Коленца крвави, распарталени панталони.
Ајвар и леб, убод од пчела
Играње џамија, тепачки пред зграда.
Неразделни од точак, мастика и сладолед
Симпатии и дајте музика до недоглед
Кој имал такво детство што му вреска пред очи?
Можеби секој, можеби некој.
Играње жмурки, стоп не може криење у зграда
Фазон збирање детски пошти,
Бегање од баби што караат,
Колективно фаќање вошки,
Дузина мајки што по улици не бараат.
Правење бомби од кал и војна со костени
Манџи од цвеќиња, мочање под тераси
Играње мајки и деца, народна и ластици,
На Вардар фаќање гуштери.
Кој иамл такво детство, што го слуша кога замижува?
Можеби секој, можеби некој.
Страв навечер да влезеш во влез,
Тато фрли ми го точакот од балкон,
Купете ми го најновото нинтендо.
Радости кога ќе си купиш нови старки
Бициклисти дреч со нинџа желки
Маици со м генерација натпис
Трегери, ламбади, лакирани чевли.
Лузни на лакти, дупнати глави,
Топка што летнала на трансформатор,
Немој да сте се качувале таму, ќе ве удри струја!
Си-до, златно славејче, калинка, одење во комплет
Дотерани со балон у рака
Радост за шетање надвор од населба
Јадење се што е можно на туѓ роденден,
Покани со:Драго другарче...
Не можам повеќе да пишувам, ме фаќа плачлива параноја дека сум стара
Герилец во мојот убав град
Што ми даде најчисто детство.
Фала, мамо, тато, даде, фала Скопје.
песнава ја напишав само за да ви го доловам секој момент од детството што ми фали....може да ме избришете пошто истава ја стаив и во Вашата поезија