Најчудно ми е тоа што всушност секогаш знам дека тоа е само сон, било да е кошмар или пак нешто убаво. Во самиот сон додека сонувам свесна сум дека не е реално и дека наскоро ќе се разбудам.
Мене ми е најчудно тоа што немам запалено цигара и дека кога сонувам дека имам прекрасен секс, секогаш пред големиот момент се случува срање и се разбудувам...
Eве прекрасна вибрација за длабок сон без сонување -
Многу нешта ми се чудни во сон кога сонувам.
Ми се случувало да сонувам и сонувам цели приказни цели случки,а сабајлето кога ќе станам сум се чувствувала ко вистина да било.
Една од чудните работи е тоа што можам да го контролирам сонот бидејќи сум свесен дека сонувам,
пример (од реалноста): сонувам сон со некој сериски убиец и во моментот кога убиецот ме наоѓа и ме убива јас го премотувам филмот назад и бидејќи веќе го знам потегот со кој ме убива истиот го избегнувам и му бегам по што следи пак долго бегање, а нареден пат кога ќе ме најде пак така го враќам филмот и така цел сон
сон.....секогаш заборавам што сонувам, освен тие каде што сум бил вознемирен....
еднаш сонував број....шестцифрен...го запамтив......пробав неколку префикси од мобилни...и така запознав една од моите бивши девојки
Една период постојано мислев на тоа како всушност ни доаѓа сонот. И така секоја вечер кога ги затворав очите чекав да видам дали ќе можам некако да го запаметам тоа чувство или да го осетам или што и да било. Се' заврши без успех.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.