Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

K

kalimer0

Гостин
Најтешкиот натпревар до сега, потежок дури и од евентуалното финале.
ПС Суеверен станав у курац...
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Најтешкиот натпревар до сега, потежок дури и од евентуалното финале.
ПС Суеверен станав у курац...
па ако ги тепаме шпанциве, може комотно да се прогласиме за прваци :D
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Македонија vs Шпанија
Фалангата против Фуријата или подобро речено Давид против Голијат.Шпанциве се неверојатна кошаркарска репрезентација.Не се непобедливи напротив,мислам дека Шпанциве се репрезентација која може лесно да се победи.Шпанците се многу компактна екипа,имаат неверојатни врни играчи и скоро на секоја позиција се многу силни.Со Шпанија не смееме да излеземе да играме кошарка,квалитетот е на нивната страна.Со Шпанците треба да умееме како да ја рушиме нивната кошарка.Според мене единствена работа што треба да ја направиме против Шпанциве е да ја нарушиме таа хармонична игра што ја поседуваат.Тоа можи да го направиме само со цврста одбрана и оставање душата на терен т.е бркање на Шпанците и борење со нив на сите позиции.Интересна работа забележав кога играа против Турција,Турците во тој натпревар ги уништија не толку со игра,многу повеќе со мозок и со срце.Шпанците во еден момент не можеја да го пратат тоа темпо и пукнаа.Така и ние треба да играме-ум и срце које ќе го оставиме на терен(такво темпо треба да се држи во целиот натпревар).
Друга многу важна работа: Не смееме да се прецениме во овој момент на еуфорија,треба да се спуштиме на земја.Шпанците се многу порелаксирани но и под мал притисок после чудото синоќа.Себеси се гледаат како фаворити а тоа е многу добро за нас(притисокот е на нивната страна).Ние пак не смееме да ги гледаме како Шпанија и да се исплашеме.Да излеземе со ладна глава (пет луѓе против пет луѓе), да се бориме до крај,да не им дозволиме да се размавтаат и да чекаме само во еден момент да се распадне нивниот систем заради неиздржливото темпо.

„Секоја репрезентација има слабости а Шпанија не е исклучок,ако успее Докузоски да ги најде тие слабости и играчите перфектно да ги казнат на мечот,тогаш сме Финалисти“

И за крај:Како Давид го победи Голијат?

 
В

Вори

Гостин
Уште сега можеме да се прогласиме за прваци.Ние сме морални победници,шампиони.Што и да се случи за мене момците ќе бидат победници.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Akо ја одиграме нашата одбрана/фаланга како во досегашните натпревари ( а не се сомневам во момците :cuc:) и ако ни тргне барем малку шутот за 3 и ни рипне просекот од рекет за 2 поени,Шпанците се готови ! Во спротива само со добра одбрана,ќе треба да се надеваме и на лош шут на Шпањолките,исто како вчера со Литванија и тука негде да се јадеме.. ја верувам и се НАДЕВАМдека конечно ќе ни проработат тројките ,редно е !
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Менување на терминот=глупости на квадрат.Нема логика зошто го сменија терминот.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.228
Поени од реакции
14.566
Реално гледано оваа репрезентација на Шпанија веројатно и најсилната европска репрезентација во последните 10 години.
Ама верувам во овие момци и верувам дека можат до уште едно чудо. Све што треба е да имаме и малку среќа која и те како не следеше на првенството до сега. Само така да продолжат и идеме на медал.
Без разлика што ќе направат тие се веќе шампиони за сите нас и со 100 разлика да изгубат никој нема да им замери.
Ако освоиме злато ќе ги тетовирам :D
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
За сите што мислат дека Шпанија е непобедлива,Турците им дозволија да постигнат само 2 поени во последната 1/4. ДВА. Се на се 57 поени.

Има причина зошто на Гасол прекар во Америка му е Gasoft...кога не оди,типот е се само не лидер.

Психички сме убедливо најсилна репрезентација,така што со подобрен шут(барем 40-45% од поле и над 35% за 3) и добра одбрана во тесен натпревар имаме сосема солидна шанса.По синоќешниот меч самодовербата ке ни биде на највисоко можно ниво за било кој спортски тим од осамостојувањето...кога можевме да ги победиме Грција/Литванија и со Русија да водиме на 2 секунди до крај...тогаш Шпанците се само уште еден противник,уште една препрека до спортска бесмртност.
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
Клучот на Шпанија по мое не е Гасол,туку Наваро!Неверојатен играч кој треба добро да се затвори!Сакам само да не потценат па да им се врати како бумеранг и како што кажа еден погоре, 5 против 5 играме!Очекувам борба на нашата фаланга како и досега и си посакувам финале,за кое си имаме добри шанси!
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.633
Поени од реакции
10.353
ако не му оди на наваро имаме шанси, ако му оди, то е то, сепак огромен успех.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556

Kajgana Shop

На врв Bottom