smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.738
- Поени од реакции
- 4.496
Зависи која црква брате јас барем од атеиста очекувам да не генерализира.(ако не се лажам атеиста беше ако не извини)Црквата е ништо друго освен здружение на организирани лопови кои ја злоупотребуваат човековата добрина.А луѓето кои одат во црква ако навистина сакаат да им помогнат на беспомошните, тоа можат да го направат самите, така што ќе отворат некаков добротворен фонд и ќе ги оставаат таму парите, наместо на иконите по црквите, зошто оставање пари на икони во цркви е рамно со ставање пари на попот в џеб.
Зошто мислам така.
Да состојбата со црквите е катастрофална,но има вистински исклучоци .Не знам дали си имал можност да го посетиш манастирот св.Јован Бигорски еден од најстарите ,најубавите и најшироко познатите во Македонија и пошироко.Јас ја имав таа чест да се запознаам со главниот владика таму и да правам муабет со него и морам да кажам дека навистина ми остави длабок впечаток на разумна и воедно морална особа.
И по трагедијата што беше со оганот го реставрираа и го доградија манастирот ,а глетката е навистина прекрасна и ако имаш можност не се колебај да го посетиш сеедно дали веруваш или не веруваш во бог .