Швеѓаните уплашени: Балканските фанови се брутални!
14.01.2012.
Врие и во Шведска пред утрешниот старт на ЕП. Швеѓаните знаат што ги очекува утре на трибините во салата „Чаир“ во Ниш и затоа се многу внимателни во поглед на прогнозите и очекувањата. 4000 македонски фанови кои ќе ја наполнат арената во Ниш ќе бидат вистински пекол за „викинзите“ кои и досега, велат, имале можност да ја почувствуваат балканската навивачка атмосфера.
„Уф, таму се навива брутално. Балканската публика знае да направи фантастична атмосфера и навистина тоа е една посебна атмосфера во која тешко се игра“, вели Магнус Андерсон, легендата на шведскиот ракомет. Екс-голманот на Швеѓаните, Петер Генцел, вели дека балканците се фанатици, кои не ретко знаат да излезат и надвор од границата на нормалното однесување.
Лошо искуство со арената во Ниш има и сегашниот селектор на Шведска, Ола Линдгрен. Тој вели дека во далечната 1988 година со екипата на Дрот гостувале во Ниш и играле пред неверојатни 8000 гледачи. Атмосферата била пеколна, чадот неподнослив.