Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 183 46,9%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    390

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Се работи за вера,духовно убедување на луѓето ако сакаш и морален принцип,а токму таа вера ти го одржала идентитетот и те води во животот,значи се работи за духовен принцип а не за материјално убедување.А ти своето мислење можеш да го искажеш слободно бидејки е демократија.
Да не се лажеме, сега... колку што јас знам (а може грешам) Исус викал дека верата е интимна, дека сам ќе си се молиш, дека нема у излог со својата вера да се ставаш, дека нема напразно да го дрвиш за бог и сл.

Според ова, јас овде се наоѓам како еден од ретките на темава кој би смеел да си дозволи да пишува на овој под-форум. Оние како тебе, Маркус или Мики, мислам дека си ги надминуваат овластувањата поставени од самиот систем (покорност, тајност на молитвата, милост и вртење на другиот образ). Затоа сметам дека со секој следен напишан збор, или вратена реплика (особено мрчаторска) вие се покажувате како „не вистински“ христијани.Ова е само мое лаичко мислење.

И да нема забуни, јас воопшто не тврдам дека христијанството е лошо, ама затоа не штедам прстни мускули насекаде да упатам на страшната заблуда која ја промовираат оние кои Светата Книга ја читаат буквално и кои се обидуваат да ја прошират скепсата која со себе ја носи стравот од казната божја!!!

За мене, бог не е осветољубив и не ме чека во заседа да не згрешам, ниту пак ме чека да се ПОКАЈАМ. Наместо тоа, мојот Бог од мене очекува да научам од моите грешки и да станам подобар човек учејќи, а не плашејќи се од него/неа!
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
eeee jebem ve neopraeni...mudjahedinon trie race....a mudja zadovolen lie demonot vo tebe?
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Јас гласав Господ/Бог (Отецот) ама згрешив оти набрзина гласав иако тоа не е некоја голема грешка.

Ние сме синови на Господ но ние сме дел од Господ исто како што сме дел од нашите мајка и татко.Значи Исус бил Господов син и со тоа бил и дел од Господ.
 

†he Exorcis†

Rock n' Roll
Член од
25 септември 2009
Мислења
122
Поени од реакции
3
Па нели Господ и Синот се едно исто...
Така да нели велите дека Отецот, Синот и Светиот Дух се ЕДНО?

Како може сега да се изјаснувате овде КОЈ Е ИСУС?!
Сега заклучувам дека некој луѓе овде немаат веза што зборат(не сите)...

Не знаете ни вие КОЈ Е БИЛ и ШТО Е БИЛ иии ШТО Е СЕГА(ако е нешто де).
 
O

Omer el Faruk

Гостин
А пак ако го додадам и овој стих..
Цитат:
(Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно).

Тогаш е повеќе од јасно за што станува збор...
Marcus, ќе имаш доблест да ни кажеш зошто во Првото Послание на Апостол Јован, Глава 5, Пасус 7, зборовите се ставени во заграда?
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.153
Marcus, ќе имаш доблест да ни кажеш зошто во Првото Послание на Апостол Јован, Глава 5, Пасус 7, зборовите се ставени во заграда?

Омер може да ти поопштам нешто вака како еден обичен смртник...?
Значи неможеш да ја сватиш суштината на една вера ако во неа не веруваш и неа сметаш истата за вистинска, исто така и јас го имам тоа мислење за твојата вера дека не е правата, но сепак ти ја почитувам, што е ова толку теми за Исус и толку интриги кога тоа е толку едноставно објаснето и сите нам ни е јасно, е сега ако некој си нема работа па почи си фаќа очекувај секакви одговори...

Поздрав.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Затоа што во некои преписи на грчките оригинали текстот бил исфрлен заради проблемите кои ги создал..
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затоа што во некои преписи на грчките оригинали текстот бил исфрлен заради проблемите кои ги создал..
...што потегнува уште едно прашање: Од каде знаеме што и колку е исфрлено од библијата... или: Што и колку е додадено?!?

Зезнато, а?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Библијата е збир на ракописи....(собрани дела да кажам)..не е готова книга падната од небото па некој као ја преправал..работата околу 5:7 е сосема друга се однесува на судирот на Источната Грчка и Римокатоличката црква..за наша среќа постојат премногу преписи низ годините и убаво може да се види каде што фали.. најстарите ракописи на овој стих се од 200 година..од Tertullian
Истото вази и за другите текстови..како била најпреписувана секогаш има извори од кои може да се види што и како е менувано дали е менувано..само Новиот завет има 25.000 преписи
Да дообјаснам..Манускриптите прв пат биле преведени на латински некаде од 120-157 година(Јован живеел некаде до 100 година од овој век)..Кога во 1500 година започнала реформацијата истата била преведена на француски и италијански и според споредба со оригиналот не претрпела никакви промени..
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.614
Поени од реакции
33.980
Па нели Господ и Синот се едно исто...
Така да нели велите дека Отецот, Синот и Светиот Дух се ЕДНО?

Како може сега да се изјаснувате овде КОЈ Е ИСУС?!
Сега заклучувам дека некој луѓе овде немаат веза што зборат(не сите)...

Не знаете ни вие КОЈ Е БИЛ и ШТО Е БИЛ иии ШТО Е СЕГА(ако е нешто де).

1(Отец)+1(Син)+1(Свет Дух)=1(Бог)
1+1+1=3
1=3

MIKI1 така вели.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Омер може да ти поопштам нешто вака како еден обичен смртник...?
Значи неможеш да ја сватиш суштината на една вера ако во неа не веруваш и неа сметаш истата за вистинска, исто така и јас го имам тоа мислење за твојата вера дека не е правата, но сепак ти ја почитувам, што е ова толку теми за Исус и толку интриги кога тоа е толку едноставно објаснето и сите нам ни е јасно, е сега ако некој си нема работа па почи си фаќа очекувај секакви одговори...

Поздрав.
Луси_Лу, те респектирам посебно поради ваквиот пристап, и верувај ми дека јас те почитувам и тебе и твојата вера, како и христијаните и нивната вера. Еве за мене не е проблем темата и да се избрише, но како што и самата заприметуваш проблемот е во тоа што мнозина христијани немаат точно изграден став за тоа што бил Исус, па за едните е Отецот, за другите Синот, за трети Ангел итн., па ако ништо друго еве прилика ВИЕ да објаснете што е и кој е тој, за да немаат забуни барем верниците христијани.

Но мора да признаеме дека ова е форум и очекувано е да бидат отворени вакви и слични теми, нели? :)

Секое добро!



Затоа што во некои преписи на грчките оригинали текстот бил исфрлен заради проблемите кои ги создал..
Или подобро кажано: -текстот најпрвин е уфрлен а подоцна исфрлен, бидејќи докажано е дека ОВИЕ ЗБОРОВИ НЕ ПОСТОЈАТ ВО НИТУ ЕДНО ГРЧКО ИЗДАНИЕ НА БИБЛИЈАТА НАПИШАНО ПРЕД 16 ВЕК.

-Ги нема во повеќето стари латински изданија, ниту во старите преводи на други јазици, сем латинскиот.

- Ниту еден од претходниците и црквените историчари не се базирал на овие реченици.

- Повеќето првенци на протестнтското движење и реформаторско учење ГИ ОТФРЛИЛЕ ОВИЕ РЕЧЕНИЦИ ОД ТЕКСТОТ,а само мал дел од нив ги обележале со знак на сомневање.

- Мартин Лутер самиот препорачал во 1546 година во последното издание на неговиот превод на Светото Писмо на германски јазик, во предговорот НИКОЈ ДА НЕ ГО МЕНУВА НЕГОВИОТ ПРЕВОД.

- И токму така, овој цитат правел големи проблеми историски гледано, но повеќе од јасно е дека овој цитат е ФАБРИФИКУВАН, ИЗМИСЛЕН и како таков, доволен доказ дека христијаните своите Книги ( Библијата) намерно ја преправале и искривувале, кога во тоа ќе виделе сопствена корист и триумф на своите верувања.

За мене не е проблем да отвореме поширока дебата за овој пасус, но проблем ќе биде за тебе да ме убедиш дека не е така, затоа што аргументите зборуваат дека овој пасус првично не постоел во Библијата, потоа бил вметнат од заговарачите на Тројството, па во некои изданија исфрлуван, па повторно вметнуван, па ставан во загради, па тргнуван од заградите итн.

А сега ќе те замолам да го цитираш вистинскиот( оригиналниот ) пасус како гласел? :)
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Уфрлен па исфрлен..глупости..а не се сомневам дека ќе се застапуваш за тоа дека е вметнат..па што и да покажам овде ќе ми биде џабе..намерата е однапред позната..веќе видена..исто како јас да кажам дека Куранот е преработен народен кувар ..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не е добра, одлична е! А и точна е. За оние кои веруваат во Троединиот Бог, Он може да биде Еден во Троица истовремено....само со вера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom