Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
зарем не се големи за она што го добиваме ?! некои возила нивните фирми не сакаат да ги увезат во земјава - заради неквалитетното гориво кое се точи на бензиските пумпи
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонија има најниски давачки за нафтени деривати. Значи во главно е ОКТА крива за цената на безнинот не е најниска во Европа.
Значи да бидеме на јасно, јас договорот со Окта не го потпишав, го потпиша институцијата Влада на Република Македонија. Окта е приватен субјект чија цел е заработка на пари. Причина и последица.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
Јас само знам еден муабет кој ми го кажа еден вработен од киа моторс, дека нашава нафта во Германија не ги задоволува квалитетите/критериумите ни за греење, камо ли за возење, појака нафта користеле за греење, а ние овдека ја користиме за возење.
не сум сигурен дека е баш така...
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151

Македонија има најниски давачки за нафтени деривати. Значи во главно е ОКТА крива за цената на безнинот не е најниска во Европа.


taka izleva, ama nekoj so okta pravese stetni dogovori.......znaeme koj e i toa mu e gooolema greska......e sto ne praat % i provizii........da e okta realna benzinot so ovie davacki koi navistina se niski no ne se mala ke bese barem 7-8 denari poeftin
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Значи да бидеме на јасно, јас договорот со Окта не го потпишав, го потпиша институцијата Влада на Република Македонија. Окта е приватен субјект чија цел е заработка на пари. Причина и последица.
Договорот од 1999 со Окта го потпиш Владата на Љупчо. Иако има регулаторна комисија Окта ги мота како сака со милион изговори за да ја зголеми цената. Да, во главно проблемот лежи во тоа што договорот и гарантира монопол на Окта до 2019. Самата приватизација по себе не е проблем проблем е што пазарот не е либерализиран.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.764
Поени од реакции
18.337
Договорот од 1999 со Окта го потпиш Владата на Љупчо. Иако има регулаторна комисија Окта ги мота како сака со милион изговори за да ја зголеми цената. Да, во главно проблемот лежи во тоа што договорот и гарантира монопол на Окта до 2019. Самата приватизација по себе не е проблем проблем е што пазарот не е либерализиран.
Да, само што има потпишано писмо со кое се иницира приватизација на ОКТА, кое е искористено на судењето во арбитражниот суд во Париз со кое и се наложува на Македонија преку ОКТА тогаш на "Мамид оил Џет оил" да и плаќа оштета на компанијава со која ОКТА имала потпишано ексклузивен договор уште 1993 г. Башка што на судењето е викан 50 пати ко сведок, а не се појавил. И што е најинтересно сите тие писма и анекси кои содржат интересни работи а каде стои најверојатно и негов потпис, ги снемува по паѓањето од власт на ВМРО во 2002 ра. Тоа писмо го имаат приложено Грците, така да нека не те чуди што сега ги ебаваат како сакаат и неќат ни на разговор да ги примат. А Груевски си ќути и не превзема ништо пошто е усран, да не беше усран, до сега сигурно ќе гледавме спектакуларни апсења и на Љубчо и на Стојменов и на Маријан Ѓорчев. Тие се потписници само на меморандумот, тоа е првата страна од договорот, а спорните анекси никаде ги нема, иако во пракса гледаме дека се извршуваат. Плаќаме огромни пари за ефтина руска нафта без можност на регулаторна да и го провери квалитетот, што значи плаќаш за нешто што не си го добил, така да не ви држат споредбиве со Европа. И тоа сме обврзани да увезуваме огромни количини на нафта, мазут и гас.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Договорот од 1999 со Окта го потпиш Владата на Љупчо. Иако има регулаторна комисија Окта ги мота како сака со милион изговори за да ја зголеми цената. Да, во главно проблемот лежи во тоа што договорот и гарантира монопол на Окта до 2019. Самата приватизација по себе не е проблем проблем е што пазарот не е либерализиран.
Каде министер за финансии беше кој?
Проблемот лежи во лакомоста, цехот секој ден го плаќаме. И нема да плукам по Окта, она е приватен субјект, ќе плукам по Влада она ставила потпис на грабежот.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Каде министер за финансии беше кој?
Проблемот лежи во лакомоста, цехот секој ден го плаќаме. И нема да плукам по Окта, она е приватен субјект, ќе плукам по Влада она ставила потпис на грабежот.
За големи договори и приватизации одговорен е премиерот а не министерот за финансии. На крајот на краиштата потписот на договорот е од премиерот. Како и да е. Сегашната влада во основа може да ја намали цената на горивата ако ги намали двачките кој и онака се релативно мали што би направило дупка во буџетот која мора да се покрива на други начини. Друго нешто чудно се случува со регулаторна комисија. Цената е повисока сега на горивата од 2008 кога цената на сурва нафта во денари беше повиска од сега дали Окта се изборила за повисоки останати производствени трошоци незнам само малку е сумљиво.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.201
Поени од реакции
25.911
Каде министер за финансии беше кој?
Проблемот лежи во лакомоста, цехот секој ден го плаќаме. И нема да плукам по Окта, она е приватен субјект, ќе плукам по Влада она ставила потпис на грабежот.
ОКТА е продадена на 8-ми мај 1999. Тогаш министер за финансии беше Борис Стојменов.

Инаку, продажбата на Окта дефинитивно е грабеж, за кој ќе плаќаме уште 7 години. Само, за тоа веќе никој не може да одговара, случајот е застарен и затоа сега Љубчо почна повторно да добива политички амбиции и да се сили.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Добро е некој да го постира договорот и анексите (и што значат) пошто има и анекси потпишувани и од Рафајловска и Славески и Стефчо Јакимовски (и некојси договор за гориво со лош квалитет до 2009...а никој ги нема постирано оригиналите).
Да се извинам за подолгиот пост (и боите :) ), но за да некому влезе в глава дека све тоа на власт досега не има зезнато.

Само, за тоа веќе никој не може да одговара, случајот е застарен и затоа сега Љубчо почна повторно да добива политички амбиции и да се сили.
Дали е само Љупчо е прашање. Потписници, анал-изатори, експертски тимови и други...Главни играчи во вакви случаи барем јавно треба да се Министер за финансии, Министер за Економија, Премиер и делумно нешто може да извлече и Министер за Екологија (заради катастрофата во околните села и ниви). многу луѓе и компании се вмешани во овој проблем.

ОКТА: загадувач со кого наместо да се казнува- се договара! ноември 25, 2008
Опозицијата ја обвини Владата за штетните последици од договорот со кој на ОКТА и е овозможено да произведува горива со ниски квалитети. Се работи за договор што е склучен на крајот од минатата година помеѓу Владата и ОКТА, а со кој на рафинеријата и е дозволено до 2009- та година да произведува неквалитетни горива.

Стевчо е целосно замешан во случајот ОКТА 21.01.2010 - 14:13:28
денеска го повика Стевче Јакимовски за неговата инволвираност во случајот ОКТА, како тогашен министер за економија. Стевчо е целосно замешан во овој случај, рече ...портпарол Александар Бичиклиски.
Оттаму го прашаа врз кои анализи, го прифатил барањето на нафтената компанија и беспоговорно го потпишал анексот на Анексот Д од купопроджаниот договор до ОКТА. “Министерот за економија Стефче Јакимовски со потпишувањето на овој анекс го прифаќа барањето на ОКТА за зголемување на нивните трошоци и профит од 27 на 29 долари/тон преработена сурова нафта. Со потпишувањето на овој анекс Јакимовски го зголемува процентот на сопствена потрошувачка и загуби на ОКТА од 7.5 отсто на 7.7 отсто. Дали Јакимовски знае колкав екстра профит и овозможил на ОКТА со оваа негова постапка.“,рече на денешниот пресБичиклиски.

Георгиевски: Пресудата е поради раскинатиот договор со ОКТА 17.08.2007
„Анализирајте го договорот со ОКТА колку што сакате сега, како и во минатите осум години, но пресудата на Парискиот суд е поради тоа што некој арогантно и без аргумент прекинал меѓудржавен договор. Договорот со сите отстапки што се дадени на грчкиот инвеститор е поминат низ законските процедури, одлуки на комисии, неколку одлуки на влади и на крајот со одлука од парламентот. Со тој договор спасивме еден индустриски капацитет, ја добивме најголемата инвестиција изградена од нула (нафтоводот Скопје -Солун) и добивме 30.000.000 долари, што во тој момент беше повеќе од сите добиени пари од веќе 90 отсто завршената приватизација“, вели во своето писмо до медиумите поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, кој го потпиша меморандумот за ОКТА.
Тој додава дека за ОКТА државата добила повеќе пари од збирната сума од продажбата на „Алкалоид“, „Макпетрол“, „Фершпед“, Скопска пиварница, „Македонија табак“, Цементарница и сите други 90 отсто приватизирани фирми до тој момент.
Договорот е раскинат една година пред неговото истекување, посочува Георгиевски, а со доаѓањето на власт, СДСМ без тендер му дозволи на „Макпетрол“ увоз на нафта за 15.000.000 долари. Потоа беше прекинат договорот со ОКТА, а образложението пред јавноста беше дека со тоа се руши монополот на нафта. „Со оглед на фактот дека ’Макпетрол‘ веќе увезуваше слободно нафтени деривати, единствена фирма што имаше бенефиции од укинување на договорот беше ’Нико петрол‘ од Штип“, вели Георгиевски во писмото.

Раскинувањето на договорот со ОКТА е одлука на Уставен суд 19.08.2007
Договорот со "Хеленик Петролеум" за продажба на рафинеријата ОКТА не е едностано раскинат, туку тоа е одлука на Уставниот суд кој утврдил одредби во него кои се спротивни на законот. Вака одговори претседателот на државава, Бранко Црвенковски по прозивките од Владата и екс премиерот, Љубчо Георгиевски дека и тој има одговорност за 54 милиони долари отштета што државата, според одлуката на Арбитражниот суд во Париз, ќе треба да им ја плати на грчката компанија. Во економскиот тим што ќе го предводи министерот за правда, Михајло Маневски ќе се вклучат е економски експерти и правници.
- Невозможно е Никола Груевски како тогашен министер за трговија да не знаел или да не бил соучесник со склучувањето на договорот со "Хеленик Петролеум" - рече портпаролот на оваа партија, Емилијан Станковиќ.

Славески и Рафајловска потпишаа анекс на Договорот со ОКТА за формирање на Екс-рафинериски цени на два нафтени деривати
Согласно Договорот за купување акции и за концесија (ДКАК) помеѓу Република Македонија и ЕЛ.П.ЕТ Балканике С.А, по овластување на Владата на Република Македонија, министерот за финансии Трајко Славески и министерката за економија во оставка Вера Рафајловска потпишаа Амандман на Анекс Д од Договорот, со што за формирање на Екс-рафинериска цена за новиот дериват Д-Е ИВ се прифаќаат 0,022 долари за литар, додека за Екс-рафинериска цена на Екстра лесното масло за домаќинства ЕЛ-1 со 0,1 проценти сулфур се прифаќаат 0,005 долари за литар, соопшти денеска Министерството за финансии.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.201
Поени од реакции
25.911
Дали е само Љупчо е прашање. Потписници, анал-изатори, експертски тимови и други...Главни играчи во вакви случаи барем јавно треба да се Министер за финансии, Министер за Економија, Премиер и делумно нешто може да извлече и Министер за Екологија (заради катастрофата во околните села и ниви). многу луѓе и компании се вмешани во овој проблем.
Секако дека не е само Љубчо, ама тој беше премиер и сноси најголема одговорност. Инаку и потписници и останати инволвирани лица кои се офајдија од Окта има и во двата табора, па затоа нивниот „судир“ се сведува само на пресконференции во кои се обвинуваат меѓусебно и ефтин популизам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Секако дека не е само Љубчо, ама тој беше премиер и сноси најголема одговорност. Инаку и потписници и останати инволвирани лица кои се офајдија од Окта има и во двата табора, па затоа нивниот „судир“ се сведува само на пресконференции во кои се обвинуваат меѓусебно и ефтин популизам.
затоа вешот го вадат само во крајна нужда (поголема :))

Инаку една колешка спомна дека и Словенија им ја качиле цената -Како је цена отишла код нас на еуро и педесет, како је скупо...Ако на нив им е скупо со 1100 еура плата...а тек да ја имаат Окта
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
30
so ima vrska OKTA neka ne se vadaat sega na OKTA !!!! koga 40 denari e AKCIZA KoN DRZAVATA NA LITRO BENZIN t.e 39 E epa aj sea racunajte a taa akciza treba da sluzi za patista i infrastruktura
 

Zan zivotnoto

Jean l`animal
Член од
30 јуни 2010
Мислења
29
Поени од реакции
24
Ако нешто треба да се спречи како јавност тоа е штетните договори. Данок е данок, може полесно да се корегира, вкрај парите одат во државна каса, ама зијанот од штетниот договор си трае додека не истече договорот.

Мислам оти главната финта со продажбата на ОКТА на Хеленик Петролеум беше тоа што тогаш им признаа фиксен трошок од 2о и некој долар по тон нафта од Солун до Скопје. Тоа беше 98-99 година кога цените на нафтата на светските берзи беа 15-30 долари за барел и во тоа време беше ептен мрсна надокнада како компензација за изградбата на нафтовод, неколкукратно повеќе од тоа да се довезе нафтата со цистерни од Солун. Но се промени ценовниот тренд на суровата нафта, имаше меѓусебни обвинувања за кој која провизија ја зел, ама овие фиксни признаени трошоци станаа мали за нафта која чини 80 долари па нагоре. Го имаше едно време договорот на влада.мк со анекси ама веќе го нема, малку по сеќавање зборам, ако некој има линк нека посочи.

Втора квака што ја ценам, е дека се признава цена на Брент нафта како референтна цена, но рафинеријата не преработува таква нафта, туку руска, мисла дека е тип урал. Сега секако дека референтна цена е брентот за европа, ама никаде немате во тие јавни достапни договори како се признава цената на набавната нафта во признаени трошоци. А руската нафта е поефтина за неколку десетина долари по барел, уште ако има повеќе сулфур, уште поефтина, ама со цена по околината и џебот на народот. За овие работи нема кој да истражи, експерти кои ја познаваат проблематиката се малку на број и лесно се вклучени во сите тие зделки, а новинарите се или тапа или немаат интерес да истражуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom