Леле колку работи ми недостасуваат.
Кога ќе ми текне само колку брзав да пораснам и се трудев од петни жили да пораснам,да бидам понапред од мојата генерација,да речат-зрела е за тие години.
Срање еј,срање,сега да имам 6 години...
Ми фали палентата во градинка,многубројните претстави во кои глумев,куклениот театар ,кога полневме и шиевме кукли од партали. Ми фалат тостовите од Авона и чоколадното млеко што баба ми го купуваше секој пат кога ме земаше од градинка. Ми фали каучот на баба на кој заспивав за 5 минути и кога подоцна напрсти идеа да ме покријат за да не ме разбудат,решавањето крстозбор со дедо на маса и пиењето домашно винце(добро јас пиев во чашки за ракија

) Атмосферата кога дедо ми слушаше вести во 15:00 и го пушташе телевизорот доста гласно за да не пропушти ниеден збор од тоа што кажува презентерката,додека ги чекав моите да дојдат во 15:30 да ме земат од кај нив,кога сакав да се брцкам во водата кога цела фамилија се собираше да лупи пиперки за ајвар...ее...
Не е исто,се сменивме и ние и времињата,нормално,тоа е неизбежен процес,секој ден сум кај нив,но тие остареа,а јас пораснав...во секој случај,имав добро детство,можеби осамено,затоа што брат ми подоцна дојде,а братучедите ми беа веќе големи и не сакаа да си играат со мали деца :pos2:цц кога ќе се сетам колку сум им се лутела кога ќе ми речеле -мала си
