Едно лице, болно од шизофренија, може да има халуцинации (најчесто слушање на гласови), илузии (најчесто, од бизарна природа)и неповрзано размислување и говор. Аудитивните халуцинации често можат да бидат проследени со чувство на зуење во главата. Последното може да биде од неповрзаност на мислите, до нејасно поврзување на реченици, што, во потешките случаи е познато како “салата”. Болниот од шизофренија е често неразбирлив што зборува, а и не ги разбира самите луѓе кога му зборуваат. Често доживува симптоми слични на жаме ву (обратното од дежа ву), т.е. не приметува работи што се случуваат околу него и не ја приметува, или не ја проценува точно ситуацијата во која моментно се наоѓа, "не ја приметува" во смисол дека не е целосно свесен за ситуацијата во која се наоѓа или работите кои му се случуваат. Често е брз (т.е. многузборлив) и невнимателен во зборувањето, слично и при
Туретов синдром. Понекогаш имитира негативни однесувања што ги забележува кај другите луѓе, итн. Некои од првите знаци на шизофренија е кога болниот чувствува дека е омразен на другите, дека некој му мисли лошо, дека некој кова завера против него и сака да му наштети, дека некој му го контролира умот со електромагнетни бранови, на пример. Потоа може да развие параноидни идеи, идеи за величина, и да се претставува дека е некој кој не е, итн. Понекогаш смета дека и неговите најблиски сакаат да му наштетат, при што се појавуваат и форми на агитација и агресија, итн. Социјалното повлекување, запуштеното облекување, неодржувањето на хигиена и губењето на мотивација и чувството за расудување, се чести во шизофренијата. Често, постојат забележителни емоцијални пречки, на пример, недостаток на одговорност. Нарушувањата во социјалното сознавање, како што се симптомите на параноја, се поврзани со шизофренијата; најчесто се јавува социјална изолација. Во еден редок подвид на шизофренија, лицето може да буде молчаливо, да останува неподвижно во бизарни пози или да се вознемирува без причина - знаци на кататонија.
Крајот на адолесценцијата и почетокот на зрелоста, критичните години за социјален и професионален развој на човекот, е најризичен период за појава на шизофренија. Во 40 % (кај мажите) и 23 % (кај жените) од случаите, шизофренијата се јавува пред 19- тата година. Со цел намалување на нарушувањата во развојот поврзани со шизофренијата, во последно време, големо внимание се посветува на идентификување и лекување на почетната фаза на болеста, која може да биде откриена до 30 месеци пред појава на симптомите. Оние кај кои се развива шизофренија, можат да почуствуваат минливи или самоограничувачки психотични симптоми и неспесифични симптоми на социјално повлекување и раздразливост во текот на продромалната фата (појавата на првите симптоми).