Шокантно - анексите на сдс и грција

M

marsovka

Гостин
не ме сваќајте за погрешно но....
Сеа владее предизборие,ќе видиме после кој како што,реално мирка кењаше на Крт против Бране уште во 2006,таа е верен партиски послушник на Вмро затоа неам везе колку е реално сево ова што се збори,ако имало хитмен или ако на Европа Грујо им боде очи(реално) досега он ќе беше два метра под земја затоа не влегувајте многу во Тајни заговори филм ве молам
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Остајте ја Мирка не ви треба, таа само го посочи очигледното...

на куп стајте ги залагањата на нвото, колумнистите , па се до пресовите и јавните повици.

Македонцки, Мирка го изјавува ова ,на кого да се осврнам ?
Поентата ми беше дека ако еден новинар има увид во некакви антидржавни договори ,тогаш и политичарите МОРААТ да ги имаат истите тие документи, зошто ли до сега се ќутело тоа е единственото прашање на кое немам одговор.

За НВОто немам што да кажам ,бидејќи не го ни заслужуваат мојот коментар ниту пак моето внимание.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Тие анекси се ДРЖАВЕн а не пратиски документ (На СДСМ) и би требало да седат некаде во влада, значи не се тајна барем за сегашната влада
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Dejan];2274323 напиша:
Другата страна секогаш молчи, а молчењето е одобрување, потврдување така да... :)
Токму така.
И покрај тоа што мотивите на Миленко и Мирка за плукање по опозицијата се општо познати, и покрај тоа што тајмингот и таргетот се прецизно избрани, мислам дека во синоќешната емисија беа изнесени сериозни обвинувања кои доколку останат без било каков демант или објаснување од страна на споменатите, би оставиле сомнеж дека во нејзините теории на заговор има нешто точно.

Инаку единствена поткрепа на аргументите на Мирка беше нејзиното лично сомневање, исто како што и јас лично се сомневам во нејзините искрени намери, особено поради фактот што Бранко и го ускрати задоволството да ја лансира во дипломатските кругови.

Но како што кажав, сериозните обвинувања не би требало да останат само на шпекулации.
 

Kloshar

Kloshar
Член од
23 јануари 2009
Мислења
115
Поени од реакции
8
Ќе се изненадите ли ако кажам дека според док,видени од нашето МНР ниту бранко сдс и компанија ниту Вмро имаат било каква врска со постот на Македонцки?
Македонцки има право во тоа што го кажува постојат тие док само што потписот и преговорите беа водени од 3-ти лица(под маса продажба на Македонија како обична парцела на земја) кој што сега ни се промовираат некаде низ дијаспората бидејќи во Македонија ќе завршат како Кирче(чија што книга никој не ја разбрал очигледно),или Борис(ни крив ни дужен отвори уста кај со не требаше,ги виде тие фантоматични док)..
постојат само што кој ќе им ги земе тие док на УДБАШИТЕ?
Ја знаете ли вие моќта на постоење на тој документ,што представува во туѓи раце или во прави во овој случај? Нож на дупло сечило. Зошто?
Бидејќи во прави раце може да се докаже дека некој икс човек(не правен субјект во Р.Македонија)ја предал Македонија и македонскиот народ и дека Еладинците значи вршеле политика на асимилација спротивно на меѓународното право и на институциите на кој што припаѓа.
А на друга страна во погрешни раце би покажало колку сме глупи и како сме ја продале државата и националните интереси за некоја икс сума на пари за да може некој да си шири бизниси во КАНАДА АУСТРАЛИЈА,УСА(рака на срце за правите иселеници кој што знаат сами како се заработува лебот).
Не е ни време ни место за слични муабети јас сеуште чекам зелено светло за мојот труд и кога ќе дојде-ќе добиете доволно факти и документи за да можете да кажете Македонија е наша,или НЕ Е?
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Gledam ovde nekoj gledaat so rezerva na gore kazanoto no jas mislev deka site go znaat toa od mnogu odamna, na zalost navivacive nikako da razberat deka navivaat za izrodi sto gi nema vo svetskata istorija, pa toa e javna tajna bre luge kaj ste vie izgleda mnogu kasnite ili togas bevte so cucli vo usata a sega ste eksperti.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Остај ти на страна што лаат како бесни кучиња тие квази интелектуалци по медиумите..
....овде збориме за званичен документ кој има своја тежина...каде е!!!!!!!!!!
Македонцки, Мирка го изјавува ова ,на кого да се осврнам ?
Поентата ми беше дека ако еден новинар има увид во некакви антидржавни договори ,тогаш и политичарите МОРААТ да ги имаат истите тие документи, зошто ли до сега се ќутело тоа е единственото прашање на кое немам одговор.

За НВОто немам што да кажам ,бидејќи не го ни заслужуваат мојот коментар ниту пак моето внимание.
Мирка само анализира, таен договор неможе и нема да излезе на површина, средиле тие одамна.

Сакам да кажам спореди ги тие три точки изнесени во анализата
со повикот на официјален прес на Портпаролот Емилијан Станковиќ





1.да се преименуваат сите патишта арени и аеродроми по старо, да се сопре ос изградбата на споменик на Александар Македонски(иако има уште 16 други)истовремено дискредитирајки се напредно како антиевропско закжлавено и букефалистичко

1.државата Македонија да признае дека симболот на кутлеш како и све поврзано со античкиот период е грчко

2.немам коментар, видено, докажано покажано
2државата Македонија ке ги попречува сите чекори на Македонците од егејскиот дел за реализирање на своите човекови и имотни права.

3.пробните балони, македонски ама на кирилица па се до бинационална наставка во он
3.согласност на македонскта страна самата да се деноминира.


ТЕЗИ СО КОЈ ЗНААТ ДЕКА КЕ ИЗГУБАТ НА ОВИЕ ИЗБОРИ, ЗНАЧИ ОНИ ПО ЦЕНА НА ВЛАСТ ОДРАБОТУВААТ.

поголема потврда од нивните пресови и залагања не треба.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
ТЕЗИ СО КОЈ ЗНААТ ДЕКА КЕ ИЗГУБАТ НА ОВИЕ ИЗБОРИ, ЗНАЧИ ОНИ ПО ЦЕНА НА ВЛАСТ ОДРАБОТУВААТ.

поголема потврда од нивните пресови и залагања не треба.
А што би можеле они да одработат со 18 пратеници и однапред изгубени претседателски и локални избори ?
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Еве ви еден доказ за еден од договорите!!!!

Веке не ми е битно дали Мирка лаже или не нема потреба да ги разгледуваме тие ставови!!!
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Од атентатот се офајдија Црвенковски, Фрчкоски и Грција


Автор: Мирка Велиновска
Оцената на Стојан Андов дека македонската политика е подземна активност има посебна вредност зашто доаѓа од инсајдер што во изминативе децении е во врвот или блиску до центарот на таквите подземни активности. Ова сведоштво нема да ни помогне многу при определувањето на овие избори, ама може да ни расветли многу настани, одлуки и постапки на политичките елити од минатото што имаат тешки реперкусии за државата до денешен ден. На пример, што е она што толку цврсто ги сврза лутите противници Петковски и Андов со Црвенковски и Фрчкоски, за првите двајца да ја напуштат удобната коалициска фотелја на два месеци пред самитот на НАТО во Букурешт и да прејдат во опозиција, по цена на јавна компромитација. Или, зошто Црвенковски реши да го кандидира за свој „наследник“ човекот кого го именуваше како напуштена љубовница? Одговорите на вакви прашања секогаш се во минатото. Во случајов, клучни настани (а особено дати) за демистификација на оваа „непринципиелна коалиција“ се периодот на подготовка и потпишување на Привремената спогодба, а особено нејзината ратификација во Собранието и атентатот врз претседателот Киро Глигоров.

По овие собитија, македонската политичка сцена драматично се прекомпонира. Атентатите не се случуваат туку така и секогаш имаат конкретни политички мотиви. Во случајов со Глигоров изгледа се поклопија и грчкиот интерес (да ги оствари своите стратегиски цели во поглед на Македонија) и интересот на една група амбициозни индивидуи во СДСМ што беа спремни тие грчки интереси да ги остварат, а за себе да обезбедат неограничена политичка моќ преку процесот на приватизацијата. Во обата процеси, очигледно Киро Глигоров стана вишок (и проблем) што требаше да биде отстранет (што се повтори и со смртта на Борис Трајковски во сомнителна авионска несреќа, а откако беа изведени уставните промени во 2001 година и следуваше законот за територијална поделба, кој Трајковски се закануваше дека нема да го потпише). Заеднички именител на обата настани со далекосежни последици е што СДСМ е на власт, а државните органи се необјасниво незаинтересирани за расветлување на инцидентите. За нив никој не понесува лична политичка одговорност. Напротив, истите ликови по секој ваков чин необјасниво напредуваат или ја зацврстуваат својата политичка позиција, односно, имаат евидентна политичка и материјална корист. Дополнителна небулоза е нивното необјасниво амнестирање од страна на т.н. невладин и медиумски сектор, но и од интересот на Обвинителството и МВР.

Така, Фрчкоски, по три месеци, при првата реконструкција на Владата на СДСМ, станува министер за надворешни работи и главен менаџер на грчко-македонските преговори, а Црвенковски, по авионската несреќа на Трајковски, само преминува од премиерската во претседателската фотелја, без да понесе одговорност за кој било од двата настани.

Техничка ратификација на далекосежен документ

И тајмингот кога се случуваат настани што предизвикуваат шокова состојба кај нацијата се прецизно одбрани. На пример, Привремената спогодба беше потпишана на 13 септември 1995 година, по многу натегања, а требаше да биде ратификувана во Собранието во рок од еден месец. Така, една недела пред 10 октомври, за кога беше закажана седницата за ратификација, но и големите демонстрации во организација на вонпарламентарната опозиција (ДП и ВМРО-ДПМНЕ), на 3 октомври „случајно“ се случи атентатот врз Киро Глигоров. Нормално, за колективни шокови состојби, вниманието на јавноста беше пренасочено кон атентатот, а ратификацијата се изврши рутински, без никаква дебата. Иако имаше место за сериозно преиспитување на македонската политика во поглед на „деталите“ од Привремената спогодба, кои беа недостапни за јавноста, а носеа сериозни консеквенци за државата. Така, и до денешен ден не е објаснето како дошло до тоа македонскиот анонимен преговарачки тим да ги прифати трите дополнителни барања на Грција што биле доставени буквално на минута пред потпишувањето на спогодбата, а се однесуваат на обврската на Македонија да признае дека симболот од Вергина е грчки, дека државата Македонија ќе ги попречува сите чекори на Македонците, жртви на егзодусот, да си ги остварат своите имотни и граѓански права и, согласноста државата Македонија самата да се деноминира и на својата амбасада во Грција да запише дека ја претставува ФИРОМ. Нашата дилема денес, а во светло на непристојното и невообичаено агресивно однесување на шефот на државата и неговиот кандидат за претседател Фрчкоски по прашањето на името и идентитетот, е какви сè други обврски можеби презела македонската политичка елита што во она време водела крајно нетранспарентна политика? И, дали во ваквиот вид тајни шашми, треба да ја бараме вистинската причина за политичкиот судир со Никола Груевски, а кој ги надминува рамките во кои се одвива политичката борба помеѓу власт и опозиција. Значи, нема никаква антиквизација или букефализација на македонската политика, но можно е да постојат уште тајно преземени обврски од страна на главните транзициски ликови за кои ние ништо не знаеме и кои, во претстојниот судски процес пред Меѓународниот суд, може да станат јавно добро што ќе ги искомпромитира нивните патриотски костуми. Да не заборавиме дека грчките политичари постојано тврдат дека нивните македонски колеги им ветиле, а не испорачале!!!

Засега не ни е јасно по каква шема се случува радикалната промена на претходно резолутните ставови на Бранко Црвенковски за двојната формула, воведувањето на некаква нова реалност во старите преговори за разликите околу името, воведувањето на идентитетот во некаков голем преговарачки пакет кој од 2001 година ни го носи медијаторот Нимиц, барањето гаранции за идентитет од политички партнери и меѓународни организации, ама е реално да се сомневаме дека Црвенковски има лични мотиви зошто сака брзо да го прифатиме грчкиот ултиматум за наше самоукинување.

Симболични бонуси за Македонија

Од содржината на Спогодбата во сите шест поглавја и 23 члена се гледа дека Македонија е нагрбачена со серија рестрикции и обврски, а Грција само со признавањето на границите на државава и обврската да не го попречува приемот на Македонија во меѓународните и регионалните организации. Бонус од „преговорите“ што ги олеснуваа Ричард Холбрук и Џејмс Пердју (олеснувач и во епизодата Рамковен договор) ни е единственото македонско барање на кое „тврдоглаво“ инсистира македонскиот преговарачки тим - Грција да го симне своето економско ембарго пред потпишувањето на спогодбата. Што е апсурдно, зашто тоа ќе се случеше по основа на пресудата на Европскиот суд на која Грција беше дадена од страна на земјите-членки на ЕУ (тогаш ЕЕЗ) зашто ги нарушуваше законите за слободна трговија на Унијата. Интересно, по истата „формула“ беше испреговаран и рамковниот договор со кој на Македонија и се „гарантираше“ крај на војната и територијален интегритет, а за возврат таа се обврза од темел да го промени Уставот, односно самата да ги поништи асномските придобивки по Втората светска војна. Ако се сеќавате, при неговото донесување, парламентарниот спикер, Стојан Андов, тврдоглаво инсистираше на „бонусот“ да била разоружена ОНА пред да биде прогласен новиот устав.

Симптоматично е за Македонија дека во клучни моменти преговорите се водат толку аматерски и лузерски што не може да биде случајност дури и ако се согласиме дека имаме неталентирани или неписмени политичари кои избираат исто толку неасолни експерти. Попрво се работи за подземна активност на подземната политика, која има прецизно зацртани етапи во остварувањето на крајната цел. На пример, последниот сет грчки барања со кои се условувало потпишувањето на Привремената спогодба, македонските „преговарачи“ го прифатиле за само три минути. А ист беше случајот и со рамковниот договор за кој, интелектуални услуги даваше „експертот“ Фрчкоски по принципот - ќе ви начкрабам што сакате, а на вас е после да го избуткате.

Па сепак, и покрај овие факти кои не доведоа до „новата реалност“ на Црвенковски, двете резолуции на Советот за безбедност, 845 и 817, Повелбата на ООН и Хелсиншката повелба за човековите права и меѓународното право велат дека „преговорите за името се однесуваат само за разликите околу името, а не и за самото име“. Тоа значи дека „секоја страна си ја задржува својата позиција околу ова прашање, но тоа не ја попречува натамошната меѓусебна комуникација“. Членот 5 од Спогодбата, пак, појаснува дека „никој, па ни ООН не може да определи ново име за „втората страна“ исто како што никој не може да ја натера Грција тоа име да го прифати“. Што логично упатува на решавање на спорот преку т.н. Ирска формула. Освен ако една или двете страни самоиницијативно (а под притисок) во меѓувреме не се откажат од своите права.

Под претпоставка дека би било ептен транспарентно ако во Македонија се случи уште една „сообраќајка“ или атентат за да се елиминира и Никола Груевски како нов неадаптибилен „вишок“, се чини дека на овие избори носителите на подземната македонска политика со сите средства, методи и разработени техники ќе се борат да се одржат во живот. Имено, имаат многу што да кријат и тоа во временски распон од 1993 до 2003 година. И во тоа е суштината на нивната жестока кампања за деноминација на Македонија.









Еве го текстот на Мирка во весникот.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=327&top=1&ArticleID=18988
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
старо ветување
Епа онда гајле немај. Во наредните неколку години СДСМ ќе нема никаква политичка моќ да исполни или протурка некое "старо ветување".

Јас повеќе би бил загрижен околу тоа дали моменталната власт во наредниот период ќе одработи некое ново ветување!?
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Хронологија

на настаните што му претходеа на атентатот на Глигоров и на Привремената спогодба, која може фрли поинакво светло на „политиката“ што Македонија етапно ја претвора во неодржлива држава, а чии експоненти се истите добропознати транзициски ликови.

1994 година
- 10 март Љубомир Фрчкоски го разрешува Павле Трајанов од позицијата раководител на јавната полиција поради обвинувањето дека во Македонија политичкиот врв го организира и го покрива шверцот со нафта.

- 7 септември, со одлука на Владата се затворени фришоповите на границата со Србија. Истиот ден Стојан Андов ги закажува парламентарните и претседателските избори.

- 15 септември на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, Љубиша Георгиевски станува кандидат за претседател.

- 17 септември Сојузот за Македонија го номинира Киро Глигоров за свој претседателски кандидат.

- 18 октомври ВМРО и ДП најавуваат бојкот на вториот изборен круг поради изборен фалсификат (130.000 издадени државјанства за Косовци)

- 20 октомври Киро Глигоров победува во првиот круг со 52,44 отсто од гласовите, со главната порака „Името останува!“.

- 20 октомври опозицијата дефинитивно излегува од изборите и станува вонпарламентарна.

- 31 октомври Сојузот за Македонија освојува 89 пратенички места.

- 14 ноември се соопштуваат резултатите од пописот. Македонија има 1.936.877 жители, од кои 66,5 отсто се Македонци и 22,9 отсто Албанци.

- 26 ноември инцидент во „Хард рок“, но Глигоров непланирано избегнува јавна компромитација

- 28 ноември почнува „историската“ приватизација со усвојување на програмата за преструктурирање на 25 загубари

- 20 декември е формирана новата влада, во која либералите учествуваат како експерти, а за нејзиниот состав гласаат воздржано

1995
- од 1 јануари почнува да се шпекулира дека Сојузот за Македонија е мртов, а Киро Глигоров е остарен политичар што ги кочи реформите.

-Странските весници, особено грчките, редовно известуваат за непомирливите разлики помеѓу Глигоров и Црвенковски во врска со македонската државна политика.

- 7 јануари во Охрид доаѓа Ричард Холбрук

- 10 јануари почнува приватизација на тутунските претпријатија

- 4 јули Стево Црвенковски и Сајрус Венс се среќаваат во Женева

- 6 јули Стево Црвенковски оди во Њујорк, а се враќа без објаснување за што разговарал или преговарал. Грчкиот министер Арсенис обелоденува дека постојат мал и голем преговарачки пакет.

- 8 септември се одвива шатл-мисијата на Холбрук на релацијата Атина - Скопје

- 13 септември е потпишана Привремената спогодба со преамбула, шест поглавја и 23 члена за регулирање на односите помеѓу Македонија и Грција.

- 24 септември се менува државното знаме. Идејното решение на новото знаме е на арх. Мирослав Грчев.

- 3 октомври - атентат. Министерот портпарол Ѓунер Исмаил ја презема улогата на контролор на здравствената состојба на преживеаниот Глигоров и главен координатор и комуникатор.

- 5 октомври Собранието донесува резолуција од 6 точки. Се бара истрага и откривање на инспираторите и извршителите на атентатот. Владата таа обврска не ја исполнува до 1998 година.

- 10 октомври ратификација на Привремената спогодба

- 15 октомври Стојан Андов бара формирање анкетна комисија за расветлување на атентатот. Парламентарното мнозинство гласа против.

Министерот Љубомир Фрчкоски две недели не се појавува во јавноста и плаче во кабинетот над својата упропастена кариера. Тој формално нуди оставка, а Бранко Црвенковски формално не ја прифаќа. Андов дава изјава за „Дневен телеграф“ дека несменливоста на Фрчкоски се должи на неговите информации за тоа кој стои зад атентатот.

- На 4 ноември Џорџ Сорос дава интервју за „Нова Македонија“ и тврди дека има одлична соработка со Владата и со премиерот Бранко Црвенковски, но затоа нема разбирачка со Киро Глигоров. Сорос цела година предлага Македонија да се преименува во Славомакедонија. Владе Милчин добива доживотна специјална улога на истурен логистичар за потребите на проектите на Бранко Црвенковски.

- Во новогодишниот број на „Нова Македонија“ Бранко Црвенковски објавува прекинување на коалицијата со ЛП на Андов. Следува реконструкција на Владата и промовирање на Љубомир Фрчкоски во шеф на дипломатијата.

- Фрчкоски истиот месец во ПУЛС ја елаборира својата идеја за шефот на државата (Глигоров) како англиска кралица. Оваа идеја ја поддржува јавно и новоназначениот министер на полицијата, Томислав Чокревски. Црвенковски не се оградува.


1996 година

- Без опозиција, а камоли соработка со неа или некаков дијалог, на Македонија и се случуваат локални избори, генерален реизбор на судиите во сите судски инстанци по партиски клуч.

- Приватизацијата се одвива според замислата. Претпријатијата паѓаат едно по едно и по принцип на внатрешен долг кон доверителите, преминуваат во приватна сопственост на директорите на СДСМ.

- Следува и новата територијална реорганизација без јавна расправа или учество на опозицијата.

- Фрчкоски како шеф на дипломатијата почнува да зборува за нужноста да се дефинира македонскиот идентитет, односно да се допрецизира со некаква додавка.

- Киро Глигоров, иако е сè уште на сцената, е целосно политички маргинализиран. Играта целосно ја води Бранко Црвенковски.

- Стојан Андов тврди дека врз Глигоров на таков начин е извршен втор, овојпат политички атентат.

Аспенскиот институт и Карнегиевата фондација излегуваат со оцената дека во Македонија е на власт Сојузот на комунистите, кој само го сменил своето име.







Еве го текстот на Мирка во весникот.



http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=327&top=1&ArticleID=18988
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Ја отварам темава и си помислив дека во емисијата кај Миленко биле покажани анекси потпишани од Бранко Црвенковски...

После неколку хистерични постови, следуваат две многу логични прашања:
Каде се хартиите со потписите?
Арно ама, понатаму на темава одговор на тие прашања нема... Освен 'одговори' во ваков стил:
site go znaat toa od mnogu odamna... pa toa e javna tajna bre luge...
Не ми се верува на какви глупости се воодушевуваат некои луѓе овде на форумов!?
Убаво рече concrete:
Значи АД ХОК ОСУДИ се позната категорија, карактеристична за Нацистите, Комунистите, а сега и овие ВМР-овциве не убедуваат дека коњ за трка имаат...
Не го потценувајте македонскиот народ... Доколку тој анекс излезе на виделина, СДСМ е уништена партија, но доколку се остане само на тоа од емисијата, падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие забрзување...

Ќе ве прашам нешто за крај... Па зошто толку го кревате гласот против бившиот комуњарски режим, кога токму истите методи ги применувате и вие? И тоа многу поагресивно и многу поизразено!?
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ќе ве прашам нешто за крај... Па зошто толку го кревате гласот против бившиот комуњарски режим, кога токму истите методи ги применувате и вие? И тоа многу поагресивно и многу поизразено!?
Јас тоа прашање го поставувам веќе подолго време, но никако да наидам на издржан одговор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom