Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Зборев одамна со другар ми што отиде во Германија и му викам:
Абе ти зошто трошиш пари купувајќи игри од стим кога можеш некои пиратски да ги симнеш како што правам јас во Македонија од замунда,итн...
И ми вика:
Абе ти будала знаеш дека тука ако те фатат дека симињаш пиратски ствати одма те наоѓаат и право казна 800+
И ја му викам:
Аха извини ја незнаев за тоа,али што да се прави тоа е Германија,не како кај нас во Македонија.
Туку ме чуди како успеваат таму во Германија да следат 82.67 милиони жители,нели е тоа малце тешко?
Тешко е многу. Германците имаат ангажирано шпиуни кои седат пред секој стан и ѕиркаат низ клучалките. Штом го видат некој да даунлодира, веднаш го апсат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Зборев одамна со другар ми што отиде во Германија и му викам:
Абе ти зошто трошиш пари купувајќи игри од стим кога можеш некои пиратски да ги симнеш како што правам јас во Македонија од замунда,итн...
И ми вика:
Абе ти будала знаеш дека тука ако те фатат дека симињаш пиратски ствати одма те наоѓаат и право казна 800+
И ја му викам:
Аха извини ја незнаев за тоа,али што да се прави тоа е Германија,не како кај нас во Македонија.
Туку ме чуди како успеваат таму во Германија да следат 82.67 милиони жители,нели е тоа малце тешко?
Маусите што се продаваат во Германија прават посебен "тк" кога кликаш на торенти и така знаат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Влегуваат во секој дом и гледаат на секој компјутер/лаптоп има инсталирано
μTorrent, што има во фолдерот Downloads и историја на пребарувачот. :icon_lol:

Мислиш сите Германци се замараат со пиратерија. Во Германија на ТВ има најразлични програми за гледање нови епизоди од серии, одат во кино за најнови филмови и има легални стриминг сервиси.
Тоа најчесто го прават туристи и доселеници или во превод 2-3% од вкупниот број на жители кои користат интернет. Слободен безжичен интернет на нив им е најпотребн и пробуваат преку него да искористат и да симнат игра, филм или серија.
Порано казна добиваше само сопственикот на рутерот и за да нема вакви злоупотреби на операторот му е наредено да ја скенира содржината на сите уреди што користат безжични мрежи од приватни корисници.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Забрането е да се споделува, фактички сидањето е тоа што те „тацнува“.[DOUBLEPOST=1511799734][/DOUBLEPOST]Инаку и нашите оператори добиваат еден вид на complaints за сите торенти и нелегални материјали што ги симнуваат корисниците, само не се замараат со тоа зошто секако немаме закон за пиратерија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Додека статијата на Атлантик ги вади на виделина и негативните страни на Интернет гигантите како Гугл и Фејсбук, сепак истовремено ги вади на виделина и негативните последици од укинувањето на Интернет неутралноста.

Со оглед на фактот дека Интернет корисниците не се обврзани да ги користат услугите на компаниите како Гугл и Фејсбук, можеме до некаде да се поштедиме себеси од негативните последици кои произлегуваат од нивните деловни политики, додека од друга страна, негативните последици од деловните политики на Интернет провајдерите не се баш нешто што просечниот американски Интернет корисник ќе може да ги избегне со укинувањето на Интернет неутралноста во САД.

Статијата е пристрасна и повеќе ги критикува Интернет гигантите како Гугл и Фејсбук наместо да резервира подеднаква критика и за Интернет провајдерите, поради што текстот поврзан директно со Интернет неутралноста го означувам со дебели букви.

https://off.net.mk/vesti/internet/net-neutralnosta-e-vo-nasha-korist-i-na-nasha-shteta

Нет-неутралноста е во наша корист и на наша штета

6 Декември 2017 - 13:06

Неутралност или магаре

Битката за нет-неутралност со речиси сезонска редовност се повтори и годинава, само за разлика од минатите години 2017 најверојатно ќе заврши со пораз и нејзино укинување, по што речиси е фикс дека ќе следува целиот кошмар на кој сите овие години се предупредува. И тоа е страшно само под услов ако мислиш дека моментално интернетот не е кошмар и дека нет-неутралноста некако те заштитува како корисник.



Пресудниот ден ќе биде 14-ти декември, кога по партиска основа, републиканците во американската Федерална комисија за комуникации, најверојатно е дека ќе го изгласаат укинувањето на заштитата на нет-неутралноста чие само постоење го нарекуваат „претерано мешање на ФКК од ерата на Обама.“

Аргументите во корист на нет-неутралноста се идентични и исто важни како и во изминатите рунди од оваа битка од минатите години: интернет провајдерите ќе можат да одредуваат на кој сајт колку брз интернет ќе му пуштат, ќе биде загрозена слободата и отвореноста на интернет која дозволи создавање на успешни компании како Гугл и Фејсбук (пр. утре ако си старт-ап како Гугл, провајдерот ќе може да ти наплаќа по корисник за секој што ќе дојде на твојот сајт).

И сега и тогаш, јавноста подеднакво ги мрази џиновските телеком оператори што им служат интернет, кои истурија еден тон пари за лобирање и кои ќе видат најголем ќар од укинувањето на нет-неутралноста.

Она што сега се разликува е што јавноста повеќе не е ни приближно маѓепсана од компаниите кои денес владеат со интернетот како Фејсбук и Гугл.

„Популарноста на нет-неутралноста отсекогаш се потпираше на јавното задоволство со животот на интернет, и со бизнис праксите зад него. Во спротивно, не би имало причина тоа да се заштити од претпоставеното уништување.

До неодамна, ова задоволство беше речиси универзално. Компании како Гугл и Фејсбук уживаа општонародна доверба и поддршка. Тие често пати ги имаа истите ’слободни и отворени’ вредности кои се славени од поборниците за нет-неутралност. Наспроти нив, сите сакаат да ги мразат големите телекоми како АТ&Т, Комкаст и Веризон, олигополи од старата економија со ужасна корисничка услуга и високи цени за просечни услуги.

Меѓутоа, сето тоа се измени минатава година како што почнаа да се редат безбедносни пропусти, прекршување на приватноста, мешање во изборите, нееднаквост на богатството и цела серија други грижи кои ја соголија репутацијата на технолошкиот сектор.

Пример, на истиот ден кога ФКК објави план за укинување на нет-неутралноста, се дозна дека Андроид уредите постојано му ја испраќаат на Гугл локацијата на своите корисници дури и кога ГПС сервисот е изгасен. Или дека Убер наводно им плати 100.000 долари на хакери за да го прикрие протекувањето на информации од 57 милиони корисници.

Миленик на јавноста во времето на Обама, кога нет-неутралноста беше освоена, технолошката индустрија стана ’Биг теч’, агресорска индустрија налик големите фармацевтски, нафтени или тутунски компании...

... Нет-неутралноста е од корист за јавноста обезбедувајќи еднаков пристап за сите до он-лајн услугите. Ама и да е така, влијанието што Биг теч го има врз овие сервиси ја поткопува самата слобода и отвореност што овие сервиси ја нудат...

... Локални продавници мора да ја менаџираат својата видливост во резултатите на Гугл, или да плаќаат реклами за на интернет да се натпреваруваат со големи компании како Амазон. Рестораните мора да внимаваат да ги има на Гугл мапс и Јелп. Создавањето мобилни апликации бара плаќање регистрација за истите да се најдат на листите на продавниците за апликации на Гугл или Епл,“
пишува Иан Богост во анализата за Атлантик.
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Well well well :) Доколку се изгласа, почесто ќе го гледаме ова. :)
Screenshot_2017-12-12-23-52-19.jpg
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Денес, четврток, 14 декември 2017, со 3 гласа ЗА наспроти 2 гласа ПРОТИВ, американската Федерална Комисија за Комуникации - ФКК, ја укина Интернет неутралноста во САД.

За да допрат уште пониско дно, ФКК го прогласи широкопојасниот Интернет во САД за информациска, а не телекомуникациска услуга, со што широкопојасниот Интернет во САД од сега па понатаму ќе биде под ингеренции на Федералната Комисија за Трговија на САД, чија што задача - како и за било кој друг производ со кој се тргува - ќе биде да им овозможи непрекинливо препакување на Интернетот како "производ" во било какво пакување.

Како што автомобилите од сериско производство доаѓаат со различни линии на сериска опрема, така и Интернетот во САД од сега па понатаму ќе биде третиран како производ кој продавачите - конкретно Интернет провајдерите - ќе можат да го препакуваат и да го продаваат како сакаат.

Надежта последна умира и американскиот Конгрес сеуште може да усвои закон со кој ќе се гарантира Интернет неутралноста, но земајќи ги во предвид нескромните суми на пари кои американските конгресмени ги примаат од телекомуникациските лобисти во Вашингтон, тешко дека американските конгресмени и сенаторите ќе се откажат така лесно од вкусните лобистички пари.

All 535 members of Congress, and how much money they got from ISPs - The Verge
Congress took $101 million in donations from the ISP industry — here’s how much your lawmaker got


Бог нека им е на помош на американците !!!

https://off.net.mk/vesti/internet/amerikancite-ja-ukinaa-net-neutralnosta

Американците ја укинаа нет-неутралноста

14 Декември 2017 - 20:38

Спакувано како „олеснување на строгите правила за нет-неутралност воведени во времето на Обама“ американската ФКК (Federal Communications Commission) со 3 гласа спрема 2 одлучи да ја укине досегашната рамноправност меѓу сите веб-страни и сервиси на интернет.


Аџит Паи, претседателот на ФКК

Правилата кои сега се укинати ги спречуваа интернет провајдерите да го блокираат или успоруваат сообраќајот до веб-страните, како и на истите веб-страни да им нудат „приоритетен пристап“ за одреден надоместок.

По ново, американските интернет провајдери можат која сакаат веб-страна да ја:

- блокираат
- успоруваат
и
- приоретизираат.

Доколку се решат на нешто од ова, за интернет провајдерите е задолжително истото јавно да го објават.

Во пракса ова значи дека на корисникот можат да му наплатат сума од (на пример) 10 долари месечно за интернет, па на тоа уште (на пример) 10 долари за Фејсбук да им се отвора брзо, и плус (пак на пример) уште 10 долари за да можеш да ги отвораш видеата што ти стигаат на сите видови месинџери што ги имаш.

На другата страна провајдерите можат да им наплаќаат „приоритетен пристап“ на самите веб-страни, според бендвитот што се троши од нивно сурфање, според бројот на корисниците кои ги имаат или која и да е основа што ќе биде смислена во бизнис одделите на интернет провајдерите.

Противниците на нет-неутралноста тврдат дека таа никогаш не ни била потребна на прво место, затоа што на интернетот му било добро и без нејзе и дека дури и кога таа беше жива и здрава, компании го блокираа пристапот до конкурентски апликации или им даваа предност на одредени сервиси во однос на други.

Уште една техникалија е дека со гласањето броудбенд интернетот беше прекласификуван од телекомуникации во информациски сервис, со што Федералната комисија за комуникации повеќе не е надлежна за директна регулација на интернет провајдерите. По ново јурисдикцијата се падна кај Федералната комисија за тргување.

Претходно на темава, тука
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Не е завршена рабоата. Треба на суд да оди а таму тешко да помине ова.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Европската Унија предлага усвојување на контроверзен и не баш добронамерен член на законската регулатива за заштита на авторските права, со кој се отвора вратата за Интернет цензура во државите членки на ЕУ.

Имено, предложениот член 13 за кој треба да се дискутира на 20 јуни 2018 и на 21 јуни 2018, а потоа и да се гласа за истиот, предвидува воведување на регулирање на Интернет содржините пред истите да бидат објавени.

Со ваквиот член, Интернет провајдерите и хостинг компаниите ќе бидат обврзани да користат софтвер за препознавање и филтрирање на авторски заштитени содржини, вклучувајќи и содржини кои се` дел од човечкото секојдневие, како на пример билборди и реклами покрај кои некој(а) се фотографирал(а) или снимил(а) видео запис, но бидејќи содржината на билбордот/рекламата е` авторски заштитена, објавувањето на фотографијата/видео записот на Интернет ќе биде блокирано.

Истото би важело и за споделувањето на текстови или извадоци од текстови на Интернет кои се` заштитени со авторски права, без разлика дали истите се објавуваат за информативни или за комерцијални цели.

https://off.net.mk/vesti/internet/eu-kje-go-ubie-internetot-kakov-shto-go-poznavame

ЕУ ќе го убие Интернетот каков што го познаваме

4 Јуни 2018 - 10:52

Неодамна усвоениот GDPR е малку офтика и малку мачкање очи (вистинските злотвори ги заболе дали сте кликнале за колачиња), но она што следува допрва ќе го уништи ќефот на слободниот Интернет.



На 20 и 21 јуни пред Европскиот парламент ќе се најде уште една контроверзна легислатива поврзана со Интернетот која по европските институции ферментира уште од 2016 година. Таа ќе ги принуди сите што ставаат содржини на Интернет, пред да објават нешто, тоа прво да мине низ филтер кој автоматски ќе ги блокира оние содржини кои потенцијално кршат нечиј копирајт со што на ЕУ потенцијално ѝ се дава увид во целата Интернет содржина.

Интернет провајдерите и веб платформите кои вдомуваат содржини ќе мора да имплементираат комплексни системи за содржинско препознавање и филтрирање за да го задоволат спорниот член 13 кој се оправдува со желбата за пофер распределба на приходите. Сомничавите сметаат дека ваквата легислатива е само маска за идната цензура и се прашуваат зошто некои дигитални стартапи би започнале во ЕУ наместо на некое друго место на светот во кое нема да им виси европскиот Дамоклов меч на филтрирањето.

Многумина стравуваат дека ваквиот копирајт член дефинитивно ќе им пресуди на сите ремикси, мемиња, секакви облици на пародии и сè друго што денешниот Интернет го прави шарен и разигран.

Во една хипотетичка ситуација, нема да можете да објавите своја видео снимка од ургентен јавен интерес, на пример пожар во комшиската зграда, ако негде во позадина на тоа видео има билборд со реклама чиј копирајт е во рацете на Проктер и Гембл.

 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
EU сака бан на memes....
>dmg zauvek

Водат они, и тоа Американците политики како што они сакаат... А никој не го прашал народот што мисли...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Денес, среда, 12 септември 2018, со 438 гласа ЗА, 226 гласа ПРОТИВ и 39 ВОЗДРЖАНИ, Европскиот Парламент го изгласа озлогласениот закон за заштита на авторските права, со кој одговорноста за објавување на авторски содржини на било која Интернет платформа, во целост паѓа врз самата Интернет платформа, за што самите Интернет платформи ќе мораат или да платат за секое наредно објавување на линк од бил кој веб сајт со заштитени авторски содржини, или задолжително ќе мора да ги избрише објавените податоци превземени од било кој веб сајт со заштитени авторски содржини.

Озлогласениот член 13 од штотуку изгласаниот закон за заштита на авторските права предвидува секоја Интернет платформа да користи филтри за отстранување - или подобро кажано: цензурирање - на било кои Интернет содржини кои наводно потекнуваат од некој заштитен авторски извор.

Вториот озлогласен член 11 од овој штотуку изгласан закон за заштита на авторските права предвидува секоја платформа на која се објавени линкови или податоци од трети заштитени авторски извори, да им плати на тие конкретни авторски извори за секој објавен линк и за секоја објавена содржина.

Како резултат на овие членови од овој штотуку усвоен закон за заштита на авторските права, секое наредно објавување на видео запис, звучен запис или слика на Интернет, кој(а) би содржел(а) елементи од нечија заштитена авторска содржина, ќе биде предмет на брзо и инстантно бришење од Интернет платформата на која е` објавен(а).

Вратите на Интернет цензурата во ЕУ почнуваат да се отвораат.

Бог нека им е` на помош на сите кои живеат во држава членка на ЕУ, а на нас Македонците ова нека ни дојде како само една причина повеќе зошто треба да се држиме од било какво членство во ЕУ.

https://www.pravdiko.mk/evropskiot-parlament-izglasa-zakon-koj-mozhe-da-ja-unishti-zabavata-na-internet/

Европскиот Парламент изгласа закон кој може да ja уништи забавата на Интернет

Објавено: 12/09/2018

Пратениците во Европскиот Парламент денеска гласаа за авторските права на Интернет, предлог за директива за авторските права на дигиталниот пазар, кој неодамна предизвика многу контроверзии во цела Европа.



Предлогот за директивата, која по тврдењата на Комисијата треба да се воведе во 21 век и да осигури дека авторите на музика, филмови и вести ќе бидат правично платени за својата работа, беше почеток на една од најжестоките лобирачки војни во историјата на официјален Брисел, во кој силите ги одмерија медиумските куќи и Пол Мекартни, од една страна, и поборниците за слобода на Интернет, од друга.

Европскиот Парламент во јули го отфрли предлогот што претходно беше усвоен од страна на надлежната Комисија за правни прашања, но денес пратениците повторно гласаа за тој предлог.

Критичарите на директивата сметаат дека таа може сериозно да ја поткопа слободата на говорот на Интернет, би влијаела за укинување на популарните мемиња, би го закочила развојот на дигиталната технологија во Европската Унија, значително би го отежнала работењето на помалите компании и би го усложнила животот на корисниците на Интернет.

Особено се критикува членот 13, кој одговорноста за контрола на користењето авторски содржини целосно ја префрла на конкретни Интернет-страници, притоа воведувајќи ја идејата за автоматски филтер на содржини, со кој де факто би се забранило користењето на популарните мемиња, како, на пример, Grumpy cat, но и цитатите од „Википедија“ и разни други работи кои се вообичаен и нераскинлив дел од секојдневната Интернет комуникација.

Членот 13 не предвидува правна санкција за проблемите што може да произлезат како резултат на грешките кај автоматските филтри, со што се отвора прашањето за тоа како ќе се решат постапките при погрешно отстранување на содржини од Интернет.

Извор: Макфакс
 

Kajgana Shop

На врв Bottom