Хронологија
на настаните што му претходеа на атентатот на Глигоров и на Привремената спогодба, која може фрли поинакво светло на „политиката“ што Македонија етапно ја претвора во неодржлива држава, а чии експоненти се истите добропознати транзициски ликови.
1994 година
- 10 март Љубомир Фрчкоски го разрешува Павле Трајанов од позицијата раководител на јавната полиција поради обвинувањето дека во Македонија политичкиот врв го организира и го покрива шверцот со нафта.
- 7 септември, со одлука на Владата се затворени фришоповите на границата со Србија. Истиот ден Стојан Андов ги закажува парламентарните и претседателските избори.
- 15 септември на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, Љубиша Георгиевски станува кандидат за претседател.
- 17 септември Сојузот за Македонија го номинира Киро Глигоров за свој претседателски кандидат.
- 18 октомври ВМРО и ДП најавуваат бојкот на вториот изборен круг поради изборен фалсификат (130.000 издадени државјанства за Косовци)
- 20 октомври Киро Глигоров победува во првиот круг со 52,44 отсто од гласовите, со главната порака „Името останува!“.
- 20 октомври опозицијата дефинитивно излегува од изборите и станува вонпарламентарна.
- 31 октомври Сојузот за Македонија освојува 89 пратенички места.
- 14 ноември се соопштуваат резултатите од пописот. Македонија има 1.936.877 жители, од кои 66,5 отсто се Македонци и 22,9 отсто Албанци.
- 26 ноември инцидент во „Хард рок“, но Глигоров непланирано избегнува јавна компромитација
- 28 ноември почнува „историската“ приватизација со усвојување на програмата за преструктурирање на 25 загубари
- 20 декември е формирана новата влада, во која либералите учествуваат како експерти, а за нејзиниот состав гласаат воздржано
1995
- од 1 јануари почнува да се шпекулира дека Сојузот за Македонија е мртов, а Киро Глигоров е остарен политичар што ги кочи реформите.
-Странските весници, особено грчките, редовно известуваат за непомирливите разлики помеѓу Глигоров и Црвенковски во врска со македонската државна политика.
- 7 јануари во Охрид доаѓа Ричард Холбрук
- 10 јануари почнува приватизација на тутунските претпријатија
- 4 јули Стево Црвенковски и Сајрус Венс се среќаваат во Женева
- 6 јули Стево Црвенковски оди во Њујорк, а се враќа без објаснување за што разговарал или преговарал. Грчкиот министер Арсенис обелоденува дека постојат мал и голем преговарачки пакет.
- 8 септември се одвива шатл-мисијата на Холбрук на релацијата Атина - Скопје
- 13 септември е потпишана Привремената спогодба со преамбула, шест поглавја и 23 члена за регулирање на односите помеѓу Македонија и Грција.
- 24 септември се менува државното знаме. Идејното решение на новото знаме е на арх. Мирослав Грчев.
- 3 октомври - атентат. Министерот портпарол Ѓунер Исмаил ја презема улогата на контролор на здравствената состојба на преживеаниот Глигоров и главен координатор и комуникатор.
- 5 октомври Собранието донесува резолуција од 6 точки. Се бара истрага и откривање на инспираторите и извршителите на атентатот. Владата таа обврска не ја исполнува до 1998 година.
- 10 октомври ратификација на Привремената спогодба
- 15 октомври Стојан Андов бара формирање анкетна комисија за расветлување на атентатот. Парламентарното мнозинство гласа против.
Министерот Љубомир Фрчкоски две недели не се појавува во јавноста и плаче во кабинетот над својата упропастена кариера. Тој формално нуди оставка, а Бранко Црвенковски формално не ја прифаќа. Андов дава изјава за „Дневен телеграф“ дека несменливоста на Фрчкоски се должи на неговите информации за тоа кој стои зад атентатот.
- На 4 ноември Џорџ Сорос дава интервју за „Нова Македонија“ и тврди дека има одлична соработка со Владата и со премиерот Бранко Црвенковски, но затоа нема разбирачка со Киро Глигоров. Сорос цела година предлага Македонија да се преименува во Славомакедонија. Владе Милчин добива доживотна специјална улога на истурен логистичар за потребите на проектите на Бранко Црвенковски.
- Во новогодишниот број на „Нова Македонија“ Бранко Црвенковски објавува прекинување на коалицијата со ЛП на Андов. Следува реконструкција на Владата и промовирање на Љубомир Фрчкоски во шеф на дипломатијата.
- Фрчкоски истиот месец во ПУЛС ја елаборира својата идеја за шефот на државата (Глигоров) како англиска кралица. Оваа идеја ја поддржува јавно и новоназначениот министер на полицијата, Томислав Чокревски. Црвенковски не се оградува.
1996 година
- Без опозиција, а камоли соработка со неа или некаков дијалог, на Македонија и се случуваат локални избори, генерален реизбор на судиите во сите судски инстанци по партиски клуч.
- Приватизацијата се одвива според замислата. Претпријатијата паѓаат едно по едно и по принцип на внатрешен долг кон доверителите, преминуваат во приватна сопственост на директорите на СДСМ.
- Следува и новата територијална реорганизација без јавна расправа или учество на опозицијата.
- Фрчкоски како шеф на дипломатијата почнува да зборува за нужноста да се дефинира македонскиот идентитет, односно да се допрецизира со некаква додавка.
- Киро Глигоров, иако е сè уште на сцената, е целосно политички маргинализиран. Играта целосно ја води Бранко Црвенковски.
- Стојан Андов тврди дека врз Глигоров на таков начин е извршен втор, овојпат политички атентат.
Аспенскиот институт и Карнегиевата фондација излегуваат со оцената дека во Македонија е на власт Сојузот на комунистите, кој само го сменил своето име.
Еве го текстот на Мирка во весникот.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=327&top=1&ArticleID=18988