Јас се зезнав на сличен начин, така што купив хибриден апарат Canon S5 IS.. и за многу брзо време кога се заинтересирав и научив повеќе ствари, сфатив дека сум згрешил а и тоа многу скапо. Сега ми е опција да го продадам и да земама DSLR. Но како што велиш, кога ќе имаш фул фрејм на некој начин имаш еден оптимален максимум како во квалитет така и во користење разни објективи и максимално нивно искористување. Сум размислувал и јас за 5D, вреди да се инвестира, затоа што колку и време да помине сепак е фул фрејм. Баш ме интересира, колку време го имаш ти апаратот, што ти недостига за да земиш фул фрејм, а и за што го користиш, дали е само хоби или на друго професионално/комерционално ниво..?
Поздрав.
Поздрав.