Што ви недостига од детството?

P

Princ

Гостин
Невиноста. Не сексуалната, онаа духовната :)
Никогаш да не дознаев какви се (лоши) луѓе постојат во светов на пример.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Ми фали муабетот од сите: " Ќе видиш кога ќе пораснеш ... "
Сега никој не ми вика кога ќе пораснеш. :(
 
В

Вори

Гостин
Играњето лебаци,жмурки(на топка,на план,обични),џамија,барнато,жив.Играњето фудбал мааало против мааало,безгрижноста и скитањето по улици цел ден.
Све би дал да се вратат тие времиња,ама баш све...тогаш бев и најсреќен.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Ми фали детството, но имам среќа да си растам повторно, сега сум помеѓу 10 и 12 години :vozbud: Кaj да е ќе ме фати пубертет. За сега играм WARCRAFT (DOTA) и си купувам BRATZZ и SPACE кукли :nesvest: А вчера си ја прочитав „Малиот Принц“. Денес ја играв социјалната игра претседателски избори. Изгледа нема да се порасне така лесно :toe: A сепак ми фали мечето ушко за добра ноќ.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.519
Поени од реакции
10.280
Вероватно,уствари не вероватно него сигурно тоа шо ми фали од детството се безгрижните детски игри од сабајле до ноќ и тоа шо ич кур не те боле бре брате за ништо.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.635
Поени од реакции
14.542
Кражбите на овошје. :) Им влегувавме на луѓето во дворовите, па после ќе не бркаат, не дека ни беше нас за овошјето туку за глупостите што ги правевме за да ни биде интересно. И + сето она што кажа Давор.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.454
Поени од реакции
6.145
Покрај самото детство(и стотиците работи кои ги набројавте)кое ми недостига можам да издвојам и рено 4творката...ептен кул мењач имаше.Штета што се продаде :(.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Ах ми навреа солзи кога ми текнува. Ми фалат безгрижните денови од тогаш кога се нервирав само кога морав да мавам на жмурка, ајдуци и полицајци, кога неможев да ги поминам сите табли на тенковите на нинтендото, ми фали скитањето со другарите, ми фали тоа што секогаш бев опкружен со некој дали другарите, дали родителите, дали некои роднини, комшии, ми фалат баба и дедо(почивајте во мир), ми фали играњето на уличката со братучед ми кој си замина прерано (почивај во мир царе) , ми фали возењето на точак, ми фалат летните денови кога ги зимавме точаците и едноставно одевме низ реката што е можно подалеку за да го најдеме совршеното место за капење и пливање, ми фали крадењето на овошје низ дворовите низ мали, ми фали правењето на "бункерите", ми фали што тогаш немаше интернет и едноставно времето ми леташе ненормално аххх , ми фали свеееееееееееееее од детството. Да ти ебем лошотијата што ја донесе западот, незнаат што испуштаат денешната младина со тој ебан интернет и фејсбук.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom