До некаде сеуште сум дете.Неможам да кажам дека сум пораснала многу,ама можам да кажам дека полека,но сигурно влегувам во светот на возрасните.
Почнуваат да ми недостигаат сите тие играња со моите омилени кукли,почнува да ми недостасува она време кога се ми беше рамно бидејќи не ни сфаќав што се случувало околу мене,таа безгрижност која што многумина од вас ја споменаа...
Токму сега знам што значи да се имаат проблеми,да се бориш за тоа што го сакаш,да ја пуштиш првата солза заради некој кој што си го изгубил,а навистина ти значел,сфатив дека светот не е розев,дека секогаш не не мази,дека низ него имаме тооолку многу пречки кои што ќе мораме да ги поминеме сами,без мама,тато до нас.
Научив многу работи,а и допрва ќе учам,сепак до некаде реков сеуште сум дете.Сеуште се радувам на ситните работи во животот,сеуште сакам да слушам детски песнички,сеуште сакам да се лулам на лулашките во маало...
Пробувам колку што можам да се заштитам од она кое што допрва ме чека,пробувам да уживам колку што можам во овој период затоа што детството е нешто кое што брзо поминува и никогаш повеќе не се враќа...