Размислувам да се преселам да живеам сама, моментално сум со цимерка. Ги гледам становите за издавање, гарсоњерите сите се од 150-200 евра. Станови со една спална соба за нијанса поскапи. Па си мислам подобро ќе дадам уште некој денар, да инвестирам во мој стан. Ме интересира доколку има некој поупатен каква е состојбата за инвестирање во недвижности? Читав уназад во темава, некои велат дека моментално цените за м2 се високи и дека се очекува нивен пад. Сепак е инвестиција и би сакала добро да истражам и да ги испитам сите можности, и секако да ја одберам најекономичната.
Цените се високи, бидејќи македонските градежни газди држат монопол и тешко да паднат, освен ако владата не интервернира со некој закон за големи даноци за тие што имаат над 3-4 станови и пазарот да се преплави со станови, па на тој начин да падне цената.
Економската теорија за инвестиција во недвижнини вели, стан треба да се исплати од ќирија во рок од 15-20 години.
200х12=2400е х 20 = 48.000е, значи стан што планираш да го купиш со 200е месечна рата за 20години треба да вреди нешто помалку од 50к евра.
Скоро сите нови станови што се прават имаат занаетчиски работи што треба да се реновираат после 5-7 години (сум живеел во таков и знам) и тоа се уште барем 5000е (нова браварија, делови во вц) и плус голем дел од новите станови не се приклучени на парно, а и голем дел од станарите на зградите не сакаат на парно, бидејќи му е скапо.
Ова јас би го сведил во 2 реченици, купуваш стан од 50к и после 5 години треба да го реновираш, и треба да се грееш на греалки. Многу пари и никаква комоција.
Ако планираш да купиш стан многу подобра опција ти се турските згради, отколку македонските, барем по тоа што го служам за парите ги даваш добиваш далеку подобри услови и услуги.