Only*ME
Kaлимеро... :/
- Член од
- 2 август 2008
- Мислења
- 249
- Поени од реакции
- 4
Леле колку ми фали детството, посебно кога ќе седнеме со мојата најдобра другарка и ќе почнеме да евоцираме спомени од нашето доста бурно и исполнето детство. Ми фали седењето на старата кола и грицкањето на сончоглед или семки се додека не ти потече устата, играњето жмурка каде што јас ко најмала секогаш жмурев, идењето на рид и тоа по едно доста стрмно патче (незнам дали и така може да се нарече) и кога јас и она неможевме да се искачиме затоа што бевме потешка категорија па не буткаа едни одоздола други тегнеа од озгора и на крај сите среќни и задоволни си одевме дома преполни косите со земја ама нема проблем. Цело лето играјќи Камај, Ластик, Цигари итн.Крадењето на црши и праски од комшиите со стратегии правени цел ден, прскањето со вода, крвавите коленици од паѓање, учењето на техниката возење точак, првата симпатија од градинка Трајче (уште сум во потрага по него
) безгрижноста, крадеењето мастики од продавница, сакањето да се биде голем за никој друг да неможе да ти каже што да правиш...
Ми фали сеее сакам пак да сум дете бар на еден ден

Ми фали сеее сакам пак да сум дете бар на еден ден
