Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 183 46,9%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    390

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, тоа се учи во петто одделение. ...H2O е договорена конвенција за означување на соединението наречено вода. Исто како што во христијанството е договорена конвенција дека Исус воскреснал.

Така, прашањето тука не е дали е H2O, туку дали ПОСТОИ вода и дали тоа може да се ПРОВЕРИ!!!

Исто така, прашањето е дали ПОСТОЕЛО воскреснување и дали тоа може да се ПРОВЕРИ!!!

Одоговори самиот.

Инаку, мислам дека особено на овој под-форум треба да се забрани зборот ДОКАЗ. Заради тоа што е грубо злоупотребуван од сите страни.

Јас предлагам да се замени со зборот ПРОВЕРКА. Така, нема да зборуваме за тоа што може да се докаже, туку што може да се провери.
Важи бе Дибек, нека не е „доказ„ нека биде „проверка„. Ај тркни до кујната, стај вода во чашата и ПРОВЕРИ дали водата навистина има молекува од два атоми водород и еден атом од кислород и кажи ми како стигна до тој заклучок! Ај, да те видам...

Што се однесува до воскресението Христово, немам дилема: да, верувам дека тоа се случи, оти, да не верував, залудна ќе беше мојата вера, како што би рекол и Св. Ап. Павле. А ти, потруди се, и ПРоВЕРИ дали Он не воскреснал и јави ми како тоа си го сторил.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Epa, Miki, ако важи, тогаш ја ќе ти ја покажам водата и заедно ќе провериме дали постои. Ти покажи ми воскреснување па да провериме дали воскреснувањето постои. Што викаш?

H2O е конвенција. Водата не е. Што е воскреснувањето?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Epa, Miki, ако важи, тогаш ја ќе ти ја покажам водата и заедно ќе провериме дали постои. Ти покажи ми воскреснување па да провериме дали воскреснувањето постои. Што викаш?

H2O е конвенција. Водата не е. Што е воскреснувањето?
Викам дека верувам во воскресението Исусово, за што не ми е потребен никаков доказ. А викам и тоа дека ескивираш од одговорот и го извртуваш моето прашање: прашањето не беше дали водата постои, дали водата е течна или мокра, туку беше, дали имаш начин да ми докажеш дека водата има хемиски состав од 2 атоми водород и 1 атом кислород и како доаѓаш до тој доказ.

Патем кажано, Н2О не е никаква конвенција, никаков договор, туку начин на изразување на хемискиот состав од некоја посложена материја, со користење на ознаките од хемијата.

Ако кажеме дека Н2О е конвенција, тоа значи дека некои батки тајно се договориле да не излажат дека хемискиот состав од водата е токму Н20, а не некој втор или трет состав, за кој не можеме да знаеме каков е тој состав навистина, а не како некој ни пласира дека е.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89

Сакаш да кажеш дека се сомневаш во постоење на хемиски елементи
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не.

Сакам да го кажам ова, со намера, твојот претходник самиот да дојде до заклучок: ако кажам дека верувам, не ми се потребни докази, оти докази веќе имам. Оние кои не веруваат, кога изнесуваат некои нивни вистини-најчесто од научна природа, во кои се страшно убедени дека се вистинити, всушност, изнесуваат само податоци/информации, кои за таквите поединци се практично недостапни и непроверливи во пракса.Тогаш, ако јас верувам и ако имам докази кои се проверено точни, од каде доаѓа таа атистичка убеденост дека паразитското превземање туѓи (лабораториски) сознанија, се вистинити, кога се практично непроверливи за повеќето луѓе!?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Викам дека верувам во воскресението Исусово, за што не ми е потребен никаков доказ. А викам и тоа дека ескивираш од одговорот и го извртуваш моето прашање: прашањето не беше дали водата постои, дали водата е течна или мокра, туку беше, дали имаш начин да ми докажеш дека водата има хемиски состав од 2 атоми водород и 1 атом кислород и како доаѓаш до тој доказ.

Патем кажано, Н2О не е никаква конвенција, никаков договор, туку начин на изразување на хемискиот состав од некоја посложена материја, со користење на ознаките од хемијата.

Ако кажеме дека Н2О е конвенција, тоа значи дека некои батки тајно се договориле да не излажат дека хемискиот состав од водата е токму Н20, а не некој втор или трет состав, за кој не можеме да знаеме каков е тој состав навистина, а не како некој ни пласира дека е.
1. Нели нема да викаме ДОКАЗ?
2. Патем, H2O е конвенција. Тоа дел е конвенцијата за именување на соединенија. Затоа е конвенција. Конвенција мики е и зборот вода. Конвенција е во македонскиот јазик. Таа конвенција, во англискиот, на пример, е water. Конвенција е и воскреснувањето.

Проблемот овде е што е она што може да се провери и потврди.

Водата може.

Воскресението, не.

Ето ти. Ти слободно верувај. Јас никаде не ти го забранувам тоа. Само ти се потсмевам кога налудничаво тврдиш дека си го докажал тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Za жал тие докази се само во твојата глава:toe:
А во чија глава се теориите за ова и за она?

1. Нели нема да викаме ДОКАЗ?
2. Патем, H2O е конвенција. Тоа дел е конвенцијата за именување на соединенија. Затоа е конвенција. Конвенција мики е и зборот вода. Конвенција е во македонскиот јазик. Таа конвенција, во англискиот, на пример, е water. Конвенција е и воскреснувањето.

Проблемот овде е што е она што може да се провери и потврди.

Водата може.

Воскресението, не.

Ето ти. Ти слободно верувај. Јас никаде не ти го забранувам тоа. Само ти се потсмевам кога налудничаво тврдиш дека си го докажал тоа.
...во право си...
 
?

..........

Гостин
А во чија глава се теориите за ова и за она?

...во право си...
Во главите на тие луге постои теорија формула доказ равенка со која е направен компјутерот пред кој седиш моментално ...значи компјутерот постои тие го створиле со вербата во нивната глава ....а во твојата глава само пуста верба без доказ без резултат без ниеден доказ ......:toe:
значи ти ја оспоруваш науката физиката хемијата која е реална затоа што однеа произлегува дела .......а се засноваш замо на пуста верба на празно и ги убедуваш другите :smir:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Доста беа равенки, хемиски формули и други глупости..темата е кој е Исус..држете се до насловот ..офтопиците ќе бидат избришани..доста ви се две и кусур страни забегување
 
?

..........

Гостин
Дај кажи, по која формула е составен компјутеров кој е поставен пред мене.

Доказите ги имам и тие се дел од моето искуствено познание, кои за тебе се научна фантастика и ги немаш како готови податоци во поплуарната литература.

Вербата во Бога не е пуста, туку спасоносна.
Вербата во самиот себе е пуста и неплодна.
MIKI да не одиме оф топик....

сепак тоа е твое видување......

јас сметам дека вербата во самиот мене е најбитна ....многу побитна од верба во приказни:helou:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мики, абе што работиш стварно? Озбилно.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
2
Во контекст на темата каде прашањето е :"што е Исус",во книгата "светата крв светиот грал" има една мисла или еден пасус или едно мислење на авторите каде многу убаво е објаснето за неговата природа и за дејноста што ја вршел на земјата.

Имено таму се кажува дека зад Исус застануваат два реда на приврзаници; и тоа оние кои се залагале за продолжување на царската крвна лоза , занејки дека Исус потекнува од царската лоза на Давид и задржување и поставување на свој човек на престолот во Ерусалим , продолжувајки ја лозата на Исус(значи продолжувачи на неговата политичка дејност против Рим)

И втората група на приврзаници кои ја следат неговата порака(пораките за љубов,разбирање,толеранција,покорност кон бога,високите морални принципи итн.),односно подоцнежните христијани.

Во тоа препирање на овие две групи на приврзаници сепак условна победа издвојуваат приврзаниците на пораката(христијаните) и ги потиснуваат останатите или го намалуваат нивното влијание.

Сепак овде треба да се напомене дека сите заклучоци изнесени во книгата се базираат на чисто историски факти и историски извори,каде библијата и евангелијата се разгледувани од еден друг аспект чисто земски односно световен.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.331
Поени од реакции
4.927
Бог го создаде човекот или човекот го создаде Бог?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Бог го создаде човекот или човекот го создаде Бог?
Ја сум за второво... ако сме он топик.

И втората група на приврзаници кои ја следат неговата порака(пораките за љубов,разбирање,толеранција,покорност кон бога,високите морални принципи итн.),односно подоцнежните христијани.

Во тоа препирање на овие две групи на приврзаници сепак условна победа издвојуваат приврзаниците на пораката(христијаните) и ги потиснуваат останатите или го намалуваат нивното влијание.
...
За кои приврзаници на пораката зборуваш?

Дали се тоа крстоносните христијани? И инквизициските? Или оние од 20-вековните војни низ Европа, сите со од бога даден благослов да војуваат едни со други до последнакапка крв? Или томбола и бинго мајсторите од Ватикан со писмата со прочка од бога нудени на рајата за „евтини“ пари?

Или мислиш на вистинските, скромни, прибрани луѓе кои жртвата на Исус ја негуваат во длабочината на своите души и не се чаталат со неонски крстови по ридови и со усти полни презир за се нехристијанско?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom