Што ви е најчудно во сонот?

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Ноќеска.

Сонував дека спијам на земја... допирам со раката и фаќам цименто под мене... Сфатив дека сонувам и дека не е вистина бидејќи само си легнав во кревет....

Се разбудувам!!! повторно допирам и пак исто. Не сум на кревет... се уште не сум разбуден...

Пак се разбудувам.. овој пат сум во кревет, но не сум сигурен дали сум разбуден. Требаше да станам, малку да се свестам... :))

Заклучок: Сонував дека сонував сон :)
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Најчудното во соновите ми е што после извесно време на некој начин и ми се остваруваат.:toe:
 

x7Monster

kajgAnster!
Член од
4 декември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
6
Сонував дека сонував сон:) Мисла закон.Иначе тоа ми се имало случено и на мене, сонувам дека ми е роденден нешто тама пиво имаше, се разбудувам тропам на џамот а забораиј дека спијам у кревет.И по вториот пат се разбудив:)
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Привремена парализа после будење од сон или луциден сон (астрална проекција)

Да!!!! во тој момент помислив дека сум се парализирал, не можев ни да викнам по некого да ми "помогне" седев така укочен солзи на очи ми дојдоа од страв паника и немоќност.Никогаш во животот толку не сум се исплашил болно,многу ЈЕЗИВО искуство!

Ова ни на најголемиот душман не би му го посакал, не сум некој што се плаши многу лесно или слично, ама ваквата состојба е нешто многу тешко да се игнорира тргнувајќи од фактот дека сеуште не си свесен и неможеш да се смириш така лесно (не можеш правилно да размислуваш)
Ако воопшто размислуваш..
Луѓе не се потресувајте многу од оваа појава разбирам дека е страшно, но исто така е и нормална работа. Во текот на сонот може да се случи да се разбудиш, т.е. свесен си дека сонуваш, а тоа се вика астрална проекција. Тоа значи дека едно од енергетските тела се одвоило од физичките и твојата свест се префрлила во него (како во филмот Аватар) . Штом ви се случи таква работа - уживајте и забавувајте се.

Проблемот (кој не е проблем) настанува во моментот кога ќе се вратите во физичкото тело т.е. ќе се разбудите. Понекогаш може да се случи да се умот да ви се освести пред мозокот да го разбуди телото - затоа се случува таа привремена парализа. Како прво немој да паничарите, а како второ, најдобро нешто што можете да направите е ПАК ДА ЗАСПИЕТЕ. Затоа што следниот пат кога ќе се разбудите се ќе биде во ред и мозокот ќе ви се ресетира во нормален работен модус т.е. бета фреквенција на мозочни бранови.

А ако некој е превознемирен за да заспие, пак нема проблем едноставно причекајте додека телото повторно да се разбуди. Тоа е нормален процес - кога спиете мозокот дава команда во телото да се лачи некаков вид на анестетик, кој ви помага да заспиете и во тоа да не ви смета тоа што нешто ве буцка или чеша по телото. На мозокот едноставно му треба време понекогаш да испрати Wake Up call ако го предухитрите со неочекувано излетување од РЕМ фазата на спиење.

Се надевам дека ова ќе му помогне на некој посмирено и попријатно да го доживее ова искуство.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Најчудно ми беше кога во еден сон ме прободеа со Катана , почуствував нешто топло во пределот на раната и се разбудив. Кога се разбудив сеуште чуствував топлина , а можеби сум мислел само дека чуствувам.
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
го сонувам тоа што го посакувам, или нешто што сосема сум го заборавила или сакам да го заборавам...често сонувам работи што се случиле во минатото, стари случки тоа ми е чудно..
 
Член од
24 април 2010
Мислења
34
Поени од реакции
2
Ретко сонувам. Сонувам исклучително Кога сум опседната со нешто/некого. И што копнеам за да ми се оствари. Секој сон си има посебно значење зависи дали знаеш како да го протолкуваш. Иначе имам слушнато дека соновите се забораваат во истиот момент коа се будиш и кога погледот ке ти биде насочен кон прозорецот (светлина). :)
 
S

skywalker12

Гостин
често ми се случува да сонувам како зборуваме,пееме,се дружам со луѓе шо ги неам видено у живот.У сонов сите ги знам по име...по се...а кога ќе се разбудам ни се сеќавам на имињата ни ништо...само така на ликовите...Одам се миам очи и по 2 минути ништо не се сеќавам :))
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.497
Поени од реакции
3.502
Најчудно во сонот ми е тоа како можам секогаш да сонувам се некои глубави сонови.А многу и се чудам на тоа дека тие сонови често се вампири да ми излеваат во сонов
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Најчудно во сонот ми е тоа како можам секогаш да сонувам се некои глубави сонови.А многу и се чудам на тоа дека тие сонови често се вампири да ми излеваат во сонов
не знаев дека те мачам на сон:pos2::pos2::pos2:

шала на страна мене најчесто ми се случува да сонувам глупости кога сум под голем стрес. и искрено стварно ме изненадува како ми работи потсвеста, зашто такви работи будна не ми се ни на крај памет.:uvo:
ах да имав талент за пишување, можда некоја книга ке си напишев:smir:
исто така интересно ми е кога сонувам, и знам дека сонувам и си го продолжувам сонот на начин на кој ја си сакам:vozbud:
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Тоа што често се чуствува ко да е реално сонувањето , многу пати ми се има десено такво нешто .. Друго ми е чудно тоа што , исто на многу наврати го коа сонувам нешто , тоа да се оствари .. Сеа соновите се продукт на мозкото и нашата потсвест , а сеуште не ја знаеме целосната моќ на мозкот и потсвеста , и лично мислам дека соновите се орудие со кое нашата потсвест ни кажува некои работи кои треба да се случат или ги прави соновите да се осеќаат ко реални со цел да ни олесни на нашата психа ..
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Чуството дека е реалност.. погтово на лош сон.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Најчудно е што го сања човек што е у сон веке , фактички е сон на квадрат .
хахаххахахаххаха
 
Член од
19 јуни 2010
Мислења
14
Поени од реакции
3
Често сонувам како од една просторија влегувам во друга што би немало смисла во реалниот живот.На пример искачам од дома, отварам вратата од лифтот и всушност не сум во лифтот туку во кујна или тако нешо. Стварно безвезе а често ми се дешава да го сонувам тоа
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Чудно ми е кога сонувам нешто и наеднаш ко да паѓам у дупка и тогаш се стресувам и се будам.
Ама после одма заспивам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom