Што ви недостига од детството?

E

`EsCaPe`

Гостин
Ми недостига играњето криенка и слични маалски игри со другарките.

И ми недостига одењето кај баба ми на спиење.. не дека сеа не можам, али неам време.
Да, тоа ми недостига слободно време, што како мала сум го имала еден куп..
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
слободното безгрижно време
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Искрено... дедо ми Антоние :nesum: Најголемиот човек за мене.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
2.165
Поени од реакции
134
Најмногу дедо ми, потоа играњето во маало со другарите, слободното време.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.232
па шо знам... онака, не сум бил многу емоционален...бев тежок авантурист и ми беше гајле за све, но како што растев, се менуваа работите...
и дружбата со братучед ми...
 

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Тоа што сум немал никакви грижи. По цел ден си го ладев. Си гледав цртани се шлаев надвор со другарите, што и да кажеш никој нема да го земе здраво за готово. Нема проблеми, све ти е розово, паѓаш по 15 пати на ден и не ти е ништо (башка не ти се смеат луѓето). Тоа ми недостасува.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Југославија и црвениот пасош.... :)

не бе...тогаш 3-4 год имав...могу рано детство беше тоа...

Па...ми недостига едно маче (девојче) :) :) :) :)
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Ми недостига криењето пари, другарката ми недостига се дружев многу со неа, а сега ја немам видено од основно:tapp: , криењето од моите дома за да се јавам на телефон кај некој дечко....:pos2: многу работи, мирот и спокојот кој го имав тогаш .....
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Ако зборвиме за најрано детство ми фалет игрите низ малово со децава шо сеа се глеам еднаш на сто години, после негде дур бев градинка ми фалет денојте ко не сакав да го јадам гравот и му го турав на едно дебело детенце да си го изејт и двајцата бевме задоволни, после од прво до четврто денојте ко не морав олку да учам и ко одевме на излети до прва горица а мислев сме излегле од Македонија и ликовно ко не моравме да учиме кузнајт по колку страни туку цртавме чоечиња во форма на стапче...ко игравме газана во дворон, а од 5 до 8 најмногу ми фалет моментите ко станвев бесно момичиште со зовриени хормони :) е тоаш веќе стварно збеснав, ама сепак јако беше :)
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Ми недостига радоста за секоја ситница што некој ќе ми ја подари или каже, ми недостигаат 30-те барбики и нивните куќи со кои го преполнував и го трансформирав целиот стан, мастиките чунга лунга и базока , бонбончињата Пез, Студени нозе , Бушава азбука, велосипедот со помошни тркалца што можев да го возам само во парк или кај баба ми ( многу мразев што живеам во стан), стравот на мајка ми секогаш кога ќе ме пратеше во продавница, Нинтендото и Супер Марио што го играв по цели ноќи ,сите боенки и фломастери со кои го исчкртав едниот од ѕидовите во мојата соба, малите ситни шнолички што ги губев насекаде, па дури и неудобните креветчиња и цвеклото во градинка, илузијата дека кога ќе пораснам ќе бидам Пепелашка...
Ми недостига безгрижноста и чувството дека ги сакам сите и дека сите ме сакаат мене и дека светот се врти само заради мене ( иако ова понекогаш и денес го чувствувам, ама се освестувам за брзо време)...
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...Ми фали, дружбата пред се...Онаа чиста, невина дружба, без подмолности и задни намери...Тие искрени радосни детски денови...Ми фали старото друштво, жалам што не останав во чести контакти со нив...Но, најмногу од се ми фалат деновите поминати со мојот татко, сите кладилници поминати со него...Сакам да се врати тоа време...:cry:
 

.:TINA:.PINK

.:oksimoronka:.
Член од
17 август 2008
Мислења
354
Поени од реакции
16
Samo edno mi fali: koga majka mi rano na sabajle me budese so przeni kompircinja vo race so zborovite: Spanke stanuvaj ajde...
Sega nikoj ne me budi ;)
 

PepoOo

[d^.^b]
Член од
7 април 2008
Мислења
621
Поени од реакции
24
Па ми фалат другарите,кои тогаш ги имав пошто најмал бев :pipi:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom