Ф
Фил Ајви
Гостин
Сакам да се врати времето кога гледав Дигимон и кога правев финти си цел да бидам како Санџоку, и ми недостигаат прошетките со тета по продавници за играчки...
И јас истото би го напишал ова :wink:Ова дефинитивно е најдобрата тема, која би излажам ако кажам дека ме остави рамнодушен. Дефинитивно детството ме потсеќа како кај некој погоре што кажаа. Старото маало многу ми недостига, играње фудбал, сервис, жмурка(по можност на топка, ако тој што имаше фудбал се праеше курназ и лажеше дека му е кај баба му), џамлии на ќар, поготово на сликици за време на светско или европско првенство, па мајка ти ти прави сендвич и ти го џитка од тераса, ах тие денови не се забораваат ни по доживеан мозочен удар. По некогаш ми доаѓа и некоја солза за некои моменти, мада тешко пуштам солзи. Се во свое време си е интересно ко ќе видиш.