Според одредени сознанија, Лајтман и не е баш за фрлање. Ова на видеото е чиста егзотерија, исто како и книгите на Кроули, Дион Форчн, Франц Бардон, земи види ги делата на Колин Лоу,
Бенџамин Роу...
Се што ќе најдете по книгите се лушпи(бледи слики, кои мајсторот ги склопил за вас за да вие нешто разберете и почнете да работите), не знам што толку се удирате во гради и велите дека оној или овој е најдобар во некоја област, кога
ако тој некој бил иницијант, секако не смее да ги издава вистинските значења на некои работи. Но духот на неиницираниот, многу лесно се фасцинира.
Дури и Елифас Леви, теолог, иницијант, не зборува ништо повеќе за таротот.
Сите аспиранти читаат книги, и мислат дека со просто размислување, ќе ги достигнат нивоата на кои биле ете тие некои си Форчн, Кроули, Леви, кои ете изгледа добро го потресле светот.
Книгите само треба да ве однесат до вратата на која треба да тропнете, а кој тропа и бара, ќе му се отори и ќе му се даде.
Кабалата, Војводо, е
УСНА традиција. Оди од уво на уво. Барем битните работи. Сега ние денес што не можеме да запаметиме ни 56 стиха, а не пак една Одисеја или еден Мојсиев закон, кој ни е крив за тоа?
Така да, книгите, фрлете ги и најдете си некој мрсен, дебел гуру, кој што нема да ви даде ни да мрднете со прст ако тој не рече дека може, и слушајте го 7 години што ќе ве учи. Ако успеете да го „хакирате“ неговиот систем, пред да го научите јазикот на мајсторот, јас ќе се откажам од моите истражувања засекогаш
Кабалата е исто така еврејска пракса, како што Ји Џинг е кинеска практична филозофија. Оној Кроули(што се зборува дека е наркоман, и дете-убиец, па и пророк и магичар кој што , на такви како тебе и луѓе незапознаени ни по крв ниту пак по историска линија со езотеријата, им ја доближи праксата најблиску што можеше) дури ги спои овие системи во една кохерентна слика, доказ дека една вистина и една Школа секогаш постоела на земјата. Различни се варијациите
Но книгите содржат симболи, а симболите не се даваат толку лесно.
Христијаните, исламот и др ги презимаат веќе постоечките системи (не дека ги разбираат) и градат кули чии темели стојат во песок. Своето е најдобро, хрането со крв, со пот и работа.
Исламот треба да си се држи до алхемијата
П.С. Дали мислиш дека Дион Форчн и Кроули не доаѓаат од ист иницијаторски систем? Дали си сретнал по интеренет, во некоја книга?
И ако не си, дали тоа значи дека не се од иста школа?
П.П.С. И си заминавме далеку од темата, дека Исус сепак не е како што тврдат христијаните... Ниту пак му го знаат името точно да му го напишат...