Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
VS.
Долго очекуваното Европско првенство во Србија 2012 од страна на Македонската јавност, а исто така и од ракометарите, конечно утре ќе започни, па сите се надеваме дека повторно ќе им се вратиме на победите, на тие што навикнавме изминатово лето во Литванија од страна на кошаркарската репрезентација.​
Успехот на нашите кошаркари ја подгреа атмосферата кај нас, па така ова првенство ќе го дочекаме максимално подготвени и со многу големи очекувања (што и малце е пре оптимистички), барем ние симпатизерите на овој спорт. Ракометарите и немаа така добри подготовки како што треба да има една репрезентација од Европскиот врв, но за тоа треба другите да размислуваат, а не ние.​
Првиот меч на првенството ќе го одиграме против четирикратниот европски шампион, репрезентацијата на Шведска, која и не е така моќна како што беше на почетоците на ова натпреварување, но имаат млада и надежна репрезентација, која на СП кое се одржа кај нив ланската година, го освоија четвртото место, колку е тоа реално ќе видиме на ова првенство. Па така Македонската репрезентација ќе нема лесна задача за да ги совлада и да го приреди првото изненадување на првенството, но сите се надеваме барем ако ништо друго ќе пружат добар отпор, ништо чудно и со подршка од трибината во салата Чаир во Ниш да дојдат и до победа..​

Инфо за првиот противникот на нашата репрезентација

Шведска на досегашните првенства нема учествувано само на едно, на тоа одржано во Швајцарија 2008 година, но и без тоа, ја прави една од најдобрите репрезентации на стариот континент.​
Шампиони се од првенствата во 1994, 1998, 2000 и 2002.
На овој шампионат не доаѓаат со најсилниот состав, но во составот имаат играчи кои играат во најдобрата лига во Светот, Бундес лигата.. Ѕвезда во овој состав и најдобар играч им е Ким Андерсон, од овој играч се очекува многу на овој шампионат, за него може и последен, па нашите голмани ќе си немаат лесна задача со него.. ако него му е денот, лошо ќе биди за репрезентацијата наша, се надевам дека на Борко и на „Диви“ ќе им тргни уште од почеток на првенството па нема така лесно да постигнува погодоци Андерсон. Покрај Андерсон ќе биди и Даниел Додер, на споменатото последно СП беше најдобар десен бек, па и од него ќе следи опасност по нашиот гол.​
Во тимот ќе им фали Јонас Калман, што е добро за нашата репрезентација, а не толку добро за нивната.​
Селектор/и на репрезентацијата на Шведска е двоецот Штефан Олсон и Ола Лингред.​
Информациите за нашата репрезентација мислам дека сите ги знаете, па да не го тупам премногу со нив. Најмногу се очекува од капитенот Лазаров, тука ќе е и Наумче Мојсоски, подпомогнат од Миркуловски и од 3000 публика во Ниш, која се надевам ќе им ја дај потребната подршка на нашите ракометари, па да направиме еден значителен резултат и да не се задоволуваме со пласман во втор круг.​
Но чекор по чекор..​
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Е во оваа група ни ти Види Фотосе,ни никој не ни помага.Не очекувам ништо да направиме,ќе не тепаат со минимум 15 разлика.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Прв на голот за македонија треба да застани ДИВИ
Ке се крени со публиката со атмосферата да фати одпрвин 2-3 топки со ред готово заминаја Шведска пола работа завршена ќе е
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Прв на голот за македонија треба да застани ДИВИ
Ке се крени со публиката со атмосферата да фати одпрвин 2-3 топки со ред готово заминаја Шведска пола работа завршена ќе е
Озбилно ова?
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Се надевам само дека нема да се пцујат нашите репрезентативци, после евентуален неуспех. Знам дека сте/сме во еуфорија после ЕП во кошарка и сите очекуваме огромен резултат. Али треба да се иде чекор по чекор. Уште не знаеме на кое ниво е репрезентацијата и колку сме способни да се носиме со притисокот. Не знам што би искоментирал за натпреварот, затоа што Шведска ја немам гледано можеби 2-3 години и немам појма во каква состојба им е репрезентацијата, иако скандинавицете секогаш важеле за добри ракометари. Можам само да се надевам дека ќе изиграме храбро, борбено и на чело со Кире стигнеме до победа. Секако, потпомогнати од „домашната“ публика.


Идеме на победа!
 
K

kalimer0

Гостин
Една скромна победа и лудување во салата, ќе биде супер почеток(y)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.656
Поени од реакции
4.298
Од една страна се радувам што Шведска игра со послаб состав против кој реално имаме голема шанса за победа али од друга страна ме плаши нашиот синдром на изгубеност на дебито. Не знам што им е на нашиве али првите утакмици секогаш ги играле најслабо, сетете се на почетокот на минатото светско со пораз од Тунис и почетокот на кошаркарите на ЕП 2011 со пораз од Црна Гора и на ЕП 2009 поразот од Грција на стартор со 32 разлика. Се надевам дека ракометариве имаат и добар психијатар во тимот затоа што тоа е неверојатно битна работа за секој спортист. Ако се биде во ред мислам дека реално можеме да се надеваме на победа на стартот и да тргнеме по максимални 4 бода од групата (y).
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Прв на голот за македонија треба да застани ДИВИ
Ке се крени со публиката со атмосферата да фати одпрвин 2-3 топки со ред готово заминаја Шведска пола работа завршена ќе е
А ако не фати „отпрвин“ 2-3 топки !? :) Ако првите фатени топки му се после 20 минути !?

Не е Дивиот за од старт...

ај со помин нека е, утре ќе пишам подолго мислење со моите очекувања...
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Е ај со лесно нека е. :D
Ракометната треска почнува :pos: :)
Утре ќе треба да трчам од работа у некоа кладилница за да гледам....
Со среќа нека ни е, па да ни тргне годинава на арно да славиме и со ракометарите. :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.664
Поени од реакции
35.310
Клучен за победата ќе биде Види Фотос,,,
Види Фотос утре после победата те прогласуваме за вечен отварач на сите првенства;)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Успехот на кошаркарите, дочекот и славјето што се дешаваше на плоштадот мислам дека ќе им биде огромен мотив на ракометарите, верувам дека ќе дадат се од себе и дека ќе победат.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ма кој сака нека пише,не победуваме утре,па незнам шо да е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom