Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
ерм....
ја сум Христијанин
Убаво е вака да се прочита, но сепак во очите на „вистинските“ христијани ти си само еден обичен секташ. Затоа ти велам прашај ги што мислат, дали си ти христијанин... Или гностик :)

П.С. АКо ти си христијанин после вакви твои изјави, тогаш и јас не би имал проблем да се нарекувам христијанин :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.884
Христијанство и кабала?!:)
Нешто збунка си другар. Мистицизам и буквализам?!
Уопште не сум збунка.
Она што е јогата кај источните религии (на Хиндуизам мислам), тоа е Кабалата кај Јудаизмот, Христијанството и Исламот.
Езотерна и егзотерна страна на црквата - природно суштествуваат една покрај друга кај далекуисточните религии. Аврамските религии самите си ја отсекоа својата езотерна страна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Са извора два путича
Воде на две стране
Не знам којим пре би дошла
До тебе драгане...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.884
Убаво е вака да се прочита, но сепак во очите на „вистинските“ христијани ти си само еден обичен секташ. Затоа ти велам прашај ги што мислат, дали си ти христијанин... Или гностик :)
Јас ги почитувам христијанските догми исто така како што го восприемам кабалистичкото знаење.
Христијанските догми се наменети за сите верници. Тој пат е најсигурен. Тие имаат многу битна улога.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Јас ги почитувам христијанските догми исто така како што го восприемам кабалистичкото знаење.
Христијанските догми се наменети за сите верници. Тој пат е најсигурен. Тие имаат многу битна улога.
На едно место се согласуваш со ова:

SUKON напиша:
... оној кој денес има намера да навлезе во овие тајни не би требало да двои Кабала од Херметизам или Окултизам или Алхемија сето тоа оди рака под рака.​
-што е точно.

Што мислиш, како би реагирал православен христијанин на ова? Па и католик, иако они се малку послободоумни...
„Христијанските догми“ се погрешни или површни толкувања на законот, и се доволно за оние во предворјето. И доста им е и толку што им е дадено.

Како може да почитуваш погрешни и површни работи?
--- надополнето: Sep 13, 2011 6:57 PM ---
Уопште не сум збунка.
Она што е јогата кај источните религии (на Хиндуизам мислам), тоа е Кабалата кај Јудаизмот, Христијанството и Исламот.
Езотерна и егзотерна страна на црквата - природно суштествуваат една покрај друга кај далекуисточните религии. Аврамските религии самите си ја отсекоа својата езотерна страна.
Грешка... христијанските мистици и нивното неразбирање на поврзаноста на работите намерно ја отсекоа езотеричната страна. И тие станаа егзотерични иницијанти, обожавачи на мртвиот бог, а верниците беа нешто како робови, доволно да знаат за да не се мешаат во работите.
--- надополнето: Sep 13, 2011 6:59 PM ---
П.С. И еве јас, немајќи работа, ете што сум издрдорил за ова:
http://forum.kajgana.com/threads/Кабала-и-нејзината-симболика.8546/page-4#post-1363279
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Уопште не сум збунка.
Она што е јогата кај источните религии (на Хиндуизам мислам), тоа е Кабалата кај Јудаизмот, Христијанството и Исламот.
Езотерна и егзотерна страна на црквата - природно суштествуваат една покрај друга кај далекуисточните религии. Аврамските религии самите си ја отсекоа својата езотерна страна.
Можеш да провериш од две страни дека ова што го тврдиш не е точно.
Можеш да прашаш било кој христијанин дали смета дека во христијанството има езотерна страна. А можеш да видиш што вели и кабалата за тоа дали има врска со христијанството.
Погледај го видеово, посебно од 1:56 до 2:37-ма минута:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.884
Христијанството не само што има врска со Кабалта, него во суштина се едно те исто.
Да, можам и ја сеа тука да се распашам со цитати од Дион Форчн, Библија, Техути и све и свашта.
Видите другови, ја можам со вас цел ден да се расправам тука дали Христијанството има врска со Кабалата. Вие мислите си дека нема, ја ќе си терам по свое. ОК?
Работата е што не е ова темата.

А по темата, во врска со претходниот мој пост
сакав да кажам дека станува збор за спуштањето на Светиот Дух врз човекот. Така реализираниот човек влегува во мистична унија со Христос. Христос живее во него.
Во егзотерниот вокалибур го среќаваме изразот Живее во Христа.
Во алхемијата тоа е познато како алхемијски брак на спротивности.
Во Песната на Песните тоа е алегорично прикажано како вереникот и вереницата.

Павле Гал. 2.20 Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти можеш да сметаш и дека си прв братучед на Бил Гејтс, ама тоа нема да те направи негов роднина.
Самите кабалисти одрекуваат дека кабалата има било каква врска со христијанство, ислам или јудеизам. Погледај го видеото кое го постирав и ќе се увериш и самиот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.884
Ти можеш да сметаш и дека си прв братучед на Бил Гејтс, ама тоа нема да те направи негов роднина.
Самите кабалисти одрекуваат дека кабалата има било каква врска со христијанство, ислам или јудеизам. Погледај го видеото кое го постирав и ќе се увериш и самиот.
Твоето видео е памфлет на таканаречените класични кабалисти. Тие се сите исклучиво Јудејци. И Лајтман и Берг со нивните школи. Сите кабалистички школи си го присвојуваат приматот оригинални и сите велат дека има само една Кабала (нивната, lol).
Но на светот му се познати и други школи, малку постари од половина XX в. (од кога се појавија горниве класичари, нормално самопрокламирани како оригинални наследници на единствената кабала). Тука е Западната Кабала или Мистичната Кабала. Сите тие ваши мајстори на кои се колнете Метерс, Кроули, Грант, сите тие, според овие на видеово твое, се во најмала рака шарлатани.
Ако вие не им верувате дека стварно Кроули & cо. се шарлатани, тогаш зошто би им верувале во нивните јудејски ставови кон нешто како Христијанствo?
Кога веќе ја споменавме Западната Кабала, тогаш (Хептаграм верувам ќе се сложи) сигурно треба да ја споменеме Дион Форчн, како најголема фигура во таа област.
Е кои се нејзините ставови по ова прашање, нема потреба ни да дискутираме.
Е сега ти Ипсимус, повеќе им веруваш на Мадона Кабалистите, или на првосвештеничката на западниот окултизам?
 
Според одредени сознанија, Лајтман и не е баш за фрлање. Ова на видеото е чиста егзотерија, исто како и книгите на Кроули, Дион Форчн, Франц Бардон, земи види ги делата на Колин Лоу, Бенџамин Роу...

Се што ќе најдете по книгите се лушпи(бледи слики, кои мајсторот ги склопил за вас за да вие нешто разберете и почнете да работите), не знам што толку се удирате во гради и велите дека оној или овој е најдобар во некоја област, кога ако тој некој бил иницијант, секако не смее да ги издава вистинските значења на некои работи. Но духот на неиницираниот, многу лесно се фасцинира.
Дури и Елифас Леви, теолог, иницијант, не зборува ништо повеќе за таротот.

Сите аспиранти читаат книги, и мислат дека со просто размислување, ќе ги достигнат нивоата на кои биле ете тие некои си Форчн, Кроули, Леви, кои ете изгледа добро го потресле светот.
Книгите само треба да ве однесат до вратата на која треба да тропнете, а кој тропа и бара, ќе му се отори и ќе му се даде.

Кабалата, Војводо, е УСНА традиција. Оди од уво на уво. Барем битните работи. Сега ние денес што не можеме да запаметиме ни 56 стиха, а не пак една Одисеја или еден Мојсиев закон, кој ни е крив за тоа? :)
Така да, книгите, фрлете ги и најдете си некој мрсен, дебел гуру, кој што нема да ви даде ни да мрднете со прст ако тој не рече дека може, и слушајте го 7 години што ќе ве учи. Ако успеете да го „хакирате“ неговиот систем, пред да го научите јазикот на мајсторот, јас ќе се откажам од моите истражувања засекогаш :)

Кабалата е исто така еврејска пракса, како што Ји Џинг е кинеска практична филозофија. Оној Кроули(што се зборува дека е наркоман, и дете-убиец, па и пророк и магичар кој што , на такви како тебе и луѓе незапознаени ни по крв ниту пак по историска линија со езотеријата, им ја доближи праксата најблиску што можеше) дури ги спои овие системи во една кохерентна слика, доказ дека една вистина и една Школа секогаш постоела на земјата. Различни се варијациите :)

Но книгите содржат симболи, а симболите не се даваат толку лесно.

Христијаните, исламот и др ги презимаат веќе постоечките системи (не дека ги разбираат) и градат кули чии темели стојат во песок. Своето е најдобро, хрането со крв, со пот и работа.
Исламот треба да си се држи до алхемијата :)

П.С. Дали мислиш дека Дион Форчн и Кроули не доаѓаат од ист иницијаторски систем? Дали си сретнал по интеренет, во некоја книга? :)
И ако не си, дали тоа значи дека не се од иста школа?
П.П.С. И си заминавме далеку од темата, дека Исус сепак не е како што тврдат христијаните... Ниту пак му го знаат името точно да му го напишат...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Е сега ти Ипсимус, повеќе им веруваш на Мадона Кабалистите, или на првосвештеничката на западниот окултизам?
Не е поентата во што верувам јас, кажи ми која христијанска деноминација вели дека кабалата е дел од христијанството? Зошто ако навлегуваме во автентичност и во докажување кој е а кој не е оргинален и самопрокламиран, никаде не одиме.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.884
Според одредени сознанија, Лајтман и не е баш за фрлање. Ова на видеото е чиста егзотерија, исто како и книгите на Кроули, Дион Форчн, Франц Бардон, земи види ги делата на Колин Лоу, Бенџамин Роу...

Се што ќе најдете по книгите се лушпи(бледи слики, кои мајсторот ги склопил за вас за да вие нешто разберете и почнете да работите), не знам што толку се удирате во гради и велите дека оној или овој е најдобар во некоја област, кога ако тој некој бил иницијант, секако не смее да ги издава вистинските значења на некои работи. Но духот на неиницираниот, многу лесно се фасцинира.
Дури и Елифас Леви, теолог, иницијант, не зборува ништо повеќе за таротот.

Сите аспиранти читаат книги, и мислат дека со просто размислување, ќе ги достигнат нивоата на кои биле ете тие некои си Форчн, Кроули, Леви, кои ете изгледа добро го потресле светот.
Книгите само треба да ве однесат до вратата на која треба да тропнете, а кој тропа и бара, ќе му се отори и ќе му се даде.

Кабалата, Војводо, е УСНА традиција. Оди од уво на уво. Барем битните работи. Сега ние денес што не можеме да запаметиме ни 56 стиха, а не пак една Одисеја или еден Мојсиев закон, кој ни е крив за тоа? :)
Така да, книгите, фрлете ги и најдете си некој мрсен, дебел гуру, кој што нема да ви даде ни да мрднете со прст ако тој не рече дека може, и слушајте го 7 години што ќе ве учи. Ако успеете да го „хакирате“ неговиот систем, пред да го научите јазикот на мајсторот, јас ќе се откажам од моите истражувања засекогаш :)

Кабалата е исто така еврејска пракса, како што Ји Џинг е кинеска практична филозофија. Оној Кроули(што се зборува дека е наркоман, и дете-убиец, па и пророк и магичар кој што , на такви како тебе и луѓе незапознаени ни по крв ниту пак по историска линија со езотеријата, им ја доближи праксата најблиску што можеше) дури ги спои овие системи во една кохерентна слика, доказ дека една вистина и една Школа секогаш постоела на земјата. Различни се варијациите :)

Но книгите содржат симболи, а симболите не се даваат толку лесно.

Христијаните, исламот и др ги презимаат веќе постоечките системи (не дека ги разбираат) и градат кули чии темели стојат во песок. Своето е најдобро, хрането со крв, со пот и работа.
Исламот треба да си се држи до алхемијата :)

П.С. Дали мислиш дека Дион Форчн и Кроули не доаѓаат од ист иницијаторски систем? Дали си сретнал по интеренет, во некоја книга? :)
И ако не си, дали тоа значи дека не се од иста школа?
П.П.С. И си заминавме далеку од темата, дека Исус сепак не е како што тврдат христијаните... Ниту пак му го знаат името точно да му го напишат...
На ова све само ќе ти кажам:
- Може ќе ти звучи чудно, ама и јас го ценам трудот на Лајтман (па и на другиве). Сум кажал и друг пат.
- Како не спаѓаат? Кој рекол дека не доаѓаат од ист иницијатски систем? Плус, во мојот пост не реков ништо лошо за Кроули, па сега нешто Дион Форчн да ја дистанцирам...
- Исус е и како што тврдат Христијаните и каков што е во езотеријата - Тифарет... Да. и едното и другото. Совршено се вклопува.

Остатокот од постот ти е надмено читање лекции, по што си и познат.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
На ова све само ќе ти кажам:
- Може ќе ти звучи чудно, ама и јас го ценам трудот на Лајтман (па и на другиве). Сум кажал и друг пат.
- Како не спаѓаат? Кој рекол дека не спаѓаат? А во мојот пост не реков ништо лошо за Кроули.
- Исус е и како што тврдат Христијаните и каков што е во езотеријата - Тифарет... Да. и едното и другото. Совршено се вклопува.

Остатокот од постот ти е надмено читање лекции, по што си и познат.
За Кроули може да се зборува се што се сака... Може и да се повика и да се исфирка, да се претепа... Што имам јас со тоа? :) Не ми е битно што некој зборува и мисли за Кроули, јас во тоа гледам начин само да кажам јас што мислам.

Христијаните не тврдат... барем не обичните „смртници“... Погледни слободно во прашања за христијаните и слични теми... Ќе се увериш самиот. Дали се премногу млади (под 30 години) дали толку им е дадено, не знам, но навистина малку познаваат...

Последното од твоето тврдење, го зборуваат само Кроули, Форчн, Леви и слични ним, но тоа е само заради една причина. Затоа и постои темата Што е Исус, Кој е Исус Христос, бидејќи тие знаат малку :)

п.с. Навистина сум познат по тоа? Не сум знаел... Барем да се надеваме дека лекциите се ок и не се разбрани лошо :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.884
Последното од твоето тврдење, го зборуваат само Кроули, Форчн, Леви и слични ним, но тоа е само заради една причина. Затоа и постои темата Што е Исус, Кој е Исус Христос, бидејќи тие знаат малку :)
Повеќе би рекол дека тие знаат нешто, што е вистина.

Ја нигде не викам дека веројатно вака, би висел на ломача, да беше Среден Век. Но тоа не влијае никако на вистината.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
61
Salome said, "Who are you mister? You have climbed onto my couch and eaten from my table as if you are
from someone."
Jesus said to her, "I am the one who comes from what is whole. I was granted from the things of my Father."
"I am your disciple."
"For this reason I say, if one is whole, one will be filled with light, but if one is divided, one will be filled
with darkness."
62 Jesus said, "I disclose my mysteries to those [who are worthy] of [my] mysteries.
The "Scholars' Translation" of the Gospel of Thomas
 
Kajgana Shop

На врв Bottom