Чакри

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Како прво, не, немам појма што бара темава овде. Размислував дали да ја ставам во Религија, ама ми штрчи некако таму, бидејќи овде воопшто нема да се бара муабет поврзан со било какви религиски теми и религиозни концепти.

Дали знаеме што се чакри?
Чакри се центри на енергија низ човечкото тело.
Всушност, секоја точка од нашето тело претставува извор на енергија, но 7 од нив се сметаат за главни чакри.
Главните чакрите почнуваат на почетокот на 'рбетот и завршуваат на темето на главата, движејќи се по 'рбетната линија вертикално и централно низ телото.
Чакрите лоцирани на долниот дел од телото се нашата инстинктивна страна, високите се менталната.
Нивната функција е да го витализираат физичкиот дел, односно телото, и да помогнат во развојот на самосвеста.
Кога чакрите не се во баланс, и енергиите се блокирани, основната животна енергија на индивидуата ќе биде забавена. Таа ќе се чувствува изморена, депримирана, со многу простор оставен на негативни ставови, страв и сомнежи.
Зборот 'чакра' е произведен од санскритскиот збор што значи тркало.
Се смета дека доколку би било возможно да ги видиме чакрите, би набљудувале енергетски тркала кои континуирано се вртат.
Потеклото им е од индиските Веди, се јавуваат и во кундалини јогата.
За да се работи со нив, треба да се земат како фокус при медитација, постојат многу начини за медитирање на чакрите, при кои техниките за секоја чакра се основаат првенствено на нејзината намена.
А за намените на 7те главни чакри, накратко:

1. Root Chakra - Имаш право да бидеш токму овде
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на страв

2. Sacral Chakra - Имаш право слободно да чувствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на вина

3. Navel Chakra - Имаш право да дејствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на срам

4. Heart Chakra - Имаш право да љубиш и да бидеш љубен
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на сожалување

5. Тhroat Chakra - Имаш право да се зборува и да се слуша вистината
Кога е недоволно активна ги поттикнува лагите

6. Third Eye Chakra (популарното трето око) - Имаш право да видиш
Кога е недоволно активна ги поттикнува илузиите

7. Crown Chakra - Имаш право да знаеш
Кога е недоволно развиена поттикнува преголемо приврзување за неважните работи.

....
Да пишувам и дополнувам понатаму доколку некој го интересира?

Па, што мисли форумџискиот свет за ова? Енергија чувствуваме сите.
Но дали некој некогаш е доволно спремен да ја сфати сериозно?
И зарем не се овие работи основните потреби на секого?
Ретко вака директно поставени.





[FONT=&quot]


[/FONT]
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ептен интересна тема. Браво :icon_lol::icon_lol: и доколку имаш повеќе информации добредојдени се.

Немам слушнато за чакри искрено, прв пат слушам, но затоа пак многу верувам во енергија, во кружење и крадење на енергија. Енергијата ја сфаќам како една од водечките сили во мојот живот и ептен лошо се чувствувам кога ќе ми биде украдена енергија, а точно знам на кои луѓе им успева тоа затоа и ги одбегнувам колку што можам повеќе таквите.
А, на прашањето колку сме свесни за енергијата и мене ме интересира навистина. Јас мислам дека доста добар дел од луѓето и не ја сфаќаат сериозно што според мене е огромна грешка, но не знам- можеби грешам.

Толку за сега.Ќе се надоврзам подоцна :pipi:
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
1-ва чакра се наоѓа меѓу нозете, во пределот на анусот и половиот орган.
Ги контролира половите органи и преку неа коминицираме со спротивниот пол - односно кога е активна чакрата и кај едниот и кај другиот пол има сексуално привлекување или као што обично се вели ме запали типон/типкана....

уф шит неам више време да ги допишам останатите....
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
[FONT=&quot]Океј, тогаш утре ќе се фатам за работа и ќе ги претставам подетално главниве, барем за тебе:).

Еве ги подредени на телото, почнувајќи од првата-најдолната, се до темето.


Еве едно одлично клипче, за медитација со визуелизирање на боите на чакрите (секоја чакра има своја боја), но дури и ако не сте заинтересирани за медитирањето, чувајте го клипчево во букмаркс, бидејќи навистина релаксира;).















[/FONT]
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Кога е отворена 7 чакра(иако кај многу малку луѓе) и со близина на човек со душевна болест или еве конкретно шизофренија,а се обидуваат да му пренесат од својата енергија може да настане блокажа на оваа чакра како сооединување на две спротивни енергии(енергија на чист ум и енергија на ум на кој му е оштетена обивката на мозокот или поточно психата).


