Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако нешто треба да се спречи како јавност тоа е штетните договори. Данок е данок, може полесно да се корегира, вкрај парите одат во државна каса, ама зијанот од штетниот договор си трае додека не истече договорот.

Мислам оти главната финта со продажбата на ОКТА на Хеленик Петролеум беше тоа што тогаш им признаа фиксен трошок од 2о и некој долар по тон нафта од Солун до Скопје. Тоа беше 98-99 година кога цените на нафтата на светските берзи беа 15-30 долари за барел и во тоа време беше ептен мрсна надокнада како компензација за изградбата на нафтовод, неколкукратно повеќе од тоа да се довезе нафтата со цистерни од Солун. Но се промени ценовниот тренд на суровата нафта, имаше меѓусебни обвинувања за кој која провизија ја зел, ама овие фиксни признаени трошоци станаа мали за нафта која чини 80 долари па нагоре. Го имаше едно време договорот на влада.мк со анекси ама веќе го нема, малку по сеќавање зборам, ако некој има линк нека посочи.

Втора квака што ја ценам, е дека се признава цена на Брент нафта како референтна цена, но рафинеријата не преработува таква нафта, туку руска, мисла дека е тип урал. Сега секако дека референтна цена е брентот за европа, ама никаде немате во тие јавни достапни договори како се признава цената на набавната нафта во признаени трошоци. А руската нафта е поефтина за неколку десетина долари по барел, уште ако има повеќе сулфур, уште поефтина, ама со цена по околината и џебот на народот. За овие работи нема кој да истражи, експерти кои ја познаваат проблематиката се малку на број и лесно се вклучени во сите тие зделки, а новинарите се или тапа или немаат интерес да истражуваат.
Ова е за транспорт по тон преку нафтоводот, инаку годишно мораме милион тони нафта да увезуваме, исто според договорот. И бидејќи нема што да и правиме на толку нафта, доволно ни е пола од тоа, и таа квота не може да се исполни (за што може да не тужат пак) Грците земаа да наплаќаат и по 30 долара од тон за да остварат профит со нафотводот. А за таа сметка, железници, со кои се транспортираше порано нафтата, исто претрпеа огромна загуба. Плус, не верувам дека целиот договор со сите анекси воопшто може да се најде во Влада.

Јас не гледам причина зошто регулаторна не може да го одреди квалитетот на нафтата, а соодветно на тоа и цената, освен ако и тоа не е регулирано со тој договор. :)
 
HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Ако девојка ти ти вика дека не ја носиш на скапи места однеси ја на бензинска :)
 
Zan zivotnoto

Jean l`animal
Член од
30 јуни 2010
Мислења
29
Поени од реакции
24
Ова е за транспорт по тон преку нафтоводот, инаку годишно мораме милион тони нафта да увезуваме, исто според договорот. И бидејќи нема што да и правиме на толку нафта, доволно ни е пола од тоа, и таа квота не може да се исполни (за што може да не тужат пак) Грците земаа да наплаќаат и по 30 долара од тон за да остварат профит со нафотводот. А за таа сметка, железници, со кои се транспортираше порано нафтата, исто претрпеа огромна загуба. Плус, не верувам дека целиот договор со сите анекси воопшто може да се најде во Влада.

Јас не гледам причина зошто регулаторна не може да го одреди квалитетот на нафтата, а соодветно на тоа и цената, освен ако и тоа не е регулирано со тој договор. :)
Дали сите анекси беа приложени не можам да тврдам, ама едно време ги имаше на сајт на влада, по сеќавање коментирам. И баш тоа е поентата, да бидат ваквите договори со време достапни, додека е жешко, не по икс години, и пак на памет да правиме муабет.

Не верувам дека регулаторна се бави со тоа, си имаат они правилник и им пишува брент цена за нафта и чао, трошоците така им се признаваат. Да не навлегуваш премногу длабоко по правилници е поисплатлива дејност отоклку даси поставуваш чудни прашања, доказ сме ние двајцата :)
 
И тоа како, само некој мора да ги постави тие прашања, зошто вака излегува дека ОКТА и регулаторна не крадат.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.243
затоа вешот го вадат само во крајна нужда (поголема :))

Инаку една колешка спомна дека и Словенија им ја качиле цената -Како је цена отишла код нас на еуро и педесет, како је скупо...Ако на нив им е скупо со 1100 еура плата...а тек да ја имаат Окта

Македонија во Топ 10 земји по цените на горивата
Британскиот магазин „Економист“ пресмета дека за една година најмногу поскапеле горивата во Италија и во Унгарија. Со 10% раст на цените на горивата високо котираат САД, Канада, Шведска. Иако „Економист“ не ја рангира земјава, податоците од Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека Македонија е меѓу 10-те земји во светот со најголем раст на цената на бензините, анализира економскиот весник ,,Капитал'', во вчерашниот број.

Според него, Македонија е рамо до рамо со високоразвиените земји, како САД, Канада, Јапонија, Шведска и Германија, но не по економски раст, извоз или животен стандард, туку по растот на цените на горивата за период од една година. Анализата на британскиот магазин „Економист“ покажува дека за периодот февруари 2011-2012 година рекордно поскапеа бензините во Италија, дури 18% за една година. Зад рекордерот Италија се Унгарија, каде што бензините поскапеа за 17%, и Полска со 14%.

Меѓу 30-те земји од светот со рекордно поскапување на горивата на врвот се и Полска, Литванија, Ирска, САД, Словенија, но и Македонија. Иако „Економист“ никаде не ја сместува земјава во рангирањето, ако се анализираат фактичката состојба и податоците од Регулаторната комисија за енергетика, Македонија е меѓу 10-те земји од светот, бидејќи во периодот февруари 2011-2012 година бензините поскапеа за дури 9%.
Според анализата на „Економист“, направена врз основа на информациите од Ројтерс, Јапонскиот информативен центар за нафта, Австралискиот институт за нафта и Канадскиот центар за природни ресурси, помал раст на цените на горивата од Македонија имаат Грција, Луксембург, Австралија, Чешка, Норвешка, Литванија, Белгија, Шпанија и Австрија, каде што за една година бензините поскапеа за 7% и 8%. Бензините најмалку поскапеа во Јапонија (4%) и во Швајцарија (3%). Рангирањето покажува дека само во Франција бензините поевтиниле и тоа за 1%.

Во Македонија, пак, во февруари минатата година еуросупер од 98 октани чинеше 78,5 денари за литар, во време кога нафтата на светските берзи чинеше 106 долари за барел, а еден долар 45,04 денари. Во февруари годинава, литар бензин од 98 октани чинеше 85,5 денари, барел нафта 121,68 долари, а еден долар 46,48 денари.

OhridNews

2

03.04.2012 07:00​

Прочитана е : 949 пати​

© 2012 Ohridnews.com​
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.333
so ima vrska OKTA neka ne se vadaat sega na OKTA !!!! koga 40 denari e AKCIZA KoN DRZAVATA NA LITRO BENZIN t.e 39 E epa aj sea racunajte a taa akciza treba da sluzi za patista i infrastruktura
Има врска повеќе отколку процентот за буџетот. Зошто не се отворат сите вакви случаи, сите сомнителни и штетни договори за Македонија. Нека почнат со тогашниот премиер и министрите кои учествувале во потпишувањето па нека продолжат и со анексите. Ако се докаже дека не се на наша штета, ок. Потписниците и директорот за приватизација не се богови.

- Аферата се однесува на продажбата на ....
Најспорен дел во него, беа анекс-договорите со кои се предвидуваше обврска на државата секоја година од рафинеријата да откупува одредено количество нафта, независно од тоа дали горивото и е потребно или не, при што, според процени, државата била оштетена за околу 900 милиони евра.

За ОКТА се предлагаат кривични пријави 16 октомври 2006
Антикорупциската комисија донесе заклучок за поведување иницијатива до јавниот обвинител за покренување кривична постапка против лицата вклучени во склучувањето на договорот.

Соопштение за ОКТА и Фершпед 30. 08. 2007
Државната комисија за спречување на корупцијата, ...

Инволвираните не само што мува не ги лази туку некои од нив се пратеници, некои градоначалници, некои си тераат милионски бизниси
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
* многу ефикасен систем и судство имаме - крадеш литар гориво или киловат струја - одговараш и за тие што украдиле милионски суми...........
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.243
Да чекаме уште едно поскапување?
Четврток, 05 Април 2012 13:37​

Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Двете најголеми нафтени компании во Грција нема веќе да добиваат нафта од Иран, објави иранската телевизија „Прес-ТВ“.

Иранските нафтени испораки се запрени за Хеленик петролеум (ЕЛПЕ) /Hellenic Petreleum/ и Мотор оил Елас /Motor Oil Hellas/ заради неплатени сметки.
Во февруари оваа година Иран објави дека прекинува со нафтените испораки за британски и француски компании. Чекорот беше одговор за одлука на ЕУ за прекин на увоз на иранска нафта од 1 јули оваа година.
Делот на ирански нафтен извоз за ЕУ е околу 18 отсто. Главни потрошувачи на иранска нафта во Западна Европа се Италија, Шпанија и Грција.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Лукоил купува нафта од Грција или се снабдуваат од друго место?
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Лукоил купува нафта од Грција или се снабдуваат од друго место?

имаа рафинерија во бугарија ама ја затворија поради неиспалтливост.....мислам дека во србија отварат сеа......и директ носат од русија само незнам по кој нафтовод......и јас тоа се питам
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
имаа рафинерија во бугарија ама ја затворија поради неиспалтливост.....мислам дека во србија отварат сеа......и директ носат од русија само незнам по кој нафтовод......и јас тоа се питам
Грешка си нешто рафинеријата во Бургас Бугарија е најголема на балканот и не ја затварат пред некое време соопштија дека ќе инвестират дополнителни 1,5 милијарди во неа а веќе имат инвестирано многу во неа горивата ги исполнуват сите ЕУ стандарди.
Равинеријата има обрат на нафта годишно 4-5 милијарди евра.
Нашиот Лукоил Македонија не знам од кај набавува сигурно од Бургас.

А стварно ја затвараа рафинеријата во Бургас имаа проблем со даночната уптава им наложија да монтират некој апарати кој ќе праќат податоци во даночната управа колку нафта излегува од рафинеријата,но го решија тој проблем сега работат пак.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Бензинот ќе „вози“ со 90 денари?

Се шпекулира дека цената на горивата во земјава в понеделник ќе се коригира нагоре и ако се следи трендот на поскапувања во земјите во регионот, тогаш кај нас би требало да скокне за најмалку 1,5 денар
Цените на горивата в понеделник би требало да „возат“ со 90 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ) ќе одлучува за цената на горивата, а познавачите на нафтениот бизнис во земјава кои ги прашавме тврдат дека веќе се најавени корекции на цените, но за колку, никој не може точно да пресмета. Тоа го потврдуваат и на самите станици и велат дека им е најавена корекција, но дали нагоре или надолу, не знаат. Сепак, ако се следи трендот на поскапувања во земјите во регионот во текот на неделава, тогаш цената во земјава би требало да скокне за 1-1,5 денар и да ја сруши границата од 90 денари за литар.

„Дневник“ истражуваше и се обиде да направи пресметка по која цена ќе се продаваат бензините в понеделник. Но факт е дека никој во земјава, освен регулаторите, не може да ја „провали“ формулата по која се формира цената на горивата во земјава. Само се знае дека во нејзиното формирање влегува цената на нафтата на светските берзи и односот на курсот на доларот во однос на денарот.

Од последното покачување на цената на горивата во земјава до вчера цената на нафтата на светските берзи осцилираше и просечната цена за овој период, која би требало да ја земат и регулаторите, изнесува околу 124 долари за барел. Таа е пониска за еден долар од претходната просечна цена од 125 долари за барел, на која се утврдуваше минатата корекција на цените на горивата. Инаку, вчера цената на нафтата „брент“ изнесуваше 123,29 долари за барел, а во овој период најниско се спушти до 122,5 долара за барел, а максимумот беше 125,4 долари за барел.

Kурсот на доларот во однос на денарот исто така беше стабилен и по таа основа не требаше да има некое драстично покачување на цените на горивата. Но, с` до вчера, кога се случи промена и од просечни 46 денари за долар курсот дојде на ниво од 47 денари за долар.

Сепак, според познавачите, ова нема да влијае многу на регулаторите бидејќи пресудни и овој пат ќе бидат показателите за цената на нафтените деривати на светскиот пазар, за кои тешко се добива информација за тоа колку растат.

Од Регулаторна комисија за енергетика вчера не добивме коментар дали се готви ново поскапување на горивата. Инаку, според цените на горивата во Европа и во регионот, Македонија е поскапа од Србија, Романија, Босна, Албанија, Русија.

За една година бензините поскапеа за 13 проценти

Во Македонија само за една година цените на горивата се зголемија за околу 13 отсто, покажуваат споредбите за цените на горивата на крајот на март лани и годинава, кога беше последната корекција. Македонија е меѓу мал број европски земји што имаат двоцифрен пораст на цените на горивата за една година. Податоците говорат дека лани на крајот на март цената на „евросупер 98“ била 10 денари пониска од сега и изнесувала 79 денари, или само за една година има покачување од 12,7 отсто. Иста е состојбата и со „евросупер 95“, кој лани истиот период се продавал по цена од 77,5 денари, додека дизелот лани бил со пониска цена за 6 денари од сегашната цена, која изнесува 75,5 денари.

Психолошката граница - 120 денари?

Засега никој не се осмелува да направи анализа која е психолошката граница за цената на горивата во земјава. Се шпекулира дека многу брзо цената би достигнала 100 денари, а до крајот на годинава и 120 денари за литар. Но ниту Владата ниту експертите не излегоа со анализа дали, кога и при која цена на нафтата на светските берзи тоа би можело да се случи и кај нас и дали и какви мерки би се презеле. Ниту една од надлежните институции во земјава не сака да излезе со став за тоа која цена е границата над која Владата ќе преземе конкретни мерки. За разлика од нас, Хрватска ја постави таа граница на 12 куни, односно 1,64 евро. Според најавите, доколку цената во Хрватска ја надмине таа граница, владата ќе ги намали акцизите за горивата.

Извор: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1CC083EB72ACE240988FEDFBFEFF7656
 
S

Shellshock nam67

Гостин
НАЈВЕРОЈАТНО ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА В ПОНЕДЕЛНИK СО НОВ МАKСИМУМ

Александра Филиповска

резултати од Преродбата :drk::drk::drk::гомце:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom