Да, ама има градска шмизла и селска шмизла. Офчаро прилично официјално ја дефинираше градската, но да го надополнам:
Шмизлите приправнички(подтип градска) се више по стереотрипот барбика што врти жвакаќа околу прстот, врти со очите и вртуцка со газето. Некад врти и околу прст некој дечко и тоа вртење и е најмило на шмизлата приправничка.
Шмизлата-мајстор, кратко Шмизла-сан, е пософистицирана и она преминува на позахтевни вештини од типот:
-Вртење на ташна, слободен стил... Може да послужи и како оружје против непријателско настроени шмизли(читај, конкуренција).
-Убедливо мрштење, плачење и кубење коси(не увек свои) по воља, ако нешто не и е по ќеф, или ќефот уште не и е исполнет.
-Запазување од прва(на облачно и од друга може) на дечкото со најбесна кола, најак мобилен, и најака функција на родителите.
Селската шмизла ипак е селска, иако скоро сите селски шмизли аспирираат кон градска. Сепак, да се биде селска шмизла има свои предности, пошто и расен трактор, три четири музни крави и четврт стадо овци се доволни за да ја задоволат...
Секоја барем малце амбициозна шмизла сонува да стане спонзоруша. Кога ќе си најде колку толку стабилен спонзор, со стабилен фонд за спонзоришење, шмизлата-мајстор автоматски преминува во: Спонзоруша I дан.
Ама тоа веќе не е во полето на шмизлологијата како научна дисциплина.