Седат двајца каубојци во салун:
- Го гледаш оној на шанк?
- Кој бе, десет луѓе се?
- Оној со шеширот.
- Сите се со шешир.
- Оној што пие виски.
- Сите пијат.
Се изнервирал типот и убил 9 од оние 10 на шанк.
- Е оној што остана.
- Е што тој?
- Многу ме нервира, некој ден ќе го убијам!
Од бродолом се спасиле 3 морнари и 1 женска и испливале на пуст остров. После првите три месеци женската рекла:
- Јас повеќе не можам. И умрела.
После вторите три месеци морнарите рекле:
- Ние веќе не можеме. И ја закопале.
После третите три месеци морнарите рекле:
- Ние веќе не можеме. И ја откопале.
Оназис на патување со брод, му се слошува и мора да прими крв. Од цел екипаж само некој Егеец се погодил со иста крвна група. Му понудиле голема награда да даде крв, овој ни да чуе. Се нуделе куќи, коли, пола богатство - ништо. На крај кога одбил и цело богатство го прашале:
- Имаш ли ти претстава колку е тоа?
- Кога ќе потече егејска крв во него, ништо нема да добијам, знам!
Во што е разликата меѓу училница и лудница?
Во телефонскиот број.
Некој цајкан купил слагалица, ја сложил за 3 месеци и пукнал од радост, зашто? - Затоа што на слагалицата пишувало „за 3 до 6 години„ !