Z
zmej gorjanin
Гостин
Ова е за транспорт по тон преку нафтоводот, инаку годишно мораме милион тони нафта да увезуваме, исто според договорот. И бидејќи нема што да и правиме на толку нафта, доволно ни е пола од тоа, и таа квота не може да се исполни (за што може да не тужат пак) Грците земаа да наплаќаат и по 30 долара од тон за да остварат профит со нафотводот. А за таа сметка, железници, со кои се транспортираше порано нафтата, исто претрпеа огромна загуба. Плус, не верувам дека целиот договор со сите анекси воопшто може да се најде во Влада.Ако нешто треба да се спречи како јавност тоа е штетните договори. Данок е данок, може полесно да се корегира, вкрај парите одат во државна каса, ама зијанот од штетниот договор си трае додека не истече договорот.
Мислам оти главната финта со продажбата на ОКТА на Хеленик Петролеум беше тоа што тогаш им признаа фиксен трошок од 2о и некој долар по тон нафта од Солун до Скопје. Тоа беше 98-99 година кога цените на нафтата на светските берзи беа 15-30 долари за барел и во тоа време беше ептен мрсна надокнада како компензација за изградбата на нафтовод, неколкукратно повеќе од тоа да се довезе нафтата со цистерни од Солун. Но се промени ценовниот тренд на суровата нафта, имаше меѓусебни обвинувања за кој која провизија ја зел, ама овие фиксни признаени трошоци станаа мали за нафта која чини 80 долари па нагоре. Го имаше едно време договорот на влада.мк со анекси ама веќе го нема, малку по сеќавање зборам, ако некој има линк нека посочи.
Втора квака што ја ценам, е дека се признава цена на Брент нафта како референтна цена, но рафинеријата не преработува таква нафта, туку руска, мисла дека е тип урал. Сега секако дека референтна цена е брентот за европа, ама никаде немате во тие јавни достапни договори како се признава цената на набавната нафта во признаени трошоци. А руската нафта е поефтина за неколку десетина долари по барел, уште ако има повеќе сулфур, уште поефтина, ама со цена по околината и џебот на народот. За овие работи нема кој да истражи, експерти кои ја познаваат проблематиката се малку на број и лесно се вклучени во сите тие зделки, а новинарите се или тапа или немаат интерес да истражуваат.
Јас не гледам причина зошто регулаторна не може да го одреди квалитетот на нафтата, а соодветно на тоа и цената, освен ако и тоа не е регулирано со тој договор.