Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.696
Поени од реакции
12.109
фала вмро, фала есдеес. ќе развивале економија ...со расол, после цацко ќе ви е крив

Banesa ne Shkup
111EUR
Numri i dhomave: 5 Sipërfaqe: 100 m2 Lloji i shpalljes:Shitet Publikuar nga: Kompani Komuna:Zubin Potok

Shiten banesa ne qender te komunes Gjorce Petrov, prane rethrrotullimit,gati per dy vjet
Shitësit të Besuar Aquaduct residence
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
5.077
Волшебствата на урбано Скопје за 1500€ квадрат
9a23091e-c0e4-4553-9248-e42384cad363.jpg 82cbdaaa-c2f9-4a63-96cc-36e0e063c7da.jpg
Еден прав ѕид нема
На вторава слика незнам ни како се влага во спална. Сигурно преку балкон вртиш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.706
Поени од реакции
35.155
Волшебствата на урбано Скопје за 1500€ квадрат
Прегледај го приврзокот 413007Прегледај го приврзокот 413008
Еден прав ѕид нема
На вторава слика незнам ни како се влага во спална. Сигурно преку балкон вртиш.
Практичен стан, живеалиште и тест за интелигенција во едно, ја жениш таа што ќе успее да го најде патот до спалната.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.282
Не знам зошто растат. Но до кога?
 
Член од
29 март 2024
Мислења
262
Поени од реакции
506
Не знам зошто растат. Но до кога?
Трошоци за градба се зголемени + цена на земја е порасната

Незнам дали некој од форумов има правено куќа или менувал нешто големо ама мајсторите моментално ГОРАТ
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
5.077
Па јбг нарушен е соодносот на финансиските примања со пазарот на недвижнини, и воопшто целокупниот потрошувачки пазар.
Инфлаторна политика на која никако да се стави крај.

Ако 2018год. си земал 500€ плата а цената на квадрат била 1000€/м2
Сега земаш 600€ плата а цената на квадрат пораснала на 1800€/м2

Значи ако 2 плати купувале 1м2. Денес ти требаат 3 плати за 1м2. Едноставно растот на платите не го отсликува растот на цените.
Ама ете се одржава некако пазарот. Има ваљда голем прилив од странство.
 
Бинго. Точно така, приливот од странство ги качува цените, одат надвор,работат штедат, не знаат попаметен начин да ги вложат парите, па одат на сигурно, купуваат стан, недвижнина.
Но ако им стојат парите во банка, барем камата ќе земаат, а вака празен стан не издаден, бидејќи они се во странство, во загуба се повеќе. Не знам до кога ќе растат и дали ќе растат или ќе почнаат да опаѓаат.
 
Нашинците обично што купуваат тука од странство неможат да си дозволат да купат имот во земјите кадешто живеат.
Повеќето се такви, имам неколку пријатели. Доживотно ке седат под кирија таму а тука ке се испрчат со имот да дигаат чалам кога ке дојдат. Такада со странска плата 150-200 илјади евра не е многу.

Вториот тип на нашинци се што имаат повеќе имоти во странство па тука купуваат за кога ке дојдат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Па нормално дека ќе седат под кирија кога не даваат кредити, без 300к во странство неможеш до нормално станче во нормална урбана населба да дојдеш, ваму ќе си купат за 60 70к, ама им стојат празни. Тоа ги крева цените, но до кога. Првата генерација го прави тоа, обично нивните деца нема да сакаат да купуваат имот ваму во мк, туку ќе го продаваат и тој постоечкиот, за да си купат таму кај што израснале, во странство. Па после младите, децата, ќе продаваат, но ќе нема кој да купува, зашто старите веќе купиле во мк, имаат,а млади нема во мк заинтересирани д акупат, ниту има па кој да седи под кирија за да ги издаваат ако ги купат.

Пример Бугарија, колку паднаа цените одкако влезе во ЕУ, цели села се проодаваат за 5 до 10к.
Лично мислам дека ќе паѓаат цените понатаму.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.255
Поени од реакции
36.015
Бинго. Точно така, приливот од странство ги качува цените, одат надвор,работат штедат, не знаат попаметен начин да ги вложат парите, па одат на сигурно, купуваат стан, недвижнина.
Но ако им стојат парите во банка, барем камата ќе земаат, а вака празен стан не издаден, бидејќи они се во странство, во загуба се повеќе. Не знам до кога ќе растат и дали ќе растат или ќе почнаат да опаѓаат.
Како се во загуба? Ако купиле стан пред година и пол во Капиштец за 1,400 евра сега истиот може да го продадат за 2,000 евра. Која банка ќе ти даде таков поврат за две години?
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.282
Како се во загуба? Ако купиле стан пред година и пол во Капиштец за 1,400 евра сега истиот може да го продадат за 2,000 евра. Која банка ќе ти даде таков поврат за две години?
Да моментално растат, но тоа е зашто сега има кој да купува, има заинтересирани, понатаму ќе нема, зашто земјава не е атрактивна локација за емиграција. Наталитет нема, а младите обично купуваат станови или седат под кирија, ќе почнат да опаѓаат по 10 макс 20 години
 
Поздрав_од_Бугарија

Питат ли ме деj зората...
Член од
9 јануари 2022
Мислења
142
Поени од реакции
131
...

Пример Бугарија, колку паднаа цените одкако влезе во ЕУ, цели села се проодаваат за 5 до 10к.
Лично мислам дека ќе паѓаат цените понатаму.
Во поне цела Бугарија, цените на недвижностите паѓаат, но цените во Софија, Пловдив, Русе, Варна и Бургас постојано растат. Веќе долго се зборува дека тоа е поради ценовен балон што во секое време може да се искокне, но така се зборуваше и пред 3-4 години, а цените продолжуваат да растат. Во Софија масовно се гради и во добро уредените квартали, со добро меѓублоковско пространство со зеленило - дрвјата се сечат и помеѓу блоковите растат нови блокови. Веќе на места можеш да се здравиш со соседот од спротивната зграда.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.435
Поени од реакции
22.780
Да моментално растат, но тоа е зашто сега има кој да купува, има заинтересирани, понатаму ќе нема, зашто земјава не е атрактивна локација за емиграција. Наталитет нема, а младите обично купуваат станови или седат под кирија, ќе почнат да опаѓаат по 10 макс 20 години
ova ponatamu veke 30 godini ceka nekoj da dojde i seuste ne doaga... :pos:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.706
Поени од реакции
35.155
Како се во загуба? Ако купиле стан пред година и пол во Капиштец за 1,400 евра сега истиот може да го продадат за 2,000 евра. Која банка ќе ти даде таков поврат за две години?
Многу ме интересира кој им ги купува тие старите станови. Од тоа што гледам новите се продаваат без проблем, а стариве имаат по 500 коментари на ФБ и сите се пцуење или сеир за цените, едни те исти станови се вртат со месеци. Ако навистина сака да го продаде тој во Капиштец, ќе треба да го стави за 1600.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom