Калашите се мала (околу 3,000 до 6,000 луѓе) изолирана етничка група која живее во денешената северо-западна погранична провинција на Пакистан во регионот Хинду Kуш (35°44′09″N, 71°46′04″E). Калашите ја населуваат Долината Калаш поделена на три помали долини Рукму, Мумурет и Бири (Калашите ги именуваат и како Румбор, Бумборет и Бирир) по течението на реките Алингар, Печ, Ланда Син и Кунар, групирани во повеќе села Дрош, Свер, Калкатак, Беор, Ашурат, Јинират.
Името Калаши произлегува од зборот “кал“ и значи “Каливи“ или “луѓе кои живеат во кал“. Калашите кај соседите се познати под името “Кафири“. Народите со исламска вера кои живеат околу Калашите ги именуваат со тоа име, што во превод значи безбожници или неверници (на турски, “Каури“ ако ве асоцира на нешто?) поради нивното повеќе божство (политеизмот).
Потеклото на Калшите е енигма изгубена помеѓу легендите и историјата. Она што ја прави оваа етничка група уникатна, единствена и несвојствена за целиот овој поширок регион е пред се физичкиот изглед на Калашите (посветлиот тен на кожата, светлите, плави очи и светлата плава коса), старите пагански верувања, ритуали и богови, јазикот наречен Khalasha (форма на Индо-Европски јазик, различен од оние кои се говорат во околината), богатата култура и традиција, еповите, љубовните песни и идиомите кои демонстрираат во голема мера автентична мудрост и човечко искуство. Но најинтересно од се е нивното тврдење дека се директни потомци од војската на Александар Македонски (тие го викаат Александар Маќедон, Маќедониа) кој во својот освојувачки поход кон Индија 327 год. пред нашата ера, поминал и на оваа теритротија (според Плутарх и Аријан, Македонската војска стиганла до “Ниса“, денешен Кафиристан – територијата на Калшите) и на стратешките места основал населби и војнички стражарници (пунктови). Според старата легендата која се раскажувала меѓу Калашите со генерации наназад, Александар Македонски оставил дел од своите трупи во појасот на денешната долина Калаш со аманет да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од походот кон исток (битките во Индија) притоа да не ја менуваат својата култура, традиција и верувања. Калашите според многу денешни етнолози и историчари токму тоа и го сториле. Повеќе од 22 века, се до денес го зачувале својот стар архаичен начин на живот.
Калашите се политеисти кои веруваат во 12 богови и божици, и “Дзео“ богот креатор (“Ѕео“ или “Ѕе“ збор кој исто така на јазикот на Калашите означува и светлина, зрак). Она што е посебно интересно во врска со Калашкиот бог “Дзео“ (“Ѕе“) е поклопувањето со етимолошкото Македонското сонце на скулптури кај Калашитепотекло на името на античкиот врховен бог “Зевс“(“Ѕевс“). Збор чиј корен повеќе лингвисти од земјава и од странство го пронаоѓеаат во Македонскиот јазик и го поврзуваат со зборот “Ѕе“(на пример, на малите деца кај нас им се вика “ѕе“ во смисол на “те гледам“, “види“) , кој и ден денес го има истото значење на “гледа“, “ѕирка“, “светлина“,(сончев) “зрак“.
Храмовите и специјалните ритуални места имаат посебно место и почит во секојдневниот живот на Калашите. Малош се викат местата кои се наоѓаат на периферијата од селата а на кои Калашите принесуваат жртва на боговите. Светите места (храмовите) каде Калашите ги одржуваат најважните ритуали поврзани со раѓањето, смртта и фестивалите, се нарекуваат Јастакан а се во форма на големи правоаголни простории декорирани со бисти со ликови на богови, скулптури и фигури на животни. Башали се нарекуваат специјалните живеалишта (куќи) во кои се испраќаат жените да живеат самнички (одделен) живот, за време на месечниот менструален циклус или за време на нивната бременоста. Периоди во кои Калашите веруваат дека жените треба да бидат сами без присуство на мажи за да се прочистат од злото. Овие куќи се сместни надвор од селата, веднаш покрај реките. Калашките гробишта се викаат Мадокјал а ритуалот на погребување се состои во ставање на телото на починтиот во дрвани сандак кој потоа се остава на камена плоча која го означува местото на починатиот, под отворено небо, без да се закопува. Овој обичај на погребување на мртвите има интересно поклопување со раскажувањето на Калашите и историските факти за кои говорат античките историчари. Имено, кога Александар Македонски поминал низ територијата на Калашите наишол на чудни дрвени кутии кои неговата војска ги употребила за огревно дрво. Тие дрвени кутии биле токму погребалните сандаци на Калашите кои тие и денденес ги употребуваат во погребните ритуали.
Чарсу се викаат местата каде се собираат младите брачни двојки каде преку песна и танц (игра) ја прославуваат својата љубов.
Религијата на Калашите (оние кои не се преобратиле во исламот) се темели на митови и суеверија кои се поврзани со односот на човековата душа и универзумот и неизбежниот култ кон сонцето. Овој однос според Калашката митологија треба е да се манифестира преку музиката и танцот (играта) со кои се оддава почит и се задоволуваат боговите и божиците. На нивните фестивали музиката и танцот (пеењето и играњето) се изведуваат не од забава, туку како дел од религиозниот ритуал.
Калашите се неверојатно либерални во своите манири, за разлика од народите кои им се соседи. Така кај нив сосема е нормално и вообичаено да се пие вино, да се организираат селски гозби, да се одржуваат фестивали на танци (ора), слободно да се бира брачниот партнер (жените можат слободно да го одбираат својот маж), како и да се менува истиот во текот на животот.За разлика од нивните соседи Калашите не седат на земја туку во своите куќи користат маси и столови кои најчесто имаат на нив декорации со Македонското сонце како симбол кој често се користи и наоѓа во нивната култура..
Калашите имаат четири главни фестивали (ритуални манифестации) кои ги симбилизираат и одбележуваат годишните сезонски промени и позначајните моменти поврзани со обработката на земјата и одгледувањето на добиток. Четирите најзначајни фестивали на Калашите се “Јоши“ или “Чилимушт“; “Учал“; “Поо“ и “Чамас“ или “Читирмас“.