Ние сме некој вид на енергија која постојано кружи и преминува од еден вид во друг.
Многу ме радува што некој реално го согледал светот
Evoluiras umstveno ama kaj nekoj tipovi na luge e zastanata i taa evolucija momentalno pocnuvat da odat nanazad.
малку да те поправам, тие не идат наназад, туку и тие напред еволуираат само во друга насока, која насока ќе се покаже како најспособна да се адаптира кон надворешните промени, таа ќе опстане другата полека ќе изумре.
Дарвин во "Постанок на видовите" барем 800 пати вели дека се работи само за теорија. На вас останува да изберете дали сакате да велите дека сте од мајмун.
Јас велам дека сме божја креација.
Точно тое е теорија и таа денес е многу допрецизирана и денес посто модерната синтетичка теорија на еволуција.
И сега малку лекции по дефиниции за да не дојде до забуни.
Хиптеза, е претпоставка која нема никакви материјални докази, во науката како докази најќесто се експерименталните докази кои кога се изведени од поваќе различни луѓе на различни места, пак го даваат истиот резултат.
Секоја Хипотеза која ги има овие материјални докази преоѓа во теорија. Значи Хипотезите можат дефиниционо во теории да прејдат само во материјалниот свет. Под материјален свет се подразбира свет во кој се работи со опиплива работаи одноасно законитости под кои подлежат сите физички тела и полиња.
За настанокот на животот на светов има повеќе хипотези едноата е дека господ ја создал, другата е дека еден жив организам односно бактерија била импортирана на земјината топка со што под поволните услови се развил целиот жив свет, или пак поради сложените хемиски реакции кои биле иницирани од релните услови на земјата пред 3,5 милиљарди години доаѓа до синтетизирање на сите потребни механизми на една сложена хемиска реакција која се репродуцира и продолжува да трае, а која ние ја викаме жив свет.
Последниве две се поткрепени со еволуцијата, која исто така била за време на дарвин хипотеза, но поради огрмниот број на докази денес предефинирана е како теорија.
Хипотезата за тоа дека животот на земјата и човекот биле создадени од господ останува во материјалниот свет хипотеза, бидејќи за таа хипотеза не постојат докази во материјалниот свет.