Циркуз во Друштвото на писателите на Македонија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
togas na koj nacin se tie lugje vo DPM dokolku istite ne se pisateli, ova mi e malku paradoksalno, kako da si del na nekoja asocijacija ili pak sindikat, a pritoa da ne ja rabotas taa profesija koja sto toj sindikat ili pak drustvo gi pretstavuva?
Како не се писатели, не те разбирам? За да бидеш член на ДПМ нормално дека мораш да имаш издадено книги проза, поезија, драма или книжевна теорија, критика, есеистика.

vo koj aspekt e netocno? posto sum poprilicno siguren deka imas daleku povekje procitano knigi od makedonski avtori od mene, me interesira - zarem mnozinstvoto knigi napisani od makedonski avtori ne se ustvari romantika ili nekoj obidi za psiholoski trileri ili pak drami zacineti malku povekje so romantika?

skoro site promocii na knigi od makedonski avtori na koi sto sum bil bile so takva tematika, mozebi taka se pogodilo i mozebi ne e taka, no sepak smetam deka mnozinstvoto knigi od makedonski avtori se so takva tematika.
Е па кои се тие книги и автори де, тоа те прашувам. Неточно е од аспект што баш последниве 10-15 години кај нас се појавија плејада мнади автори кои издадоа навистина квалитетна литература која беше преведувана и на многу светски јазици. Можеби имаше своевидна стагнација во деведесетите и почетокот на новиот век, но денес не е така. И токму тие автори се генерално овие кои бараат промени.

koga vekje sme kaj knigi, ne bi bilo loso od strana na vas koi ste poiskusni t.e imate procitano soliden broj makedonski knigi da napravite lista na knigi od makedonski avtori koi vredat da se procitaat.
Бујрум: https://forum.kajgana.com/threads/100-македонски-романи-кои-мора-да-ги-прочиташ-во-животот.103735/

Иако ова веќе е листа која треба да update-ува, зашто има многу нови романи кои треба да се додадат.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Пред неколку години имав среќа да не прифатам работа за минималец од Претседателов. По скорешниве дешавки уште помило ми е што сум донел добра одлука. И тогаш продаваше ветер и магла и трчеше-лажеше и сега е таков.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Првата награда што ја освоив за краток расказ беше на конкурсот од Нова Македонија, некаде пред околу десет години. Имаше прво, второ, трето место и три откупни награди. Мојата беше од откупните. Христо Петрески освои прво место. На доделувањето награди во кафичот на платото кај Млечен, типот направи муабет дека откупни награди не се важни затоа што само првото место се важело, сѐ друго било за утеха.

Јас случајно се најдов до него, еј си помислив види го овај јак некој (тој ден првпат слушнав за него). Си зедов баничка од млечен Милениум и се вратив во Охрид. На првата средба од литературниот клуб во библиотека го прашав претседателот на клубот дали го знае некој Христо таму писател, очигледно е познат, а и јас го запознав. Остај, ми рече, не чепкај таму за твое арно, туку кажи како помина во Скопје. Од сиот настан ми останаа само киселини од баничката и една слика во главата засекогаш - Христо во маичка на полу-V со меморија од колонска вода и расцепена шишка.

Уште не можам да верувам дека тој беше лицето на ДПМ, но од друга страна, можеби и си соодветствуваат.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Го зезаа уште на времето сам кога си доделуваше награди, не е нешто ново или чудно од ликов ова.

„Христо Петрески му ја додели наградата „Христо Петрески“ на Христо Петрески“ е одамна позната реченица во книжевните кругови.

Само што, веројатно само кај нас може да опстојуваат и да бидат актуелни вакви шарлатани со години и во политика, музика, книжевност, сликарство, што сакате...

Еве и кај Трендо го имате муабетот.
„Ја повлече поднесената оставка која претходно беше повлечена откако неотповикливо беше поднесена?“
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
А знаете ли дека во неговата издавачка куќа Феникс ја има издадено лектирата Итар Пејо од Марко Цепенков? :pos: :pos: :pos:

1697550827422.png
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
Гарант скратена вррзија е.
Да, може Цепенков пред век и пол објавил скратена верзија на збирката раскази која Стале Попов прв пат ја објавил во 1956. :ROFLMAO:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
Ова сум го испуштил, не биле само десетина потписници на барањето до Христо и Кристина, туку скоро 100, што значи скоро цело членство. Веројатно кога го виделе ова сфатиле дека нема што да постигнат и се откажале во намерата да го држат друштвото во заложништво:

Screenshot_20231017_222152_Facebook.jpg
Screenshot_20231017_222211_Facebook.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
Сагата привршува!

По објавувањето на конкурсот за кандидатури Претседател и други тела на ДПМ кој траеше до вчера, денес конечно ДПМ ги објави кандидатурите: за Претседател на ДПМ има четворица, за Претседател на Собранието на ДПМ - двајца:

КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДПМ:

1. ЖИВКО ГРОЗДАНОВСКИ - македонски писател и книжевен преведувач, роден на 10 ноември 1986 во Кичево. Основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија Нова во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика). Автор на романите „Куфер за тројца“ (Или Или, 2014), „Последното име на иднината“ (Антолог, 2018), „Писмо за Глорија“ (Или Или, 2022), збирките раскази и кратка проза: „Приказни за тревите и други приказни“ (Антолог, 2011), „Отпечатоци врз коцки мраз“ (Темплум, 2009, 2016), „50 раскази - избор од 10 збирки раскази“ (под псевдонимот Жил Менар, Бегемот, 2019) и „Пет приказни од целиот свет“ (книга за деца, Чудна Шума, 2019). Беше кандидат за Претседател на ДПМ и во 2020.

1699187964828.png

2. БЛАЖЕ МИНЕВСКИ - роден 1961 год. во Гевгелија, е македонски раскажувач, романсиер и драматург. Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет - Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија.
Миневски е добитник на високи новинарски признанија: наградата „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија (двапати) и двапати прва награда за репортажа на „Нова Македонија“. Исто така, тој е добитник на книжевните награди: „Рациново признание“, „Стале Попов“, „Роман на годината“ и повеќе награди за расказ. Миневски е застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ, а неговите дела се преведени на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик. Врз основа на податоците од регистрираните позајмувања на книги во 26 јавни библиотеки во Македонија, Миневски бил најчитан писател во 2013 година. Автор на романите: „Црниот пердув“ (1990), „Балкан за деца“ (1996), „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (1998), „Приказна за третиот“ (2003) „Нишан“ (2007, добитник на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник), „Црна лисица“ (2012), збирките раскази „Солзи во очите на тате“ (1984), „Ниски вежби“ (1988), „Заседи за белиот сон“ (1992), „Ледно око“ (1996), „Сезона на глуварките“ (2001) како и многу драми, дел од кои објавени во збирката „Бивши луѓе“ (2000).

1699188856222.png

3. МИРЧЕ НЕШОВСКИ - роден на 29 ноември 1951 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Скопје. Автор на романите „Врховниот шеф на ѓаволот“ (2010), „Кабинетот на министерот Фауст“ (2012), „Experience“ (2009) и многу збирки поезија. Од тоа што видов на facebook, од пријавените кандидати најблизок до поранешниот претседател Христо Петрески.

1699189245459.png

4. ГОЦЕ РИСТОВСКИ - роден е на 8 април 1958 година во Осиче, Крива Паланка, е македонски прозаист, драмски автор, литературен и театарски критичар, есеист, колумнист, аналитичар, литературен преведувач, универзитетски професор. Работел како новинар во Нова Македонија. Декан на Факултетот за театарски уметности на Меѓународниот универзитет Еуропа прима. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Сојузот на литературни преведувачи на Македонија, на Балканската мрежа за култура и културолошки студии, на Здружението на новинарите на Македонија, на Светската асоцијација на театарски критичари. Негови текстови, литературни и театарски прилози и критики и научни студии се објавувани во „Слободна Далмација”- Сплит, „Поља”- Загреб, „Спизалит”, „Разгледи”, „Магазин 21”,„Млад Борец” „Сцена”, „Театарски гласник” и на повеќе портaли во земјата и странство, а негови книги се продаваат на значајни интернет продавници и библиотеки во САД и Европа и се чуваат во еминетни светски библиотеки - Библиотеката во Стејт Департментот во САД, Националната библиотека на [[Франција, Националната библиотека на Полска,, Националната библиотека на Австралија, библиотеката на Универзитетот во Стенфорд и др. За него постојат бројни референци на Интернет, а негови текстови се пренесувани на многу портали и веб страници, преведувани и на англиски. Бил аналитичар во рамките на проектот на УСАИД за зајакнуивање на медиумите во Македонија, подготвувајќи критички анализи на дискурсот. Автор е на романите: „Се е гола вода, мој Ѓорѓија“ (2010), „Врамување во пустелија“ (2012), „Претстава“ (2016), многу монографии, проза, есеи, драми, зборници, сценарија за 5 документарни филмови, преводи од бугарски и српски јазик.

1699189567420.png

____________________________________________________________________________________
За претседатели на Собранието на ДПМ, пак, кандидатури имаат поднесено:

1. ИВАН АНТОНОВСКИ - роден 1990, Скопје, е поет, есеист, книжевен критичар, книжевен преведувач и публицист. Дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како првенец на генерацијата. Автор е на неколку поетски книги, како и на едно прозно дело. Застапен е во повеќе домашни и меѓународни поетски антологии и зборници, а делови од неговото поетско творештво се препеани и публикувани и на неколку странски јазици. Автор е на десетина книжевни преводи, како и на поголем број студии од областа на книжевната историја и херменевтика, како и од областа на културологијата. Поголем број негови студии се објавени во зборници и во периодиката во земјава и во странство. Негови дела се и книгата со студии и есеи за книжевната теорија и за македонската книжевност „(Не)отворени прашања“ (2014) и збирката есеи и колумни „Острење од тапоста“ (2015). Коприредувач е на антологијата на најмладата македонска поезија и проза „Ветерот носи убаво време“ (2012 – во Република Македонија и 2014 – во Република Чешка, на чешки јазик) и на антологијата на македонската љубовна лирика „Од копнеж до ерос“ (објавена во превод и препев на српски јазик, 2014). Бил колумнист, уредник и надворешен соработник на неколку македонски електронски и печатени медиуми. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.

1699189753110.png

2. СТЕФАН МАРКОВСКИ - роден во Гевгелија, 1 декември 1990, е македонски писател, поет, сценарист... Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, како и на Институтот за Филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал Филмско и ТВ сценарио на Факултетот за Драмски Уметности. За романот „Еднонасочно“ во 2009-та ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ за роман на републичко ниво од Фондацијата „Рамковски“. Ја добил и наградата „Празник на липите“ од Друштвото на писателите на Македонија во 2022 година за најдобра песна напишана по повод истоимената манифестација. Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, филмско сценарио, како и на книжевни резиденции. Марковски е главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и е член на редакцијата на ревијата „Стожер“ во издание на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на романите „Еднонасочно“ (2009); „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ (2018); „Анатомија на бумбарот“ (2021), збирките раскази: „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (2015); „Смртта долетува насмевната“, (2017), „Фауст го трча плебејскиот круг“ (2020), неколку збирки поезија, психолошки и филозофски дела, една драма, и др.

1699190083378.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
Циркузот во ДПМ се уште продолжува, ништо не е завршено. Пак хронолошки ќе се обидам:

1. На 13.11.2023 Гоце Ристовски ја повлече кандидатурата за Претседател на ДПМ:
1707036928136.png

2. На 20.11.2023 Живко Грозданоски ја повлече кандидатурата за Претседател на ДПМ. Барем јас не сретнав образложение за неговото повлекување.

3. На 25.11.2023 се одржа закажаното вонредно собрание за избор на нов Претседател на ДПМ (останаа двајца кандидати - Блаже Миневски, поддржан од помладите членови, и Мирче Нешовски, пријател на Христо) и Претседател на Собранието (исто со двајца кандидати - Стефан Марковски и Иван Антоновски). Поради немање кворум работата на Собранието не продолжи. Помладите членови реагираа дека требало да се исклучат од бројот на активни членови писателите кои живеат надвор од државата, а и оние кои се во Скопје, можеби, бидејќи не им биле понудени и не добиле патни трошоци, за да се пресмета кворум. Но сето тоа беше отфрлено од ДПМ заради наводно прекршување на Статутот (иако ако добро се сеќавам, на претходното изборно собрание, за да добијат кворум баш нешто слично направија):
1707037559820.png

1707037613705.png

1707037659194.png
1707037712602.png
1707037750935.png


4. Продолжување на седницата за вонредно изборно собрание на ДПМ беше закажана за 27.01.2024:
1707037828734.png

1707037858879.png

5. На 12.01.2024 Стефан Марковски ја повлече кандидатурата за претседател на собранието на ДПМ:
1707038110471.png

1707037967506.png
1707037997930.png

6. На 22.01.2024 Блаже Миневски ја повлече кандидатурата за Претседател на ДПМ:
1707038208627.png
1707038236724.png

7. Информација за престојното изборно собрание од ДПМ:
1707038289745.png
1707038325565.png

8. На 23.01.2024 поранешната претседателка на ДПМ, Соња Стојменска-Елзесер , во некоја радио-емисија, чинам, обелоденила дека во Централен регистар се архивирани два статута на ДПМ, првиот оној по кој ДПМ работи и кој е објавен на нивната страница, од 2009 година, а вториот од 2011, за кој изгледа никој од раководството не знае. Со оглед на тоа што Друштвото треба да работи според последниот архивиран статут, т.е. оној од 2011, се испоставува дека многу нешта во ДПМ низ последните години биле нелегитимни:
-според новиот статут Претседателот имал мандат од 2, а не од 4 години
-според новиот статут функција Претседател на собрание на ДПМ не постоела, значи Кристина Николовска работела на непостоечка позиција, а на изборното собрание се распишувале огласи и избирале кандидати за непостоечка позиција:
1707038716799.png

9. На 23.01.2024 Иван Антоновски ја повлекува кандидатурата за Претседател на собранието - функцијата што не постои:
1707038823833.png
1707038850808.png

10. По обвинувањата дека работат по нелегитимен статут, се јави Христо:
1707038923765.png

на што, дел од одговорите, зашто конечно овозможија одговори на фејсбук страницата:

1707038960289.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
1707039049065.png
1707039081049.png

11. ДПМ не се откажува од изборното собрание, иако само „нивниот“ кандидат остана:
1707039168680.png

12. Христо отишол во Централен регистар каде му кажале дека понов статут од тој од 2009 нема, и уште тврди дека работеле легитимно:
1707039242057.png

13. Без коментар...
1707039287594.png
1707039323909.png
1707039352918.png
1707039388898.png
1707039417730.png

14. Христо пак отишол во ДПМ и му кажале дека го излажале - ДВА СТАТУТА ИМАЛО :pos:
1707039493294.png

15. Според новиот статут, пред 2 дена Христо закажа редовно изборно собрание на ДПМ во мај, зашто по 2 години му завршува мандатот. Се поставува прашањето како ќе обезбедат кворум тогаш. Или ДПМ ќе згасне?
1707039581293.png

...to be continued, веројатно. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom