Што ви недостига од детството?

Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Најжално е најдобриот период од животот не се доживува односно тоа не може да се замисли а тоа е периодот кога си бил бебе.Само на една единствена ситуација се сеќавам но и тогаш не бев бебе 3 години и неколку месеци сум имал и тогаш сум почнал да помнам ХАХХА.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ми недостигаат целодневните смеења за безвезни работи. Ми недостигаат безгрижноста и непрекинатите заеднички игри. Би сакал да се вратат моментите кога успевав да се смеам дури и кога ми беше криво за нешто.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
До некаде сеуште сум дете.Неможам да кажам дека сум пораснала многу,ама можам да кажам дека полека,но сигурно влегувам во светот на возрасните.
Почнуваат да ми недостигаат сите тие играња со моите омилени кукли,почнува да ми недостасува она време кога се ми беше рамно бидејќи не ни сфаќав што се случувало околу мене,таа безгрижност која што многумина од вас ја споменаа...
Токму сега знам што значи да се имаат проблеми,да се бориш за тоа што го сакаш,да ја пуштиш првата солза заради некој кој што си го изгубил,а навистина ти значел,сфатив дека светот не е розев,дека секогаш не не мази,дека низ него имаме тооолку многу пречки кои што ќе мораме да ги поминеме сами,без мама,тато до нас.
Научив многу работи,а и допрва ќе учам,сепак до некаде реков сеуште сум дете.Сеуште се радувам на ситните работи во животот,сеуште сакам да слушам детски песнички,сеуште сакам да се лулам на лулашките во маало...
Пробувам колку што можам да се заштитам од она кое што допрва ме чека,пробувам да уживам колку што можам во овој период затоа што детството е нешто кое што брзо поминува и никогаш повеќе не се враќа...
 
D

dh00|

Гостин
ми недостига бегањето од мајка ми кога сакала да ме пресоблече откако сум се праела лом при играње со кал.Ми недостига оној период кога сум била бебе,не дека се сеќавам,туку сигурно ми било убаво некој нон-стоп да седи до тебе,да те преоблекува,да те храни,да те бања...а ти само си уживаш и плачиш:pos2:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Безгрижност бесчувствителност и осет едноставно слободен како птица !
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Жмурка, брканица, граница, делфин, кошарка, фудбал, крадење зелени кајсии и јаболка од кај комшиите.Крадење цреши и криење по локланите грмушки.
(Без)Успешните обиди за градење на куќичка на дрво во кое сите другарчиња ќе се преселевме и уште милијарда глупости што ги имам направено...
Безгрижноста, слободата, чистотата на детското срце и невиноста на детските души..
Другите работи не ми фалат пошто горе-доле уште си ги правам.Гледам цртани, сакам лулашки, клацкалки и вртелешки, сакам носење во раце како бебе, сакам да се пентарам на тие железните за тресење теписи, и што ли уште не...:pos2::pipi:
 

●Mαrια...«3*

♥ 3 ♥
Член од
3 април 2009
Мислења
692
Поени од реакции
68
Неможам да кажам дека не сум сеуште дете, но почнувам да станувам возрасна. Како многу помала.. ми фали скокањето на ластик, жмурка, кукличките, граница, крадци полицајци, скокањето на јаже, брканица. Ми недостигаат сите работи што сум ги правела како многу мала и ќе ми останат во сејќавање. :pipi:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Ах да.
Безгрижноста.
Тие грижи околу тоа дека косата на барбиката била замрсена и нерасчешлана па се обидуваш да и ја доведеш во ред. Си ги сакам тие грижи назад,не овие возрасниве :)
 

lidu6

искусен форумџија
Член од
8 јуни 2008
Мислења
181
Поени од реакции
8
Собирањето на улица-најмногу....
Не дека сеа сме мн големи, ама излегувањето на улица е запоставено и сите тие глупости:icon_roll
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Еххх, стануем од кревет читам романче уз бурек со месо, излагам надвор и се враќам за ручек. После тоа пак излагам и се враќам за вечера. Цел ден надвор, кур ми е двор ми е, нит интернет да се замарам, нит коса да ми белее. Џамлии, народна џамија, фудбал, кошарка точаци.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
хммм да секој ден ми почнувал со осминка бурек со сирење пред телвизор со цртаните и правац надвор наа ластик со другарките во лето, сме играле народна и сите тие игри што тогаш биле актуелни ама ластик мислам најмногу, тоа ммногу ми фали, а во зима со снаките обавезно на лизгање, ахххх детство!
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
хммм да секој ден ми почнувал со осминка бурек со сирење пред телвизор со цртаните и правац надвор наа ластик со другарките во лето, сме играле народна и сите тие игри што тогаш биле актуелни ама ластик мислам најмногу, тоа ммногу ми фали, а во зима со снаките обавезно на лизгање, ахххх детство!

Емааа есасааа пипијааааа :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Имаше и мушки што играа ластик, денес тие се викаат Метросексуалци:pos2::pos2::pos2:
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ми фалат игрите жмурка, брканица, шуто дупе, долга магарица, расипан телефон, и разно разни глупости шо сме ги праеле, издишување на гуми на коли, ѕвонења по ѕвончиња по згради, ми фали тоа коа ќе отидеш у друго маало си викаш „лее кај бев“, а тоа си отишол не повеќе од 1 километар од дома :pos:. Па собирање пред влез, седење до касно и кажуење разно разни ствари, па некои од „поголемите“ ќе доеа ќе кажуваа приказни ние такви „иииии“ :pos:

Е тоа е коа имаш 10-тина години.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Mi fali krovot na Gradinkata.
Celo detstvo mi pomina na toj krov. :)
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Емааа есасааа пипијааааа :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Имаше и мушки што играа ластик, денес тие се викаат Метросексуалци:pos2::pos2::pos2:
Чекај малку, а тогаш како да ги наречам сите оние девојчиња кои не само што играа џамлии, туку и ме решаваа кога игравме на ќар?:pos2:

Како и да е, ми фали пред се' безгрижноста која ме обземаше, а потоа, нормално, сите оние детски игри и смеа низ кои ми минуваа деновите. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom