Чудни македонски зборови

Член од
4 август 2017
Мислења
40
Поени од реакции
22
лапацало - некој што много зборува, но ништо не кажува - дрнкало, устатник.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Наикрен - “нафрлен“, исипен со ситни брунчиња како сипаници. Слично на :
Намовнат - наежен, слично на :
Накострешен...
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Шома, слаба ракија што истекува на крај што не е за пиење туку за прозори бришење и сл:D
 
Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
107
кога се вари ракија течет:
првак, пивка и патоки(шома).

Од патоки може да се препече нова ракија.
Сека вечер по 200 г. на трафопостот со другариве и спиеш како банјан со топла вода.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
19
Поени од реакции
12
Линдра - Лисица
Кидна - Си отиде
Тумба - падна
Гони - трча по нешто
Пер - Убиство .
Скорна - Дигна
Пипа - чичкај
Лом - неуред
Урнебес - Неуред
Ѕвекни го - Удри го
Ѕвери - Гледа како чудовиште
Ѕуница - Виножито
Нана-спие
Дреме - спие за краток период
Еве неколку што ми текнаа и што сум читала по стари книги.Нај ми е интересно за користењето на буквата Ѕ ,затоа што ја има на интересни места, Ѕврцки,Ѕвоно,Ѕид,проЅИРно,Ѕвер,Ѕвекна,Ѕвер,Ѕвереш,Ѕуница.
Како да ми е поврзано со некое старо божество,што било како Монструм,се понашало како животно и гледало така,имало големо очи и било насилно, ама и невидливо?! (проѕирно). LOL !
ИНАЧЕ, Перде не е турски збор.Затоа што Пер го имаме во ПЕРдув,ПЕРка.Што може да покажува на нешто многу тенко и речиси проѕирно.
Исто така и Урнебес ми е слично на УРАНЕБЕС?
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
232
Поени од реакции
31
очигледно,некои Македонци не си го познаваат јазикот и зборовите од истиот.

поради тоа,потребно е кој може и знае,да придонесе....

да започнеме со зборот
Копиљ
овој збор денес во нашиот јазик го изгубил навидум значењето кое го имал порано.
Порано означувал дете сирак на некој загинат јунак,но денес има сосема поинакво значење,иако етимологијата дете е останата.
На некои им се крева косата (и патем си замислуваат декаа се којзнае што) на главата кога ќе го прочитаат овој збор (па ете и санкции).

Зборот Копиљ на Балканот некои (Романците и Власите) си го присвоиле како збор за дете,иако нивниот мајчин јазик е вулганиот латински Vulgar Latin
што е навистина чудно,бидејќи на латински зборот дете parvulus, liber, genus па зачудува како и кога бившите римски поданици го земале овој збор...
веројатно,децата на римските поданици немале сите татковци загинати јунаци....
зборот Копиљ можеби доаѓа од прастариот збор со корен copi-=akOpilam sto znaci name of a Vais2n2ava shrine in Karnu1l ili ima i drugi znacenja kako naluten,sjaen i t.n.

реков можеби,бидејќи во ИЕ јазици тешко му се наоѓа корен и веројатно има корен оттука.

заклучок-не рчкај (во зборовите) и не се "крсти" со нив кога незнаеш......
очигледно,некои римски поданици не се староседелци,кога го немаат овој основен збор од својот речник на латински....
Ајде не си тупете мозок за џабе, еноставен е одговорот, стар словенски израз, балкански, кај нас во Мичурин е стандард, прифатен од Српската окупација, и означувал на времето, - дете без татко, дете на немажена жена, на кое не му се знае таткото, како што кај кокошките не се знае кој петел, на кое пиле му е татко („Као пилад“ - (српски)) Меѓутоа, повеќе од 60 години во Мичурин, има сосема друго значение, кое ден денес се употребува, со горе-доле НЕнавредлива конотација, кон помлади по години лица, како на пример: „Иди Копиљ, купи ми цигари“... А, она ако мислите дека Римјаните и власите се постари од Нас и Србите на Балканов...и нивните јазици се природни и прастари...сте се заебале, многу...спремни сте за Масони...(А знаете ли каде е Мичурин?)
 
Член од
12 април 2018
Мислења
29
Поени од реакции
27
Дедо ми од осоговскиот крај употребуваше исто фанела .
Во некои села во Источна Македонија за пченка се користи мумуруска или царевка а за мисирка не знам.[/QUOTE]
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Шулупулу = некој што не е баш “точен“, некој човек малку забеган. “Тој човек е малку шулупулу“
Шерепере = некој што чудно, несигурно оди при одењето или во зборувањето (неповрзано говори), односно се :
Шантра = не оди во еден правец, туку оди како пијан човек - малку налево, малку надесно, се клати при одењето.
Пемпере = некоја направија, нешто направено, изградено, некоја алатка, нешто од тоа наброеното но кое е со непознато оригинално име...
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Мене отсекогаш ме интересирало од каде во нашиот јазик доаѓа зборот „шише“. Не се користи во ниеден друг балкански јазик, ниту пак е сличен на другите балкански зборови за истата работа.

Друго, ме интересира што конкретно значи зборот „бакрачи“.

Пример:
- Добивте ли пари?
- Какви пари, какви бакрачи. Не добивме ништо.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
“Шише“ наводно е турски збор (имаше и турска фирма со име “Шише џам“која ја купи скопска стаклара, ама колку што знам ништо не направија), ама дали е оригинално турски збор може да каже некој поупатен.
Бакрач е бакарен котел. Како дошла таквата примена на таа именка во Македонскиот јазик навистина е невозможно да се открие :)
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.425
Поени од реакции
572
“Шише“ наводно е турски збор (имаше и турска фирма со име “Шише џам“која ја купи скопска стаклара, ама колку што знам ништо не направија), ама дали е оригинално турски збор може да каже некој поупатен.
Бакрач е бакарен котел. Како дошла таквата примена на таа именка во Македонскиот јазик навистина е невозможно да се открие :)
шише (тур: şişe), од отомански турски شیشه‎ (şîşe), од персиски شیشه‎ (šiše)

бакрач (тур: bakraç), од отомански турски باقراج‎ (bakrac, "кофа од бакар"), од باقر‎ (bâkır, "бакар") + آغاج‎ (ağac, "дрво")

Мислам дека е многу јасно кога, во кој период од 500 години овие зборови доаѓаат.[DOUBLEPOST=1528323763][/DOUBLEPOST]
Мене отсекогаш ме интересирало од каде во нашиот јазик доаѓа зборот „шише“. Не се користи во ниеден друг балкански јазик, ниту пак е сличен на другите балкански зборови за истата работа.

Друго, ме интересира што конкретно значи зборот „бакрачи“.

Пример:
- Добивте ли пари?
- Какви пари, какви бакрачи. Не добивме ништо.
Шише го има на бугарски и се користи секојдневно, како разговорна форма на "бутилка".
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Шише е и кај нас во употреба. Дали Турците/Персијците го имаат како оригинално свој збор, или го усвоиле од Византија кога ја освоиле и од околните земји (како и многу други зборови) тоа не би знаел да кажам. Скоро сигурно е дека Турците како номадски народ многу малку е веројатно дека имале, уште помалку произведувале стакло и стаклени шишиња (кои ги имало уште во стариот Египет - во зората на човештвото, можеби и порано).
Бакрач е само изведеница од зборот “бакар“. Бакарче, бакарно и сл. Порано се користел зборот “мед“, “мјед“ и сл. за именување и на бакарот и на месингот. Подоцна (и тоа во поново време) е заменет тој израз со поимот “бакар“ (турски : “бакир“). Дали и тој е турски/персиски збор, или и тие го превзеле од некого - и тоа не знам...
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
матрапаз - џамбаз, трговец,
сурла ти тутурла - ако си тврдоглав, пати
тамаќар - скржавец
тезгере - носило со штици
мамлаз - глупав одвратен човек
палучка - глава од пенис.
јагурина - синоним за кисело... инаку зелено горзје што и на крај на сезоната не е созреано
 

Kajgana Shop

На врв Bottom