Што ви е најчудно во сонот?

Кртот

Лоботомичар
Член од
19 април 2007
Мислења
653
Поени од реакции
23
se e cudno ali njega nema tralalalalalalalal:)

Pa ima mn elementi od sonot sto moze da se protolkuvaat preku sonovnik :) ne stvarno ima mn raboti koi mi se nejasni i zacuduvacki na pr. ; paganje od zgrada i na momentot na padot razbudivanje, pa sonot trae 3do 4 casa a vo realnost do 10 min, toa sto sonuvam da mi se ostvari vo nekoj flesh ali u glavno mn interesna stvar:):zver:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Fortune напиша:
:pos:Глупаво звучи, знам.

Знаеш како се плива:) Такви движења правам со раце и нозе, но не во вода, туку во воздух:)
Аха па да де ми ту ама некако се трудам за да не паднам, и на крај ко ќе почнам да паѓам оп се будам а баш ме интересирало шо ќе се случи ко ќе допаднам :cry::nesvest::icon_razz
 
Член од
15 февруари 2007
Мислења
82
Поени од реакции
1
Mene najchudno mi e toa sho nezavisno od toa dali e koshmar ili samo obishen son kaj mene u son sekad ama sekad nekoj umira... Duri i u toj son sho mi beshe eden od najubavite :icon_bigg na pocetokot umre pola kamp... Stvarno e glupo chuvstvoto deka "si ubil" pola od choveshtvoto...:icon_evil
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Тоа што не е реален!:tapp:
 

BlAcK_MamBa

:: Living by my own rules ::
Член од
25 март 2007
Мислења
431
Поени од реакции
5
poveke pati mi se ima sluceno, koga sonnuvam, ne sonuvam eden son, tuku kako od eden vo drug vednas se prefrlaam, i kako kratki sliki nekogas mi se sonovite
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Тоа што понекогаш кога сонувам лоши работи, свесна сум дека е само сон меѓутоа не се будам туку се контролирам во сонот и се трудам да изменам некои работи. Доста чудно е и тоа што некој сон што сум го сонувала пред да речеме 2 години по извесно време пак го сонувам меѓутоа со друго продолжение.

Во било кој дел од денот или ноќта кога заспивам секогаш сонувам не се сеќавам дали некогаш не сум сонувала ништо.
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
7
Поени од реакции
0
А дали некој може да објасни зошто тоа ние сонуваме и дали сонот воопшто му е потребен на човекот?
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Najcudno vo sonot??? hmm.. Koga sonuvam i si vikam eh toa e samo son, poveke pati mi se ima slucuvano toa.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Јас ретко сонувам ама имам приметено дека сонувам само кога ќе си легнам пред зората и се некои неповрзани работи.Тогаш и не можам да спијам долго,се будам по 3 часа.
 
Г

Гоццццце

Гостин
Dzish напиша:
Не ме фаќај за збор ама мислам дека соновите траат само 8 секунди. Некој постручен ке се најде ке објасни повеќе.
Точно мислиш ! ! ! ! !

Martin$ напиша:
Една занимливост :)

Трите сона шо најповеќе се сонуваат се:

1. Кога паѓаш и притоа никако нема да падниш, кога ќе дојди тој момент се будиш.

2. Кога леташ и никако не паѓаш, а кога ќе дојди тој момент исто така се будиш.

3. Кога некој те брка или пука во тебе и сл. никогаш не те погаѓа оти се будиш :)

заклучок: Во сон не се умира :)

Хехе ова го прочитав од една книга денеска, од Сигмунд Фројд мислам дека беше. Интересна е оти ја читам :)
Јас имам одамна сонувано, како одам некаде, и некој камион или кола (не се сеќавам баш најдобро), упорно иде кон нас и не гази, и во сонот сум како здрвен . и се разбудив. И шо прајме саа?
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Ми се има случено сон што сум го сонувала поодамна,али могу пати сум мислела на него,да сонувам продолжение...
Најчесто сонувам како возам некои луди коли-најчесто црвени како да сум Ники Лауда(инаку не сум возач) во сонот и на крај трчам али никако да стигнам некаде,трчам во место...и така со денови истото...
Најчудно од се ми е што некогаш толку ме оптеретуваат соновите што пред да си легнам посакувам ништо да не сонувам и стварно-не сонувам или пак не ги паметам!
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
7
Поени од реакции
0
Пред некој ден поставив прашање во врска со улогата на сонот при спиењето. Одговор немаше. Може да се каже дека не е ни за очекување дека некој може да даде валиден одговор. Ова го кажувам бидејќи истото прашање е старо колку и човековиот род односно од како човекот станал свесен за себеси.
Денес и поред огромниот напредок во сите области на живеење на човекот, како и бројните претпоставки базирани врз основа на разните истражувања и експерименти, како со луѓе така и со животни, сеуште се на ниво на идеја или хипотеза, бидејќи не постои кохерентна теорија која може да се провери и сеуште нема прав одговор за - енигмата на сонот - , бидејќи доколку постои валидна теорија за сонот, тогаш лесно може да се одговори на многубројните прашања поставени на овој форум во врска со содржината на сонот.
Како дел од моето истражување и заклучоци во вид на теорија, а со цел да се види сегашната состојба со постојните идеи, изјави, хипотези, теории и дилеми во врска со енигмата на сонувањето, објавени во разни весници, часописи, енциклопедии и слично, како и на интернет, би ги изложил на овој форум, нормално доколку сте заинтересирани.

Како за почеток:

Од Енциклопедија

СПИЕЊЕ, преодна физиолошка потреба која се појавува периодично и се обележува со престанок на високите функции на мозокот, намалено реагирање на надворешни дразби, недостаток на волна активност на скелетната мускулатура и нивната отпуштеност: во сонот сетилата раздразливост и осетливост према надразбите се смалени, свеста е намалена и недостасува нормалната психичка активност; работата на срцето и дишењето се забавени, крвниот притисок е нешто намален; за причините за спиењето постојат бројни теории, но меѓу најважните чинители кои го предизвикуваат доаѓа заморот, посебно на нервниот систем, и влијанието на меѓумозокот (центарот за спиење); во текот на спиењето доаѓа до одстранување на причините кои допринеле до појавата на замор и обновување на функционалната способност на организмот; на возрасните им е потребно 7 - 9 часови на спиење дневно, а на децата и повеќе;

СОНИШТА, несвесна психичка состојба која се јавува за време на спиењето; базирана е на веќе заборавените или во свеста потиснатите збиднувања, односно на создавање на погрешна представа за надворешните надразби, а заради намалување на високите функции на големиот мозок за време на спиењето; отскриена личност во ладна соба сонува дека се наоѓа на снег; соништата траат кратко - неколку минути. Примитивните народи им давале големо значење на соништата - „толкувачи на соништата“.

Изјави во врска со спиењето и сонот.

- Звучи парадоксално фактот дека една третина од животот го минуваме спиејќи а уште не знаеме зашто го правиме тоа?
- Се знае како но не и зошто сонуваме?

- Зошто сонот останува и натаму една од најголемите мистерии?
- Големата биолошка енигма изгледа и се потсмева на науката. Можеби никој нема да го најде клучот да влезе во царството на сонот. Мозокот на будниот човек нема никогаш да го разбере мозокот на човек што спие и сонува. И по 50 години истражување никој не успеа да постави теорија што ќе биде кохерентна и што ќе може да се провери. Функцијата на сонот е сеуште територија што не може да се обележи. Никој не може да одговори со голема точност на баналното прашање. Зошто сонуваме? Треба ли да си заминам без да откријам?

др Мишел Жуве - неврофизиолог.

Наслови, цитати, претпоставки, хипотези и теории за сонот

- Да се изживеат потиснатите желби во текот на денот, односно соништата се кодирани со симболички клучеви - Фројд
- Сонот е физиолошки непотребен „Теорија на неподвижност“ од Реј Медис раководител на лабараторија при Универзитет во Лафбороу Англија
- Сонот има главна улога во формирање на нервниот систем
- Сонот преставува програм за јакнење на памтењето
- Во сонот ни се претскажува иднината
- Сонот е порака од боговите
- Во сонот се репрограмира мозокот
- Сонот е облик на интерна комуникација меѓу клетките
- Соништата се несвесна реакција на свесна состојба и преставува конфликт меѓу свесното и несвесното
- Соништата го оптоваруваат мозокот
- Сонот го програмира човекот
- Единствениот начин преку кој психолошкото наследство дејствува на мозокот, преку целиот живот, е периодичниот процес на сонот.
- Една од функциите на сонот е систематско репрограмирање на движењата својствени за одредена врста (човек, мачка, куче, верверица и сл.)
- Соништата се потсвена проекција на она што не можеме да го оствариме во свесна состојба
- Сонуваме за да не заборавиме
- Соништат се опасни
- Спиејќи го чуваме она што е - вонвременско
- Соништата ги поврзуваат дневните искуства и служат за нивно проширување
- Сонот го одмара срцето
- Соништата едуцираат
- Сонот ја прочистува меморијата во мозокот од непотребни записи
- Сонот е неопходен за нервната рамнотежа
- Соништата ни говорат што треба да направиме

и така натаму...

Поздрав,

П.С. Доколку има некој некоја слична изјава или претпоставка во врска со улогата на сонот слободно нека го дополни списокот!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
241
Поени од реакции
3
Најчудно ми е кога во сонот се прашувам дали сонувам, и заклучувам дека не сонувам, па кога ќе се разбудам ми олеснува кога ќе сфатам дека било само сон :). Исто чудно е во сон, кога бегаш од некого или трчаш неможеш да трчаш, туку секогаш се влечиш и одиш пополека, а сепак побегнуваш. Еднаш сонував кај шо ме згази камион голем, ме згази и одма темница, па во следната секунда се најдов во болница и се беше најдобро, па после брзо време се разбудив :)
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Најчудно ми е што не го памтам одкоа ке станам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom