СпаЈдеР напиша:
Дали ако носам облека која била во мода пред две години кажува дека сум јас неинформариан насекаде?Дали ако носам облека во која ми е удобно,но не се вклопени боите означува дека не сум интелегентен бидејќи сум склопил темно зелено со црвено?Знам дека ја сакаш модата и дека мислиш дека има важен фактор во животот а и многу други девојки така размислуват,но ете јас со тоа не се сложувам...за да не го должам постов уште педесет реда ќе ти кажам само меѓу али и кажува да ставиш мислам дека бидејќи не секој се сложува со тебе...:helou:
Жалам што ќе морам да речам дека твоите наведени примери немаат врска со она што го кажав јас.
Да ти појаснам?
Првиот пример:
СпаЈдеР напиша:
Дали ако носам облека која била во мода пред две години кажува дека сум јас неинформиран насекаде?
Не. Ако ти имаш свој оформен стил(не само на облека,туку и на се поврзано со тебе) и си изграден како личност,нема да те интересира дали тоа воопшто се носело пред 2 години или пред 5.
И колку да знаеш,модата се врти во круг и тешко еволуира.За оној што има стил,ќе го интересира само дали му е точно по големина или дали му одговара бојата на фазонот во кој се наоѓа моментално и на сегашниот вкус. :smir:
Вториот пример:
СпаЈдеР напиша:
Дали ако носам облека во која ми е удобно,но не се вклопени боите означува дека не сум интелигентен бидејќи сум склопил темно зелено со црвено?
Не,не значи.
Сите гледаме со различни очи,така да она што тебе ти се допаѓа,на друг нема,а она што тебе не ти се допаѓа на трет ќе му се допаѓа и различно. А за боите пак,воопшто и не можеме да дискутираме. Онаа комбинација што ти си смел да ја склопиш,па макар и да е ексцентрична,мене може ќе ми изгледа сосем во ред,а на трет ќе му се лоши. Ствар ограничености,ствар смисао за мода и ствар креативности :smir:
П.С Комбинацијата темно зелено со црвено е сосем добра.
И друга работа..
Модата не е само способност да ги склопиш убаво парчињата облека или да направиш добра комбинација на бои,а стилот не е само да се облекуваш ”интересно’’.
Модата е креативност,а стилот е нешто што подразбира начин на искажување на креативноста,начин на живот,начин на поглед кон светот,твој,сопствен,личен :smir:
Затоа е речено дека облеката кажува многу за човекот.
А ти и јас ќе ја гледаме таа облека од различни гледни точки,ти нема да се сложуваш со мене,а можеби ни јас со тебе. Ти ќе мислиш дека јас како и многу други девојки гледам на модата како купување парталчиња и следење слепо на трендот,а јас ќе ти кажам дека не си во право,бидејќи за мене модата е уметност :smir:
Понатаму за ова,дискусии на Мода и Убавина. :helou: