Најчудно додека сонувам е нешто кое го зборев пред некој ден со две другарки. Мешањето на сонот и јавето. Навистина ми е чудно како може во моментот кога ќе ми ѕвони телефонот, јас да сонувам дека ѕвони, се јавувам и си правам муабет. Откако ќе спуштам, сфаќам дека уствари телефонот сè уште ѕвони :wink:
Во врска со сонувањето, не ми е јасно како може да се одговара точно на прашања додека спиеме. Зар сонот делува како еден вид на серум на вистината
А нешто што најчесто сонувам е како се гледам во огледало. Позади мене се појавува човек со злобна насмевка. Јас пробувам да викам, но немам глас и почнувам да бегам. И пак, пред огледало, овој пат човекот со зацрвенети очи и злобна насмевка.