Црква!

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Црквата е ништо друго освен здружение на организирани лопови кои ја злоупотребуваат човековата добрина.А луѓето кои одат во црква ако навистина сакаат да им помогнат на беспомошните, тоа можат да го направат самите, така што ќе отворат некаков добротворен фонд и ќе ги оставаат таму парите, наместо на иконите по црквите, зошто оставање пари на икони во цркви е рамно со ставање пари на попот в џеб.
Зависи која црква брате јас барем од атеиста очекувам да не генерализира.(ако не се лажам атеиста беше ако не извини)
Зошто мислам така.
Да состојбата со црквите е катастрофална,но има вистински исклучоци .Не знам дали си имал можност да го посетиш манастирот св.Јован Бигорски еден од најстарите ,најубавите и најшироко познатите во Македонија и пошироко.Јас ја имав таа чест да се запознаам со главниот владика таму и да правам муабет со него и морам да кажам дека навистина ми остави длабок впечаток на разумна и воедно морална особа.
И по трагедијата што беше со оганот го реставрираа и го доградија манастирот ,а глетката е навистина прекрасна и ако имаш можност не се колебај да го посетиш сеедно дали веруваш или не веруваш во бог .
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.794

Јас сум го посетила, и ОК, нека биде владиката чесен.
Што правиме со купопродажбата на алки (последен пат кога бев, сега може го прошириле асортиманот) без фискална сметка?
Црквата е имуна на законот... или?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во ера на дигитализација и апликации, за црквата ова е најдоброто решение:
Од 8-ма минута па натаму. :)
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
36
Поени од реакции
0
Глава на секој маж е Христос. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава; и секоја жена, која семоли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто сеедно е - како да е истрижена. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е срамно жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто и образ и слава Божја, а жената е слава на мажот.
Прво послание на св. ап. Павле до Коринтјаните 11 глава од 4 до 7 стих
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Шамија колку што знам ја се носи само кога некој го погребуваат иначе не се носи.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Глава на секој маж е Христос. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава; и секоја жена, која семоли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто сеедно е - како да е истрижена. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е срамно жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто и образ и слава Божја, а жената е слава на мажот.
Прво послание на св. ап. Павле до Коринтјаните 11 глава од 4 до 7 стих
Takae zenata trebe da nosi samija ako nesaka mazot e trebe da ja istrize stramota i grevota e zena da nenosi samija mazot e gospodar na zenata i trebe da se slusa
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
па секаде во странство е така! тоа еден вид на почит
Тоа не е почит тоа е послушност, деградација.
Поради послабата физичка снага на жената, мажот во минатото се истакнувал како глава на фамилијата бидејки тој е нели оној посилниот и може да и направи на жената што тој сака, и одтаму жената поради стравопочит, се плашела мажот физички да не ја повреди, му е подана на мажот, не дека таа тоа го сака или пак дека тоа е исправно.
Исто и со црквата, тоа е еден вид диктатура каде црквата и налага на жената да носи шамија, без да праша дали таа тоа го сака или не. Исто како случајот со стравопочитта.
Па сега следи прашањето, од господ треба да се плашиме или да го сакаме? Ако треба да се плашиме тогаш тој сигурно би бил нешто ко хитлер, а не како што тој се претставува.
Бидејки господ е семоќен и тој постојано збори за некакви души нематеријален свет рајови ангели и сл, тогаш на него не му е битно материјалното. Па зошто тогаш кога одиме во неговиот дом во кој на домаќинот не му е битно материјалното а под материјално спаѓа и облеката која ја носиме, да се замараме што сме облекле?
Тој нас не гледа во душата не во облеката така?
Значи јас ако сакам можам и гол да влезам таму и никому ништо. Крај краева адам и ева биле голи кога дедо боже ги креирал. Тој ги креирал голи, па зошто и ние голи да не се шетаме кај сакаме? Што е тука срамот?
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Дали често одите во црква? дали мислите дека жената кога влага во црква треба да носи шамија, да ја покрие главата . ? јас кога бев во црква во Рим сите жени носеа шамија пред да влезат во црквата и мислам дека тоа е сосема добро. што мислите вие околу тоа? и дали мислите дека треба да има силни Камбани?
crkva so samija ubavo i pristojno oblecena a nadvor razgolenost, koga postavi prasanje ubavo bese da go postavis celosno dali treba da nosi samija zenata hristijanka ,
--- надополнето: 4 март 2012 во 17:35 ---
Не сме Муслимани па да носиме шамија.
ti mislis samo muslimankite nosat samija . gadno si se zaebal.
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Во русија одат со шамија во православните цркви ама не забулени туку онака шамија преку глава ама не е правило тоа како традиција е таму, во некој цркви на една страна се жените на друга мажите... Во Македонија тоа не се практикува а и нема правилo за практикување... А во рим се католици нема врска со нас...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Јас сум го посетила, и ОК, нека биде владиката чесен.
Што правиме со купопродажбата на алки (последен пат кога бев, сега може го прошириле асортиманот) без фискална сметка?
Црквата е имуна на законот... или?
Не знам колку сум во право ама тоа колку што знам е до државата ,а не до црквата.
Не се разбирам многу во право ама тоа државата треба да го надгледува и ако според закон стои да плаќаат,а тие не го прават тоа има казни и соодветни мерки.
Те молам дообјасни се.
П:С Не знам дали црквата е ослободена од данок како што кажав не студирам право
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ако е така тогаш,значи Библиата е од вчера,а не од пред 2.000г. ,значи тие луѓе тогаш будали биле што верувале? Зарем тие пари во џеб ги ставале? Не. Тие пари одат за црквата,за градење на нови храмови. Попрво прочитау уа библиата па тогаш кометирау. А поповуте мораат да земаат пару од нешто така да,но тоа е тоа.
Прво се пишува Библијата, значи со „ј“.Граматичко правило е помеѓу вокалите (самогласките) „а“ и „и“ да стои „ј“.Друго, во Македонија ама најмалку треба да одат пари за храмови.Македонија веќе има доволно храмови, а огромен дел од нив се наследени.Книгата над книгите (Библијата) ти налага тебе лично како верник да им помагаш на најсиромашните, на најбеспомошните.Така да во овој случај тие пари што ги добиваат мороните од МПЦ треба да ги донираат во хуманитарни цели, а не го гледаш наредното утро некој сељак-поп од село Смрљавци како вози кадилак или БМВ купен од парите на тие што ги донирале за кутрите.
--- надополнето: 4 март 2012 во 18:42 ---

Зависи која црква брате јас барем од атеиста очекувам да не генерализира.(ако не се лажам атеиста беше ако не извини)
Зошто мислам така.
Да состојбата со црквите е катастрофална,но има вистински исклучоци .Не знам дали си имал можност да го посетиш манастирот св.Јован Бигорски еден од најстарите ,најубавите и најшироко познатите во Македонија и пошироко.Јас ја имав таа чест да се запознаам со главниот владика таму и да правам муабет со него и морам да кажам дека навистина ми остави длабок впечаток на разумна и воедно морална особа.
И по трагедијата што беше со оганот го реставрираа и го доградија манастирот ,а глетката е навистина прекрасна и ако имаш можност не се колебај да го посетиш сеедно дали веруваш или не веруваш во бог .

Оди види во Католичка црква (секоја) и види на пр. што даваат католичките свештеници за нивните верници, и направи споредба.И они си имаат гревови не ги двојам (педофилство итн.), но да видиш на пр. како ги третираат католиците своите најсиромашни припадници на црквата.И направете споредба со МПЦ и видете дали е тоа случај и кај православните.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Абе ајде,вишла жабата како се подковува коњот па и таа кренала нога.Кој сака да оди во црква слободно нека оди.Со шамија или не...вишол некој на телевизија па и тука одма,демек да не изгледаме затуцано,сите жени со шамија во црква.
Ако треба да се оди со шамија тогаш нека пишат на влезот од црквата...“улаз само со шамију за женске особе “
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.794
Не знам колку сум во право ама тоа колку што знам е до државата ,а не до црквата.
Не се разбирам многу во право ама тоа државата треба да го надгледува и ако според закон стои да плаќаат,а тие не го прават тоа има казни и соодветни мерки.
Те молам дообјасни се.
П:С Не знам дали црквата е ослободена од данок како што кажав не студирам право
Сосема е ирелевантно што прави државата во однос на канонските (библиските) закони.
Црквата (Исусовиот храм and whatever) не смее да профитира. Постои и опстојува од милостина.
Имено не продава ништо, ама баш ништо, и не зема пари за ништо - кај нас имаш тарифа за венчавка, крштевка, светење вода...
Ништо од тоа црквата не смее да го наплаќа, а кај нас не само што го наплаќа, туку и не плаќа данок за истото.
--- надополнето: 4 март 2012 во 19:43 ---
Абе ајде,вишла жабата како се подковува коњот па и таа кренала нога.Кој сака да оди во црква слободно нека оди.Со шамија или не...вишол некој на телевизија па и тука одма,демек да не изгледаме затуцано,сите жени со шамија во црква.
Ако треба да се оди со шамија тогаш нека пишат на влезот од црквата...“улаз само со шамију за женске особе “
:facepalm:
А тебе што ти е поважно, да си ја негуваш ,,традиционално,, религијата, или онака како што навистина ти наложува истата таа религија?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Немојте да споредувате никогаш што прават другите ,тоа им е правило на однесување,како што им е на муслиманите да ги соблекуваат чевлите, и не би рекла дека и ние треба да го прифатиме тоа како правило и дека тоа е најисправното ...според мене носењето на шамија ништо не претставува ,голема улога има пристапот кон Бог,со каква душа пристапуваме ,Тој ни го знае образот и така и вака и тоа ми делува како прикривање од нешто или тоа да го наречам особа со две лица...инаку често посетувам црква но никогаш со шамија .
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Сосема е ирелевантно што прави државата во однос на канонските (библиските) закони.
Црквата (Исусовиот храм and whatever) не смее да профитира. Постои и опстојува од милостина.
Имено не продава ништо, ама баш ништо, и не зема пари за ништо - кај нас имаш тарифа за венчавка, крштевка, светење вода...
Ништо од тоа црквата не смее да го наплаќа, а кај нас не само што го наплаќа, туку и не плаќа данок за истото.
Па донекаде се согласуваме.
Значи вака јас се согласувам црквата да профитира од алки и слични ствари ,а парите потоа може да си ги наменат за различни цели поправка,доградба на храмови итн.(ако сакаат и џипови нека си купат од продавање алки)

АМА целосно се согласувам со тебе дека за работи како венчавка,крштевка,света вода,погреб итн. значи обреди од кои верникот е зависен на некој начин
(пошто алките и други работи што се продаваат се декоративна работа јас барем така ги сваќам)
треба да бидат целосно бесплатни и воопшто да нема дискусија за тоа.
Нема да навлагам многу во религија факт е и целосно се согласувам дека црквата како претставник на бога има скршнато од патот предодреден за неа за неколку илјади километри,но тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom