ах да се вратам во 8мо оделение.
Многумина викат ајде да искарам школо после е најдобро но не е така, и јас сега викам ајде да поминат уше овие 2 години ке се ослободам малку сфатив дека едно време многу ке ти недостига школото ете сега многу сакам да се вратам на старите другари во 8мото оделение но тоа е тоа.
Најмногу ми недостига ЗАБАВИШТЕТО.
најмногу ми недостига дворот пошо живеев у куќа, и по цел ден бев надвор,пролет играње на трева, у зима снег.....убавини....и ми недостигање играњето жмурка со цело маало...
Море цело детство ми недостига...
Моментите кога си шетав со баба и дедо по парковите, кога одев да ловам со чичко ми, па моите играчки количиња,вовчето,мечето...:smir:
Ај доста е ќе се расплачам
Летата жими све.Нема да ги прежалам никогаш тие лета,сабајле баскет,на вруќините Лолипоп или Руменко од по 10че,поручек фудбал,вечер жмурка и граница.Онака многу просто и задоволувачки
Многу работи ме недостасуваат;
Играњето фудбал во пожарната, гаѓањето со чатали, звонењето по врати и бегање, летањето змај, пентарењето по дрва, тепачките, играчките...
Ми фали станувањето во 9 саат...појадок набрзина...и цел ден низ мало со другарите...Те фудбал...те правиме бункер...леле луге темава е ептен осетлива...ко уште да ги памтам гласовите на нашите коа не прибираа дома...најубав дел од животот дефинитвно...к*р те болеше за све.Едини проблем на паметот ми беше како да ги спасам сите кога играфме жмурка или граница...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.