Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 13 3,3%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 183 47,0%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,1%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 27,0%

  • Вкупно гласачи
    389
O

Omer el Faruk

Гостин
Уфрлен па исфрлен..глупости..а не се сомневам дека ќе се застапуваш за тоа дека е вметнат..па што и да покажам овде ќе ми биде џабе..намерата е однапред позната..веќе видена..исто како јас да кажам дека Куранот е преработен народен кувар ..
Не се глупости Marcus. Еве имај доблест и кажи ми дали во преводот на Библијата на германски јазик од Мартин Лутер ( основачот на протестантизмот) постоел овој стих додека бил тој жив?

-Дали лажам дека Мартин Лутер им оставил аманет (завештание) на неговите следбеници да не го менуваат неговиот превод?

-Дали лажам ако констатирам дека овие не го послушале и по 30 години, поточно во 1574 година го вметнале овој стих во новото издание?

-Дали лажам ако напишам дека многумина од проучувачите на Светото Писмо велат дека овој пасус првенствено гласел вака:

" Оние кои сведочат се тројца: Дух, вода и крв, и овие три се едно!" ?

-Дали ти значат нешто свештениците и христијанските авторитети:

- Крисбах, Шулц, Хорн, Адам Кларк, Мартин Лутер,др. Фондер, Ференч,Исак Њутн, собирачите на Скотовите коментари итн.?

Е сите овие признале дека овој пасус во Јовановото Послание е вметнат.

И овие не се муслимански производи, туку историски забелешки кои што стојат и можат да се проверат.

И Marcus, зошто насетувам дека избегнуваш дискусија со мене по ова прашање? :)
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не се глупости Marcus.

И Marcus, зошто насетувам дека избегнуваш дискусија со мене по ова прашање? :)
Поради еден стих од Библијата..ќе си го зачувам за себе..
Што се однесува до стихот 5:7 веќе објаснив..дали беше конфузно и нерзбирливо не знам..само ќе кажам дека во многу грчки манускрипти се среќава..но во повеќето не..објаснив и зошто..а полемиките меѓу теолозите околу многу работи во Библијата ќе се одвиваат до самиот крај..Comma Johanneum, е само една од нив
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Поради еден стих од Библијата..ќе си го зачувам за себе..
Што се однесува до стихот 5:7 веќе објаснив..дали беше конфузно и нерзбирливо не знам..само ќе кажам дека во многу грчки манускрипти се среќава..но во повеќето не..објаснив и зошто..а полемиките меѓу теолозите околу многу работи во Библијата ќе се одвиваат до самиот крај..Comma Johanneum,е само една од нив
:nenene: Не така! Не е поради стихот туку поради немоќта да се одбрани грешката во Библијата. Секое живо битие има право ДАДЕНО ОД БОГА да прашува и полемизира за верата! Батали ги сега бисерите и свињите, ние овде дебатираме на разумно ниво со факти.

Овој пасус е единствениот пасус во Библијата којшто зборува за Тројството, и врз него е изградена една цела догма или верување, а добро знаеш дека како таков подоцна е вметнат во Писмото од страна на заговарачите на Тројството и покрај силниот отпор на оние другите христијани кои го негирале Тројството. Овие се реални поставки за едно реално минато,врз кое е градено едно комплетно верување и догма.

А можеби и затоа и не ти се дискутира, бидејќи чепнав во самиот столб на твојата вера, во каменот темелник. Ок! Нека биде така. :)

Пријатно попладне!
 
Мојот столб на верата..:pos2:Omer el Faruk..ако паѓав на вакви работи сега ќе бев муслиман...пријатно попладне
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Исус-обичен човек што им кажал на лугето дека има и бело и црно,а они тоа го увеличиле...И то :smir:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Омер може да ти поопштам нешто вака како еден обичен смртник...?
Значи неможеш да ја сватиш суштината на една вера ако во неа не веруваш и неа сметаш истата за вистинска, исто така и јас го имам тоа мислење за твојата вера дека не е правата, но сепак ти ја почитувам, што е ова толку теми за Исус и толку интриги кога тоа е толку едноставно објаснето и сите нам ни е јасно, е сега ако некој си нема работа па почи си фаќа очекувај секакви одговори...

Поздрав.
Луси, мислиш дека има вистинска вера? Дека од сите овие силни религии една е вистинска, а другите лажни?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Има?
2. Нема?
3. Која?
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Pratenik na Gospod!
И тоа е роде драги, и тоа е ... и тоа најчистиот и совршениот од сите пратеници, бидејќи Тој не е нити од земја, нити од машко семе, туку БОГ (ЕЛОАХ, АЛАХ) во Него лично ја отелотвори својата Совршена ВОЛЈА, својата Чудесна МУДРОСТ, своето Вечно СЛОВО!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Не е добра, одлична е! А и точна е. За оние кои веруваат во Троединиот Бог, Он може да биде Еден во Троица истовремено....само со вера.
Нот бад. И не само во тројца, туку во сите и се. Со вера, со свесност!
 
†he Exorcis†

Rock n' Roll
Член од
25 септември 2009
Мислења
122
Поени од реакции
3
:nenene: Не така! Не е поради стихот туку поради немоќта да се одбрани грешката во Библијата. Секое живо битие има право ДАДЕНО ОД БОГА да прашува и полемизира за верата! Батали ги сега бисерите и свињите, ние овде дебатираме на разумно ниво со факти.

Овој пасус е единствениот пасус во Библијата којшто зборува за Тројството, и врз него е изградена една цела догма или верување, а добро знаеш дека како таков подоцна е вметнат во Писмото од страна на заговарачите на Тројството и покрај силниот отпор на оние другите христијани кои го негирале Тројството. Овие се реални поставки за едно реално минато,врз кое е градено едно комплетно верување и догма.

А можеби и затоа и не ти се дискутира, бидејќи чепнав во самиот столб на твојата вера, во каменот темелник. Ок! Нека биде така. :)

Пријатно попладне!
Со разумно ниво на факти?!?! хахахаах

Факти кои се базираат на што? На Библијата, Куранот... Јас мислев дека верниците не веруваат во факти...туку кај нив се спомнува само ИМАЈ ВЕРБА! Ако се дебатира на факти...Покажете вистински факти не некои клипчиња и цитати од Библијата или Куранот кои се смешни. Тоа не е ФАКТ. На пр. факт е дека водата е составена од H2O(два атоми на водород и еден на кислород-ИСПИТАНО, ДОКАЖЕНО!)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Со разумно ниво на факти?!?! хахахаах

Факти кои се базираат на што? На Библијата, Куранот... Јас мислев дека верниците не веруваат во факти...туку кај нив се спомнува само ИМАЈ ВЕРБА! Ако се дебатира на факти...Покажете вистински факти не некои клипчиња и цитати од Библијата или Куранот кои се смешни. Тоа не е ФАКТ. На пр. факт е дека водата е составена од H2O(два атоми на водород и еден на кислород-ИСПИТАНО, ДОКАЖЕНО!)
Ајде, докажи дека водата има хемиски состав Н2О. Живо ме „занима„ како тоа ќе го изведеш...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Исус-обичен човек што им кажал на лугето дека има и бело и црно,а они тоа го увеличиле...И то :smir:
Вино?
Да, Исус првото чуд што го напраил е да претвори околу 800 литри вода во вино на една семејна веселба
Е сега не е познато дали претвиорил бело или црно и дали направил шардоне или вранец или хамбург или ризлинг или темјаника.
Дали некој знае која врста на вино направил Исус како знак дека е син божји?
Со која сорта вино му се преставил на светот?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ајде, докажи дека водата има хемиски состав Н2О. Живо ме „занима„ како тоа ќе го изведеш...
Мики, тоа се учи во петто одделение. ...H2O е договорена конвенција за означување на соединението наречено вода. Исто како што во христијанството е договорена конвенција дека Исус воскреснал.

Така, прашањето тука не е дали е H2O, туку дали ПОСТОИ вода и дали тоа може да се ПРОВЕРИ!!!

Исто така, прашањето е дали ПОСТОЕЛО воскреснување и дали тоа може да се ПРОВЕРИ!!!

Одоговори самиот.

Инаку, мислам дека особено на овој под-форум треба да се забрани зборот ДОКАЗ. Заради тоа што е грубо злоупотребуван од сите страни.

Јас предлагам да се замени со зборот ПРОВЕРКА. Така, нема да зборуваме за тоа што може да се докаже, туку што може да се провери.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
2
Да не се лажеме, сега... колку што јас знам (а може грешам) Исус викал дека верата е интимна, дека сам ќе си се молиш, дека нема у излог со својата вера да се ставаш, дека нема напразно да го дрвиш за бог и сл.

Според ова, јас овде се наоѓам како еден од ретките на темава кој би смеел да си дозволи да пишува на овој под-форум. Оние како тебе, Маркус или Мики, мислам дека си ги надминуваат овластувањата поставени од самиот систем (покорност, тајност на молитвата, милост и вртење на другиот образ). Затоа сметам дека со секој следен напишан збор, или вратена реплика (особено мрчаторска) вие се покажувате како „не вистински“ христијани.Ова е само мое лаичко мислење.

И да нема забуни, јас воопшто не тврдам дека христијанството е лошо, ама затоа не штедам прстни мускули насекаде да упатам на страшната заблуда која ја промовираат оние кои Светата Книга ја читаат буквално и кои се обидуваат да ја прошират скепсата која со себе ја носи стравот од казната божја!!!

За мене, бог не е осветољубив и не ме чека во заседа да не згрешам, ниту пак ме чека да се ПОКАЈАМ. Наместо тоа, мојот Бог од мене очекува да научам од моите грешки и да станам подобар човек учејќи, а не плашејќи се од него/неа!

Види сега форумов не е црква па јас да се молам, а уште повеќе тоа да биде интимно. Овде секој го искажува своето мослење и она што вистински го осеќа.Мојата реплика на твојот пост беше да ти одговорам дека секој може да каже што мисли бидејки и јас како и ти живееме во демократија,а бидејки темата е од религиозен карактер се искажуваат и чувствата па без разлика дали тебе ти се допаѓале или не.
За разлика од тебе кој ништо паметно нема кажано освен „мрчаторски “работи кои се проследени со напразно „дрвење“(само не знам на што) постојат луѓе кои имаат познавање во разни области и умеат тие работи добро да ги осмислат и да ги изнесат со одредена доза на основна култура и интилегенција.
И во иднина напиши нешто што е во контекс со темата ,ако воопшто можеш да напишеш нешто паметно.
 
Длабоко се извинувам ако те повредив. Искрено, намерата ми е да полемизирам, но секако дека понекогаш претерувам. Ги прочитав тие неколку постови и гледам дека малку сум се подзанесол.

Иако мислам дека имам доста онтопични делови, земајќи предвид дека ми е омилениот подфорум, за ова се сложувам со тебе и ќе замолам за извинување. Не за содржината на постот, туку за тоа што те ставив во контекст. Точно дека формата е малку несоодветна, ама зад содржината на спорниот пост сеуште стојам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom