Абе па јас не сум old за да зборувам баш,во тинејџерски ппериод см ама сепак нели пред овие години тоа за мене е детство нели?Епа од тогаш ми недостасува она:трчаш трчаш трчаш низ школо.Зошто?Играте брканица бе.Или се криеш наоколу преплашено.Зошто?Играш жмурка...
Ми фали она:ти се плашиш од толкаво(ги шириме рацете)куче?И овој вика не.И ти плескаш и ако не трепне значи уствари не се плаши и одиш ти со надеж дека ќе најдеш некоја друга жртва.Ако трепне пак,трчаш како будала низ училна и покажуваш со рацете:од толкаво куче се плаши бе!!!:pos2:
И она:еј кажи фанта.И ти ќе кажеш и овој мајка ти е во канта.Па ти му викаш:е ај бе ти кажи кока кола.И овој кажува и ти:мајка ти е гола!Што има еден виц вика:циганче му вика на некое дете:Еј еј кажи пепси.И овој кажува а циганчево му вика:со мајка ти правевме секси.
И ми недостасува она броење под клупа на прсти:8+7=????Ајде прстиња,помогнете ми.
аУУ ми фали една глупост што ја правевме.На една улица широка околу 3 метри имаше жива ограда од двете страни и во неа онака дупки,а ние како деца се пикавме внатре навечер и чекавме некој да помине да го извадиме од памет.И така некој поминува и ние од двете страни:рааа!!!И бегај што подалеку.Така еднаш едни поминуваа и тоа да ти било бремена жена и ние скокаме пред неа и Раааа!!!И почнавме да бегаме,ама јас се скочанив кога видов дека е бремена.И почна да се дере таа другарка и на мене и почнав тогаш да трчам.До ден денес имам грижа на совеста,замислете нешто на детето заради нашето Раааа!!! да му било...ама тоа е...
Хахаа и ми фали времето кога си играв со песоок!!!До мојата куќа се градеше една друга и имаше многу песок.И ќе седнев ќе ги пикав нозете во него,ќе ги затрупував со песок...тие што ја градеа секој ден ме гледаа таму.
Ми фалат и тортите од кал!Многу сакав да ги правам.Ќе земам на земја ќе направам некоја форма и над тоа цветови,треба демек ја украсувам.И ќе дојдат моите од работа(баба ми ме чуваше)и јас:сакате парче торта?И што можат на дете да му речат?Викаа сакаме и јас ќе земам лист(од дрво)некој поголем и со стапче ќе одделам дел од тортата со кал и ќе им го дадам демек.А и правев сендвичи.Лебче ми беа листови од дрво,знам дека за компири оние ливчињана од едни цвеќиња што личат на сончоглед,па за маргарин така кал нешто,за сол песок и така...