Циркуз во Друштвото на писателите на Македонија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.610
Не знам дали некого го засега и дали некој воопшто прати каква рашомонијада се случува во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) последниве неколку денови. Ако не, еве, па да видиме што мислите, или ако не, само за пукање сеир, па ако треба и ќе ја преместиме темава во ЧДА. Хронолошки:

1. Во мај 2022 се одржа редовно изборно собрание на ДПМ, на кое за нов претседател на ДПМ со освоени 69 гласови од присутните писатели беше избран Христо Петрески, основач и директор на издавачката куќа Феникс. Неговиот противкандидат Живко Грозданоски освои само 8 гласа помалку. За претседателка на Собранието на ДПМ беше избрана Кристина Николовска, а за членови на претседателството на ДПМ: Весна Мојсова Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска, Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска.

После изборот, Живко Грозданоски го призна поразот, му честиташе на противкандидатот, со надеж дека сепак ДПМ ќе тргне кон некои нови текови, најмногу заради членовите на Претседателството, во кои писателот Гроздановски кажа дека верува. Помеѓу писателската фела, особено помеѓу помладите, но и некои од постарите писатели владееше истото мислење - разочарани и скептични дека нешто ќе се оправи по изборот на Христо Петрески и Кристина Николовска, но со верба дека деветте члена на Претседателството ќе имаат корективна улога и нема да му дозволат на претседателот да управува самоволно, како што се случувало со децении наназад.

2. На 04.10.2023 осум од девет члена на Претседателството на ДПМ (Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска, Александра Јуруковска и Бранко Цветкоски) поднесоа оставки од функциите поради горе долу слични причини, а како пример ја посочувам изјавата на Бранко Цветкоски, поет, критичар и издавач:

Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното Претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА на моето членство во Претседателството.
3. Голем дел од писателите го дигнаа гласот против претседателот Христо Петрески и претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, повикувајќи ги да свикаат нови избори и на претседател, и на претседателка на собранието и на нови членови во Претседателството, наводно после обидите на Петревски да ги замени осумте члена кои поднеле оставки со нови, веројатно блиски до него и да продолжи со самоволието при донесување на одлуките во Друштвото.

4. Првата реакција на ДПМ (сега веќе со двајца личности во врвот: Христо Петрески и Кристина Николовска) беше следно:

1697297759765.png

на што голем број писатели одговорија:

1697297828565.png
1697297866989.png
1697297908867.png
1697297946853.png
1697297987840.png

(на коментарот на Лидија Димковска имаше дрзок коментар од редакцијата на наводен онлајн магазин Кирилица.мк, полна со навреди кон писателката, кој подоцна беше избришан, а за жал не успеав да направам screenshot. Кога пребарав на Google импресум за Кирилица.мк, единствено што најдов е дека е онлајн магазин од издавачката куќа (погодете која!) - ФЕНИКС! Ништо чудно коментарот да беше од самиот Христо Петрески)

EDIT: Го најдов коментарот, среќа некој друг направил screenshot, благодарност до него:

1000007151.jpg

5. Ден потоа, на 09.10.2023 во 07:48, претседателот Христо Петрески поднесува НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, наводно од ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ:

1697298141286.png

6. На 09.10.2023 претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, свикува вонредно изборно собрание за 25.11.2023, иако во повикот не е посочено за кои функции ќе заседава Собранието. Писателите бараат на вонредните избори одново да се бира претседател на ДПМ, претседател на Собрание на ДПМ и членови на Претседателство на ДПМ. Одговор за тоа што ќе се бира, немаше:

1697298340361.png

7. Денес, 14.10.2023, во 11:33, (сега веќе) поранешниот претседател на ДПМ, Христо Петрески, најпрво го брише зборот НЕОТПОВИКЛИВА од неговата оставка:

1697298441796.png

8. а потоа ја повлекува оставката, велејќи дека била изнудена под притисок (иако нели од здравствени причини беше :pos: ):

1697298540187.png

9. Нормално, следеше бура од реакции од писателите:

1697298766979.png
1697298818076.png
1697298845344.png
1697298925410.png
1697299012295.png

Намерно ставав screenshot-и, да не му текне на некој да избрише коментар или да уреди повторно, зашто ова злато вреди. Земете пуканки, наместете се, сред клифхенгер сме... Што ќе биде следно, ќе видиме.

...to be continued!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.610
Еве дел од реакциите на други лица, писатели, поети, издавачи... поврзани со темата:

1697303387488.png

1697303825671.png
1697303859915.png

1697313487886.png

На ѕидот на личниот профил на Христо Петрески:

1697303455657.png

1697303488930.png

И повикот кој вечерва го преземаат и кружи по сите фејсбук профили на нашите писатели:

1697304230723.png
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
701
Поени од реакции
1.775
Fun fact Zlate , dalecnata 2012 ili 13 ne se sekavam, imav prijatelka koja go vodese Makedonskiot PEN so KK. Organiziraa zaednicki nastan za promocija na Haiku poezija na makedonski glaven pokrovitel bese drustvo na pisateli, od prisutnite 50 tina gosti , skoro 90 % bea od od DPM , i sega clifhengerot :) , famoznata smetka poso devojceto od PEN ja pokri , a bese korrdiniran nastan od dvete strani mi kazuvase deka od DPM 12 pati i imaa prakano pogresni informacii od transakciska smetka za da se izvrsi naplata za nastanot :) , some things never change
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.610
Fun fact Zlate , dalecnata 2012 ili 13 ne se sekavam, imav prijatelka koja go vodese Makedonskiot PEN so KK. Organiziraa zaednicki nastan za promocija na Haiku poezija na makedonski glaven pokrovitel bese drustvo na pisateli, od prisutnite 50 tina gosti , skoro 90 % bea od od DPM , i sega clifhengerot :) , famoznata smetka poso devojceto od PEN ja pokri , a bese korrdiniran nastan od dvete strani mi kazuvase deka od DPM 12 pati i imaa prakano pogresni informacii od transakciska smetka za da se izvrsi naplata za nastanot :) , some things never change
Искрено не сум упатен како стоеле работите, ама воопшто не ме чуди ова што го кажуваш по се што се изнаслушав и изначитав деновиве. И не, никој не тврди дека очајната ситуација во ДПМ е откако Христо Петрески е претседател, туку истата траела со години, со децении наназад. Она за што најмногу обвинуваат младите писатели, а и не само младите:
-стекнување корист заради договори во четири очи од страна на раководните лица во ДПМ
-„на-ти-го-дај-ми-го“ договори во кои некои писатели имале попривилегирани позиции од други заради блискоста со раководните лица
-креирање кланови на писатели
-непринципиелно и недомаќинско работење
итн.

Инаку, еве баш Живко Грозданоски пред некој ден го читав како со пофалба зборува за некои нешта кои Христо Петрески ги направил во својот мандат од до сега година и пол. Значи поентата на писателите е не само да го сменат Христо по секоја цена, туку и да се реформира Друштвото и да се врати угледот на истото од времето на неговото основање, а тоа може да се постигне само ако се почитуваат правилата, а не да си организираат патувања на сметка на ДПМ за кои никој од Претседателството не знаел, а не па да ги одобри.

Патем, Христо се јави пак. Сагата продолжува...

1697311019178.png

А што е најинтересно, Петрески од својот сопствен личен фејсбук профил заборавил да си го избрише зборот НЕОТПОВИКЛИВА. :pos: :pos: :pos:

1697311915700.png
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.441
Поени од реакции
9.179
Кој не го знае Христо, а и останатите селски шалабајези во ДПМ, скапо го плаќа.
Какво општество, такво ДПМ.
И не е ситуацијата од вчера, ниту пак е од Христо нешто измислено, само тој кај клептоман па уште и алчен сигурен сум фурал со 300 на саат.

„Критериумите“ по кои и порано (не само во негово време) се избираа членови на ДПМ се леле мори мајко, а лицемерието и подлите игри се пар екселанс пример за сценарио налик Game of Thrones. Отсекогаш таму така било.

Арно ама... папир трпи сФе.
Шо вика Злате, кој го интересира, пунканките и читање преписки од „писателите“.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
И дното има дно, прекрасна максима на Друштвото. Никогаш не се сомневав во способноста на проф. д-р Николовска.

Верувам дека на крај овој притисок сепак ќе резултира со некакви промени, но зарем навистина некој очекуваше поинаков исход кога го изгласаа Петрески на челна функција?

p.s. Злате, уште пред неколку години имаше некои јавни негодувања и превирања. Ситуацијава ја паметам поради коментарите на Иван Шопов и Ѓоко Здравески (зошто не се дел и не би се приклучиле кон ДПМ). Можеби ќе се сетиш за што зборувам или ќе најдеш изворен материјал, јас веќе немам фб.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.490
Остана ли некоја институција во државава кај што нема простор за пукање сеир? Оние кои највеќе треба да го вреднуваат и промовираат пишаниот збор и македонскиот јазик се пример како не треба да се прави тоа. Нам ни требаат драконски промени во сите области, почнувајќи од здруженија па се до највисоки инситуции.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
...во здравството е потрагикомично, ама се вмешани албанските здравствени “експерти“ родени да бидат овчари, ама ете од премногу учење по албанските факултети можат да бидат само директори, таму не смее никој да писне, све најубави работи се пишуваат, иако кодошењето е најценето во здравствените простории, а лекарска комора кратковидна ништо не и' се гледа за ниеден медицински прекршок и одземање на лекарска лиценца, а и ова околу онколошка клиника се знае точно кој што, ама се тегне да настапи синдромот на заборавеност и застареност.
...доволно да се следи како младиот човек не може да добие учебник да учи (а однапред платено за тие учебници), а не пак да добие желба да пишува и да биде наследник на овие писатели кои ја имаат најубавата професија!

... ваков циркус е само затоа што се укина психолошкиот тест за функционерите, полагање на испит за функционер, менаџер, претседател на јавни здруженија, без дамка во своето работење, непотизам, корумпираност или кривично дело во своето ЦВ, се поставуваат од ракав и се сака напредок и чисто размислување и правдина?

...ги погледнав последните настани, каде присустувал дотичниот,

319889708_822103078875485_4385374050843635776_n.jpg

...„49 Караманови“ средби во Радовиш 2022.

296052669_1176100136571320_8762083482914558263_n.jpg 295766888_1176100276571306_4364466428692513343_n.jpg

...според тоа како изгледа на свечани настани, не дека облеката го прави човекот, но начинот на носење на таа облека кажува многу, така да не е чудно на „пишман оставка“!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
ќе се потепаат за кој да гризе коска, дури и писателиве.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.610
ќе се потепаат за кој да гризе коска, дури и писателиве.
Не се работи овде за "гризење коска", од ДПМ секако нема многу да се офајдат, кој и да го замени Петрески, ако такво нешто се случи. Зошто во претходниот мандат кога претседателка беше Соња Елзесер, немаше ништо вакво? Се работи за принципи. Смачено им е да трпат самоволие на некој кој нема право на тоа. Христо и Кристина си организирале патувања без да го консултираат Претседателството. Си организирале настани исто на своја рака, помагајќи им притоа на писатели кои им се блиски и кои им должеле нешто од минатото. Претседателството и останатите членови никој не ги есапи. Нормално дека ќе го кренат гласот за промени кога трпат диктатура од како што велат тие - трговец поединец. Не се работи за пари, се работи за тоа што некој ги секса во здрав мозок.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.244
На ова Друштвово на писатели никогаш не ми била јасна докрај поентата. Од расправииве по интернет прочитав дека порано состаночеле еднаш годишно, со сегашното раководство, ниту тоа не се случува. Значи, се собираат еднаш или ниту еднаш годишно (и гарант кога се собираат, не се дискутира нешто релевантно, туку некои банални, тривијални глупости), еднаш во три-четири месеци организираат некои ќорави настани со по 40 луѓе од кои 20 се истите секогаш, некои утепани конкурси за текстови од типот Како го поминав распустот и слично.

Мене ми изгледа сосем небитно дали ќе биде претседател овој Христо или некој од улица. Ситуацијава повеќе ми личи дека останативе ги фатил тој фиромскиот инает, па му се настрвиле на сегашниов претседател...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.610
На ова Друштвово на писатели никогаш не ми била јасна докрај поентата. Од расправииве по интернет прочитав дека порано состаночеле еднаш годишно, со сегашното раководство, ниту тоа не се случува. Значи, се собираат еднаш или ниту еднаш годишно (и гарант кога се собираат, не се дискутира нешто релевантно, туку некои банални, тривијални глупости), еднаш во три-четири месеци организираат некои ќорави настани со по 40 луѓе од кои 20 се истите секогаш, некои утепани конкурси за текстови од типот Како го поминав распустот и слично.

Мене ми изгледа сосем небитно дали ќе биде претседател овој Христо или некој од улица. Ситуацијава повеќе ми личи дека останативе ги фатил тој фиромскиот инает, па му се настрвиле на сегашниов претседател...
Не е баш само тоа. ДПМ организира книжевни манифестации, поетски читања, промоции на книги и сл. Исто така, доделува неколку реномирани традиционални книжевни награди (мислам дека се вкупно 6) од кои веројатно наградите Стале Попов, Ванчо Николески, Димитар Митрев и Ацо Шопов за најдобро прозно дело, книга за деца, книга со теорија, критика и есеистика и поетска книга (по истиот редослед) издадена во годината која изминува се најважните.

На времето, пред 78 години, кога било основано Друштвото, реномето на истото и важноста на истото била толку голема што во една анегдота прочитав дека буквално на Министерот за култура во тоа време му треперел гласот кога ќе му се јавел Блаже Конески, за последниве години дури и секретарката на Министерот за култура да не сака да крене телефон на повиците од ДПМ. Толкава деградација му се има случено што буквално се маргинализира неговото значење.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.927
Каков пресврт претседателе, ова го нема ни во вашите романи! :pos:

Врска немам кои се луѓево ама ова е веројатно првата дискусија на македонски јазик од почетокот на интернетот до денес, во која не доминираат полуписмени морони. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom