Ова што го пишувам не е сеирски пост, јас сум мртов сериозен, и ова ми се случи пред една година. Што се деси? Како мал го повредив коленото, и имав вода, ама на време не реагирав, не ми сметаше, и повредата застарела, а водата си стои во колено. После 2ипол години мачење по болници во Скопје по експертски мислења, и такозвани стручњаци за местење на колена, не видов никаков аир. Водата не ја снема, болката при промена на време сеуште беше во мене. Се така беше до денот кога татко ми дојде дома, и ми рече да се симнам пред зграда еден дедо да види дали може да ме лечи со космичка енергија. Првпат кога чув си реков, абе ајде глупости, што е тоа, како досега не сум чул за такво нешто а упорно го барам лекот. Али се симнав, дедото ме праша како се викам, ме фати со раката за болното колено и нежно помина со една рака над него и ми рече - Да, ќе можам да те излечам.
Веќе од следниот ден почнав да идам кај него, и зборувавме многу, за мене, за мојот живот и општо, ми рече дека сум полн со негативна енергија, и додека не ми ја избалансира енергијата неможе да ме лечи со космичка енергија. Јас седев немо и одговарав искрено на се што ќе ме прашаше, кога ќе се фоксуриаше седнат, со замижени очи, го фаќа коленото со прсти и со двете раце оформујва круг на коленото. Јас чувствував како жмарци во коленото да ме проаѓаат, како некоја мала струја да ми струи, и јас се фокусирав на тоа што повеќе да осетам, он ми рече дека така сум ја примал таа космичка енергија.
После неколку третмани, мене коленото ми беше како пред да се повредам, најнормално, исто како и десното кое беше здраво. Првин не ми се веруваше, и самиот себе си се убедував дека се случи чудо.
После ми се деси навистина чудна работа, откако левото колено си беше нормално и здраво без вода, одеднаш истиот случај ми се префрли на десното колено, ама овојпат без да се повредам или шинам, значи буквално од ништо ми се подува десното колено со вода. Поради обврски се одложував да идам кај дедото, и еден ден се решив да идам, и отидов се договоривме за идам кај него у понеделник у 16ч зошто тогаш примал највеќе енергрија и најдобро ќе можел да ми ја пренесе. Се тоа добро, јас едвај го чекав понеделникот, кога во неделата натуро тој починал.
Много се изнервирав, потресов, затоа што за мене беше како Бог, човек кој после години лутање по болници и мислења и кревање на раменици ме излечи сега веќе го нема.
Оттогаш навака, пак почнав да се полнам со негативна енергија, многу сум нервозен и анксиозен, лесно избувнувам и тешко се контролирам, како да немам душевен мир, мир со самиот себе. После многу размислување и пробување да се смирам, едноставно не ми оди. И затоа решив малце да истражувам на темава за Чакри, медитација, и космичка енергија. Сакам што повеќе да научам и да почнам самиот да медитирам и да се лечам ако е можно.
Дедото ми објасни многу убаво за космичка енергија, дека таа била за сите, дека сите можеле да ја користат и да ја пренесат на други, он ми рече, ти не се секирај, јас ќе мислам на тебе и ќе ти праќам енергија кога ќе имам вишок. Ми збореше дека може да ја стекнам вештината да ја манипулирам и да ја пренесувам на рацете, прстите на раце да ми бидат како еден вид на трансфер врз нешто, он уствари така и ме излечи. Се арно, ама јас тогаш бев многу детињаст, и несериозен, само бев среќен што ќе можам пак да играм фудбал. Сега кога пораснав, сфаќам колку погрешив и не останав со него да ме учи, сега ме интересира околу тоа се, и сакам и сум спремен да научам.
Еве моментално, ја читам темава, читам за медитација, и како почетник се трудам да научам како да медитирам и да ги прочистувам чакрите, сеуште ми е многу комплицирано и многу работи нејасни, се надевам дека ќе ми се разјаснат.
Почнав да ги употребувам вежбиве по препорака на едно другарче кое е упатено у работиве. Се работи за 5те Тибетанца.
Поздрав.