MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
И се слагам, но и не се слагам...Сигурен сум дека познаваш, само не си го забележил.
Сигурно постои некој во твојот живот кој те сака и ти ја посакува сета среќа на светот (мајка, татко, сестра, дедо, баба итн.). За разлика од останатиот свет на кој и баш не му е гајле за тебе и баш го брига за тебе, односот на твоите родители е сосема поинаков, зашо они те сметаат за дел од нив, како целина која взаемно се дополнува и тука егото е минимизирано зашо постои несебичност. Без разлика како среќата во семејството е редистрибуирана, ти секако би бил среќен за успехот на твоите и спремен секогаш да помогнеш и да покажеш несебичност спрема нив, зашо нема дистинкција помеѓу вас (не викам дека нема дисфункционални семејства, се трудам само да дадам насока на дискусијата). За разлика од тебе на таткоти и баш не му е гајле за синот на комшијата и смета дека секој што не е дел од фамилијата е нешто друго. Тука егото стапува на сцена каде сите ние се делиме и создаваме бариери зашо сметаме дека секој е различен, во суштина сите сме исти, сите потекнуваме од исти извор(бигбанг), само животните искуства кои како последица на економската не-еднаквост и дискриминација креираат нестабилни и опасни индивидуи кои ја потврдуваат илузијата дека сме различни.
Кога некој несебично и хуманитарно помогне пред се финансиски, он не си вука ауу ја сум опасен работев премногу напорно за овие пари и тие се мои не ги давам никого и на сите ќе им докажам уште колку можам да помножам (его дривен), наместо тоа можеби мал дел но сепак постојат индивидуи кои несебично знаат да споделат зашо длабоко во сите нас постои цел која не тера да помогнеме, споделиме и креираме подобро утре за сите нас(его фрее).
Како што реков, опасна игра е елиминација на егото, а зад себе да се остави силно ИД и суперего.. тоа е сјебано.....
Второ, се слагам дека можеби и би било подобро без Его, но под услов да се елиминираат сите дела на психичкиот апаратус, како структурен модел на психата. Тоа би значело елиминација на емоцијата како таква. Таа прави штета...
И трето, имајќи в предвид дека сепак елиминацијата е опасна игра, тогаш еве да те потсетам што сепак значи ИД, што Его, што Супер его? Според моделот на психата:
- ИД - множеството на некоординирани инстинктивни манифестации
- ЕГО - рационален организиран - реален сегмент (манифестација).
- СУПЕР-ЕГО - ја задира совеста и има критичка улога и улога на морализирање (затоа и најчесто се нарекува дека супер-егото е „нешто што се бара од нас“)
Епа сега, да те прашам, што ќе елиминираш од овде, и како ?
П.С. Можеби ЕГОто си го помешал со - ЕГОИСТ, што би значело дека е пренагласена улога и преголема посветеност на една личност кон сопствените интереси и напредувања (егоцентрична личност). Нешто што нема благе везе со суштината на ЕГО, но е сепак негова пренагласена форма.