- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.943
- Поени од реакции
- 37.178
Не знам дали некого го засега и дали некој воопшто прати каква рашомонијада се случува во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) последниве неколку денови. Ако не, еве, па да видиме што мислите, или ако не, само за пукање сеир, па ако треба и ќе ја преместиме темава во ЧДА. Хронолошки:
1. Во мај 2022 се одржа редовно изборно собрание на ДПМ, на кое за нов претседател на ДПМ со освоени 69 гласови од присутните писатели беше избран Христо Петрески, основач и директор на издавачката куќа Феникс. Неговиот противкандидат Живко Грозданоски освои само 8 гласа помалку. За претседателка на Собранието на ДПМ беше избрана Кристина Николовска, а за членови на претседателството на ДПМ: Весна Мојсова Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска, Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска.
После изборот, Живко Грозданоски го призна поразот, му честиташе на противкандидатот, со надеж дека сепак ДПМ ќе тргне кон некои нови текови, најмногу заради членовите на Претседателството, во кои писателот Гроздановски кажа дека верува. Помеѓу писателската фела, особено помеѓу помладите, но и некои од постарите писатели владееше истото мислење - разочарани и скептични дека нешто ќе се оправи по изборот на Христо Петрески и Кристина Николовска, но со верба дека деветте члена на Претседателството ќе имаат корективна улога и нема да му дозволат на претседателот да управува самоволно, како што се случувало со децении наназад.
2. На 04.10.2023 осум од девет члена на Претседателството на ДПМ (Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска, Александра Јуруковска и Бранко Цветкоски) поднесоа оставки од функциите поради горе долу слични причини, а како пример ја посочувам изјавата на Бранко Цветкоски, поет, критичар и издавач:
4. Првата реакција на ДПМ (сега веќе со двајца личности во врвот: Христо Петрески и Кристина Николовска) беше следно:
на што голем број писатели одговорија:
(на коментарот на Лидија Димковска имаше дрзок коментар од редакцијата на наводен онлајн магазин Кирилица.мк, полна со навреди кон писателката, кој подоцна беше избришан, а за жал не успеав да направам screenshot. Кога пребарав на Google импресум за Кирилица.мк, единствено што најдов е дека е онлајн магазин од издавачката куќа (погодете која!) - ФЕНИКС! Ништо чудно коментарот да беше од самиот Христо Петрески)
EDIT: Го најдов коментарот, среќа некој друг направил screenshot, благодарност до него:
5. Ден потоа, на 09.10.2023 во 07:48, претседателот Христо Петрески поднесува НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, наводно од ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ:
6. На 09.10.2023 претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, свикува вонредно изборно собрание за 25.11.2023, иако во повикот не е посочено за кои функции ќе заседава Собранието. Писателите бараат на вонредните избори одново да се бира претседател на ДПМ, претседател на Собрание на ДПМ и членови на Претседателство на ДПМ. Одговор за тоа што ќе се бира, немаше:
7. Денес, 14.10.2023, во 11:33, (сега веќе) поранешниот претседател на ДПМ, Христо Петрески, најпрво го брише зборот НЕОТПОВИКЛИВА од неговата оставка:
8. а потоа ја повлекува оставката, велејќи дека била изнудена под притисок (иако нели од здравствени причини беше ):
9. Нормално, следеше бура од реакции од писателите:
Намерно ставав screenshot-и, да не му текне на некој да избрише коментар или да уреди повторно, зашто ова злато вреди. Земете пуканки, наместете се, сред клифхенгер сме... Што ќе биде следно, ќе видиме.
...to be continued!

3. Голем дел од писателите го дигнаа гласот против претседателот Христо Петрески и претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, повикувајќи ги да свикаат нови избори и на претседател, и на претседателка на собранието и на нови членови во Претседателството, наводно после обидите на Петревски да ги замени осумте члена кои поднеле оставки со нови, веројатно блиски до него и да продолжи со самоволието при донесување на одлуките во Друштвото.Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното Претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА на моето членство во Претседателството.