои се тие манифестации на егоцентричноста и како ги одвојуваш од својата душа.
Маската со која сакаш да се прикажеш пред околината го викаат суперего.
ЕГО=ЈАС (во превод а и по дефиниција) значи како ти себе се доживуваш. Не гледам како може човек да престане да се доживува додека е свесен и жив?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Егоцентричноста се манифестира на низа начини, некои од нив беа спомнати и во првиот пост, па не би сакала да се повторувам. Но, истите ги им во следниов текст (цитиран подолу), каде што е убаво наведно како егото дејствува фатално врз интелектуалната, емоционална, сексуална, инстинктивна и движечка енергија.

Ego je zajednički termin za sve negativne aspekte ličnosti. Ego je skup negativnih energija i uticaja koje se manifestuju kada Više Ja nije, ili je samo delimično prisutno u vašem telu.

И егото и суперегото се ЕГО - нешто неспоиво со повисокото Јас.
Ako se poistovetite sa vašim identitetom onda imate ograničen pogled na svet – kao da posmatrate sa prozora vaše kuće. Ako želite da ispravno sagledate morate da posmatrate sa pozicija Višeg Ja. Tada ste se popeli na krov i vidik se dramatično proširuje – vidite sve ono što se dešava oko vas.

Vi ste energija koja vibrira na određenoj frekvenciji. Što je frekvencija viša, lakše je i Višem Ja da utiče na vas. Ako je niža onda na scenu stupa Ego.

Еве како да се редуцира:
U tome je ključ: umesto da utičete na Ego u celini, utičite na njegove pojedine komponente. Povećana pažnja vam omogućava da podelite događaj na sastavne komponente i da ih onda poništite. Takođe ste u stanju da vidite energiju koja vas napada. Drugačije rečeno, vidite misli i emocije koje nadiru u telo neposredno pre nego što se pojave i možete da ih zaustavite. Tako zaustavljate Ego.

Техника на виолетов пламен:
Nemojte da analizirate energiju koja vas napada niti da razmišljate odakle potiče jer ćete joj tako uliti više snage. Samo se usmerite na njeno zaustavljanje. Uzviknite “stop” u umu. Možda ćete morati ovo da ponovite nekoliko puta. Dok ovo radite zamislite ljubičasti plamen koji sagoreva ono što hoćete da zaustavite i pretvara ga u energiju ljubavi. Ljubičasti plamen je spiritualni simbol koji se koristi u izmeni energije.

Целосен текст:
http://researchfield.wordpress.com/category/sadrzaj/duhovnost/sta-je-ego/

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Сакал или не, во еден момент животните удари ќе те принудат
да го намалиш егото (штетна нуспојава на западната цивилизација, која води само кон отуѓување и изолација)...
Престани да ја храниш егоцентричноста и наместо тоа фокусирај се на твојата душа. Со текот на времето ќе се научиш да разликуваш кој си всушност ТИ, а што е само безвредно его, маска со која сакаш да се прикажеш како супериорен пред околината.
И запомни дека иако секој како индивидуа се стреми да има што поголемо его, нашето колективно/несвесно его е нешто што се пренебрегнува, а има неверојатна моќ.
Енергијата се дели на кинетичка и потенцијална. Не на сексуална, интелектуална итн. Досега, никој никогаш не успеал да евидентира души, духови или било што нематеријално, исконско олицетворение на некоја архисвест.
Не постои вистинско ТИ или ЈАС како еден единствен склоп на ментални карактеристики кој наводно е почист од се друго со кое можеме да бидеме окарактеризирани. Човековиот фенотип постојано низ животот трпи големи и мали модулации кои можат но и не мораат драстично да го променат менталниот склоп.
Еволуцијата е процес кој е сеопфатен, не се однесува само на наследноста на видовите ниту пак се однесува само на феномените кои го засегаат само органскиот свет.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Да, процесите во мозокот создаваат илузија дека постои свест, нематеријална, издвоена од мозокот. Твоето ТИ е одлика на твојот мозок.
Човекот, на некој начин е биокомпјутер. Што те прави тебе толку поразличен од робот?
Емоциите? Што ги поттикнува? Одредени феномени поттикнуваат одредени жлезди да лачат одредени супстанции кои на мозокот делуваат така и така.
Роботот, како и човекот на база на алгоритми е способен да донесува одлуки.
Па еве, ти слепо веруваш во нешто што нема апсолутно никаква евиденција. Како си толку уверен во твоето тврдење?
Како тоа што материјата им подложи на природните закони е поврзано со тоа дали ќе настане нешто "свесно"?

како механика може да создава „илузија“, без разлика колку и да е комплицирана. за да нешто создаде илузија треба да има свест, а не обратно. човекот не е биокомпјутер или бар не е само тоа. и не само емоциите: роботот не доживува, не гледа, не слуша, не чуствува и тоа ме прави мене различен од него. тој само може да симулира дека го прави истото. ти кажуваш дека ако направиме доста сложен робот кој сам би учел да речеме еден ден ќе создаде „илузија“ дека има свест? Како би се создале организми кои би биле свесни САМО затоа што се случуваат некакви физички процеси во мозокот? едноставно во таков чисто механички поглед на светот нема простор за свест, најмногу што би можеле да бидеме би биле „филозофски зомбија“ (http://en.wikipedia.org/wiki/Philosophical_zombie). Или ти мислиш дека сме ние роботи, не си самиот доказ дека доживуваш или велиш дека си робот т.е. зомби?

Мое интерпретирање е дека свеста едноставно постои како што постои времето, просторот, не е „последица“ на некаква акција. или е некакво поле во универзумот со не-физички карактеристики, или материјата не е баш тоа што мислиме... во секој случај е надвор од физичкиот поглед на светот, не затоа што ние мистифицираме и бараме некаква натприродна сила, туку поради причините погоре... Процесите во мозокот само прават како да го доживуваме она што го доживуваме, но не го објаснуваат феноменот на самото доживување.

Но во секој случај, ако не се согласуваш, толку од мене, не велам дека не си начитан, дека не сфаќаш, едноставно не се разбираме. Знам дека немам цврсти докази, поради самата природа на нештото можеби и никогаш нема да имаме научни факти, меѓутоа размисли и дека ти тоа што го тврдиш дека свеста е разултат на електрохемиски процеси во никој случај не е научно докажано и сеуште е голема дилема и мистерија во науката.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Аферим ако се елиминира егото... не познавам некој дека го елиминирал, а ниту пак сум чул или прочитал за некој таков случај... а ако има, сигурно нешто не е во ред со човекот...

Егото не смее да се елиминира, исто како што не смее ИД и суперегото. Впрочем затоа и постојат, за да се постигне „баланс“ меѓу истите (малку будистички ми звучи ова, - додуше поише џедајски :)))))))) , но тоа е тоа...)
--- надополнето: 19 јуни 2012 во 21:54 ---

26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Eгото е стравот, зависта, омразата, желбата за одмазда
и др карактерни црти на човекот, егото се елиминира
во оној момент кога наместо страв ќе има љубов, простување
и сл. Егото може да се смета за демон во човечката душа
и треба да не постои.
Болеста на егото треба да се замени со просветлување на умот, и отварање на срцето.
Се додека имаме его ќе има глад,војни болести. уништување на планетава.
Јасно е дека човештвото се уништува самото и цел животински и растителен свет
тоа е резултат на егото ако мислиме дека без него неможе да постоиме
многу грешиме.
Секој треба да биде чист без завист омраза страв без комплекси и сл.
Егото е ништо убаво, само болест.
 
New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
264
Поени од реакции
235
Аферим ако се елиминира егото... не познавам некој дека го елиминирал, а ниту пак сум чул или прочитал за некој таков случај... а ако има, сигурно нешто не е во ред со човекот...

Егото не смее да се елиминира, исто како што не смее ИД и суперегото. Впрочем затоа и постојат, за да се постигне „баланс“ меѓу истите (малку будистички ми звучи ова, - додуше поише џедајски :)))))))) , но тоа е тоа...)
--- надополнето: 19 јуни 2012 во 21:54 ---
Аферим ако се елиминира егото... не познавам некој дека го елиминирал, а ниту пак сум чул или прочитал за некој таков случај... а ако има, сигурно нешто не е во ред со човекот...

Егото не смее да се елиминира, исто како што не смее ИД и суперегото. Впрочем затоа и постојат, за да се постигне „баланс“ меѓу истите (малку будистички ми звучи ова, - додуше поише џедајски :)))))))) , но тоа е тоа...)
Сигурен сум дека познаваш, само не си го забележил.

Сигурно постои некој во твојот живот кој те сака и ти ја посакува сета среќа на светот (мајка, татко, сестра, дедо, баба итн.). За разлика од останатиот свет на кој и баш не му е гајле за тебе и баш го брига за тебе, односот на твоите родители е сосема поинаков, зашо они те сметаат за дел од нив, како целина која взаемно се дополнува и тука егото е минимизирано зашо постои несебичност. Без разлика како среќата во семејството е редистрибуирана, ти секако би бил среќен за успехот на твоите и спремен секогаш да помогнеш и да покажеш несебичност спрема нив, зашо нема дистинкција помеѓу вас (не викам дека нема дисфункционални семејства, се трудам само да дадам насока на дискусијата). За разлика од тебе на таткоти и баш не му е гајле за синот на комшијата и смета дека секој што не е дел од фамилијата е нешто друго. Тука егото стапува на сцена каде сите ние се делиме и создаваме бариери зашо сметаме дека секој е различен, во суштина сите сме исти, сите потекнуваме од исти извор(бигбанг), само животните искуства кои како последица на економската не-еднаквост и дискриминација креираат нестабилни и опасни индивидуи кои ја потврдуваат илузијата дека сме различни.

Кога некој несебично и хуманитарно помогне пред се финансиски, он не си вука ауу ја сум опасен работев премногу напорно за овие пари и тие се мои не ги давам никого и на сите ќе им докажам уште колку можам да помножам (его дривен), наместо тоа можеби мал дел но сепак постојат индивидуи кои несебично знаат да споделат зашо длабоко во сите нас постои цел која не тера да помогнеме, споделиме и креираме подобро утре за сите нас(его фрее).
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ах тоа его, егото погрешо е да се каже дека е лошо или добро бидејки само од себе не постои т.е. е само сенка на она што си ти, или поубаво кажано егото е отсуство на свесност, кога те нема тебе свесен, присутен набљудувач, настапува егото како механизам кој пред се е функционален и создаден од самото општество за да биде функционален е проблемот е кога ние се идентификувам со него и мислиме дека сме тоа. Не, не треба да се пробува да се уништува егото, ниту пак да се величи бидејки и во давата случаи ти ќе се идентификуваш со него и со самотот тоа ти ќе се изгубиш во него, само набљудување е потребно свесно без предрасуда чисто и бистро набљудување, е тогаш се случува нешто вакво, бидејки егото каково што е сега најчесто е разделено исецкано на 1000 парчиња и секое парче си има што да си каже мислејки дека тоа е во право, значи секој човек безмалку има повеќе ега ако не и ептен многу ега, е кога ке се внесе елементот на набљудување егото полека, но сигурно ќе се кристализира, т.е. ке стане солидно, цврсто, едно нема да биде веќе раздрлено како распрскано стакло туку ќе има една целина ќе биде здраво и ќе може да се употребува многу добро во моментите кога е потребно, а е потребно бидејки се додека сме во тело и функционираме во дадено општество некаква комуникација е потребна. Е сеа дека и без его но со целосна присутност и будност можна е комуникација и тоа да не речам само тогаш вистинска комуникација е можна бидјеки сите граници исчезнуваат и две(или повеќе) навидум различни индивидуи можат да се претопат во еден океан на свеснос(но за ова нема зборови со кои може да се опише искуството само може да се доживее и живее)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom