Македонија vs Шпанија
Фалангата против Фуријата или подобро речено Давид против Голијат.Шпанциве се неверојатна кошаркарска репрезентација.Не се непобедливи напротив,мислам дека Шпанциве се репрезентација која може лесно да се победи.Шпанците се многу компактна екипа,имаат неверојатни врни играчи и скоро на секоја позиција се многу силни.Со Шпанија не смееме да излеземе да играме кошарка,квалитетот е на нивната страна.Со Шпанците треба да умееме како да ја рушиме нивната кошарка.Според мене единствена работа што треба да ја направиме против Шпанциве е да ја нарушиме таа хармонична игра што ја поседуваат.Тоа можи да го направиме само со цврста одбрана и оставање душата на терен т.е бркање на Шпанците и борење со нив на сите позиции.Интересна работа забележав кога играа против Турција,Турците во тој натпревар ги уништија не толку со игра,многу повеќе со мозок и со срце.Шпанците во еден момент не можеја да го пратат тоа темпо и пукнаа.Така и ние треба да играме-ум и срце које ќе го оставиме на терен(такво темпо треба да се држи во целиот натпревар).
Друга многу важна работа: Не смееме да се прецениме во овој момент на еуфорија,треба да се спуштиме на земја.Шпанците се многу порелаксирани но и под мал притисок после чудото синоќа.Себеси се гледаат како фаворити а тоа е многу добро за нас(притисокот е на нивната страна).Ние пак не смееме да ги гледаме како Шпанија и да се исплашеме.Да излеземе со ладна глава (пет луѓе против пет луѓе), да се бориме до крај,да не им дозволиме да се размавтаат и да чекаме само во еден момент да се распадне нивниот систем заради неиздржливото темпо.
„Секоја репрезентација има слабости а Шпанија не е исклучок,ако успее Докузоски да ги најде тие слабости и играчите перфектно да ги казнат на мечот,тогаш сме Финалисти“
И за крај:Како Давид го победи Голијат?