Вистина е ова?
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Кога е отворена 7 чакра(иако кај многу малку луѓе) и со близина на човек со душевна болест или еве конкретно шизофренија,а се обидуваат да му пренесат од својата енергија може да настане блокажа на оваа чакра како сооединување на две спротивни енергии(енергија на чист ум и енергија на ум на кој му е оштетена обивката на мозокот или поточно психата).


Вистина е ова?
За ова конкретно не сум слушнала досега но донекаде има смисла, земајќи во предвид сличноста на степените на кои се наоѓаат двата типа на умови, иако спротивни, а и двата лачат DMT на високо ниво.
Но јас недокажано и научно непотврдено, потајно верувам дека човек со доволно развиена и силна 7ма чакра би можел да излечи поблаг вид на шизофренија:), исто како што тој поблаг вид на шизофренија би можел да се излечи со соодветна силна психоделична супстанција која на нормалниот човек би му дејствувала халуциногено, а на шизофреничарот смирувачки.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Кундалини тантра, ја читав и многу се најдов во неа, но вежбите за активирање на чакрите некако не ме привлекоа. Пишуваше - оние кои се во потрага на парапсихолошка моќ нека ја остават оваа книга бидејќи нема да им помогне во тоа иако се можни такви работи со активација на чакрите но тие се минливи работи, главната цел е просветление. А и вежбите беа во лотосова положба, нешто што не ми е природно баш.
Муладара, чакра сместена помеѓу анусот и половиот орган го контролира сексуалниот нагон, кога кундалини енергијата ќе ја премине (надмине) оваа чакра, човекот нема да биде роб на своите сексуални желби. Ако само ја раздразни... манијак. :)
Свадистана, на долниот дел од рбетот, ја контролира подсвеста,
најтешка за надминување. Нејзино раздразнување - тера само на бесцелно размислување и фантазирање.
Манипура - во пределот на папокот само отпозади на грбот, контролира органи за варење и други во тој предел.
Анахата, во пределот на срцето, контролира крвоток итн., со нејзина активација можна е психокинеза.
Вишбуди, во грлото, контролира дишење...
Агја, трето око, меѓу очите малку над нив.
Последната долго име имаше, на темето се наоѓа, за нирвана.
Кога кундалини енергијата ќе помине низ сите нив, а тргнува од долу па нагоре, доаѓа до просветлување, потоа повторно се спушта надолу. Ако човек го доживее тоа а се посомнева, следниот пат многу потешко ќе го постигне тоа.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
1-ва чакра се наоѓа меѓу нозете, во пределот на анусот и половиот орган.
Ги контролира половите органи и преку неа коминицираме со спротивниот пол - односно кога е активна чакрата и кај едниот и кај другиот пол има сексуално привлекување или као што обично се вели ме запали типон/типкана....

уф шит неам више време да ги допишам останатите....

Сепак, убав дел во сексуалното привлекување и чувствување има и втората чакра.
Ај утре посалам ќе го напишам сето тоа, полу-дремам сега.

Кундалини тантра, ја читав и многу се најдов во неа, но вежбите за активирање на чакрите некако не ме привлекоа. Пишуваше - оние кои се во потрага на парапсихолошка моќ нека ја остават оваа книга бидејќи нема да им помогне во тоа иако се можни такви работи со активација на чакрите но тие се минливи работи, главната цел е просветление. А и вежбите беа во лотосова положба, нешто што не ми е природно баш.
Муладара, чакра сместена помеѓу анусот и половиот орган го контролира сексуалниот нагон, кога кундалини енергијата ќе ја премине (надмине) оваа чакра, човекот нема да биде роб на своите сексуални желби. Ако само ја раздразни... манијак. :)
Свадистана, на долниот дел од рбетот, ја контролира подсвеста,
најтешка за надминување. Нејзино раздразнување - тера само на бесцелно размислување и фантазирање.
Манипура - во пределот на папокот само отпозади на грбот, контролира органи за варење и други во тој предел.
Анахата, во пределот на срцето, контролира крвоток итн., со нејзина активација можна е психокинеза.
Вишбуди, во грлото, контролира дишење...
Агја, трето око, меѓу очите малку над нив.
Последната долго име имаше, на темето се наоѓа, за нирвана.
Кога кундалини енергијата ќе помине низ сите нив, а тргнува од долу па нагоре, доаѓа до просветлување, потоа повторно се спушта надолу. Ако човек го доживее тоа а се посомнева, следниот пат многу потешко ќе го постигне тоа.

Какви беа вежбите за активирање на чакрите?
Јас сите што ги иам најдено се лесни и прифатливи.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Но јас недокажано и научно непотврдено, потајно верувам дека човек со доволно развиена и силна 7ма чакра би можел да излечи поблаг вид на шизофренија:), исто како што тој поблаг вид на шизофренија би можел да се излечи со соодветна силна психоделична супстанција која на нормалниот човек би му дејствувала халуциногено, а на шизофреничарот смирувачки.


Верувај дека неможе.Едноставно не е возможно подолго време да се биде во присуство на таква особа,премногу негативна енергија шири или поточно вибрациите на таа енергија неможе да се ускладат со енергијата која ја има во 7 чакра.Но како што кажа може поблаг вид на шизофренија да го дозволува тоа присуство:).

Ќе чекаме утре за подетални информации што ќе ни ги понудиш:).
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Goddess of Chaos напиша:
Какви беа вежбите за активирање на чакрите?
Јас сите што ги иам најдено се лесни и прифатливи.

Па помалку или повеќе во лотосова положба, некои малку полегнати, за некои имаше и зборови (мантри) што се изговараат, мене тоа не ми е својствено баш, што не значи дека е така за сите. :)
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Леле и јас сум заинтересирана за чакрите и медитација.Баш сега пред некое време ми се вртеа мисли у глава на оваа тема.
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Јас знам дека секоја чакра си има своја сопсвена енергија, т.е. дел од спектарот (од таму и боите) и доколку е таа енергија пореметена, се случуваат психофизички промени. На тој принцип, кристалотерапијата работи со враќање на енергијата на точното ниво, a со тоа и ги `лечи` пореметувањата.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Па јас почнав да се занимавам со тоа ама заради тоа што во мојот град нема посебно љуѓе што се занимааваат специјално со тоа јас се откажав.Милам дека прво треба да постигнеш ниво на енергија од 100%и тоа се прави по неколку постапки а после тоа кога ќе се отвориш кога ќе ги достигнеш тие 100% почнува со "отворањето"на тие чакри и тоа постепено една по една и треба да медитираш а со тоа да постигнеш и голема самоконтрола.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе ова тие нешто базирано на искуство, односно многу слично е со акупунктурата, и има дел плацебо ефект, а дел стимулирање различни реакции при стимулирање на различни нервни центри или патишта.
Don't forget it is all in your head.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
како што тој поблаг вид на шизофренија би можел да се излечи со соодветна силна психоделична супстанција која на нормалниот човек би му дејствувала халуциногено, а на шизофреничарот смирувачки.
Малку е нелогично.
Ако мозокот на шизофреничарите лачи повеќе ДМТ(воа ако може да го потврди Bacillus,пошто не знам за сигурно),тогаш како би му помогнале дополнителни количини од таа супстанција?
Според логика,би го направиле уште пошизфреничен.
А и мислам дека на таквите луге воопшто не им треба никакво лечење,едноставно,се наоѓаат во реалност која е поинаква до нашата,но тоа не значи дека се болни или уназадени,напротив,се многу понапред од нас.
Абе ова тие нешто базирано на искуство, односно многу слично е со акупунктурата, и има дел плацебо ефект, а дел стимулирање различни реакции при стимулирање на различни нервни центри или патишта.
Don't forget it is all in your head.
Се согласувам донекаде.
Во секој случај,сум сигурен дека енергијата постои и сите сме тоа-енергија во различни облици и форми со помала или поголема комплексност.Сепак,нејзиното распоредување во центри каде што е повеќе изразена-чакри,е накако апсурдно,бидејќи таа е секаде на исто ниво,бидејќи СЕ е енергија во суштина.Значи,неможе некаде да ја има повеќе а некаде помалку.При ваквите вежби,мислам дека најголема улога игра пласибо ефектот и самосугестијата дека со длабока концентрација се постигнува просветлување и се отклучуваат скриените способности на човечкиот мозок и тело,што и не е лошо,бидејќи ако таа сугестија е доволно силна,личноста со сигурност би успеала во зацртаното или во најмала рака,би си го подобрила квалитетот на животот.Тоа е моќта на свеста и потсвеста.
Само мое мислење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom