Хунзи и Калаши

  • Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување
A

anaveno

Гостин
Гледав Јанко-Јади Бурек (незнам што ми текна), спомнаа за далечните ни роднини-Хунзите и Калашите. Барав по форумов, не видов ваков наслов. Неисе...

ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХУНЗА Е УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

Марина Дојчиновска, дипломиран педагог, ве-
ќе 12 години новинар. Во новинарството е од фор-
мирањето на телевизијата А1, била ТВ-уредник на
Контактната редакција во Сител, уредник на Кон-
тактната редакција на МТВ, до пред 3 години при-
ватен продуцент или, како што вели самата, free
lenser на македонски начин.
Со знакот на “Порти” - македонската јавност
про слави 40 изданија на “Македониум” - емисија
за враќање на македонскиот идентитет!
Последниот ексклузивен проект на “Порти” е
филмот за Хунзите и Калашите - Македонците на
Хималаите. Дојчиновска има што да му раскажува
на својот 4,5 годишен син Дамјан.

ИМА ЛИ ТАМУ НАВИСТИНА МАКЕДОНЦИ?

Неодамна се вративте од едно мошне интересно па-
тување, чија мисија беше она што долги години, по точ-
но единаесет години, е мисија и на “Македонско сонце”,
“Вистинската приказна за Македонија”.

ДОЈЧИНОВСКА: Мисија!?! Можеби и беше! Знам дека беше
одговор на големото и суштинското македонско прашање: има
ли таму навистина Македонци!

За интелектуалната македонска јавност, Хунзите и Калашите
барем десеттина години наназад, кога јас прв пат слушнав за
нив, претставуваа “само слушната приказна”, со мистичен
призвук и хипотетичка визија.

Секој што малку прочитал македонска историја (тука ми с-
лам на Квинт Куртиј Руф, Плутарх, Аријан), би требало да има
претстава дека во целата таа “неоромантичарска македонска
приказна” има една едноставна логика - до таму, до подножјето
на Хималаите дошол и Александар Македонски, со маке дон-
ската фаланга, следејќи го патот на свилата, кон Исток, кон
Сонцето, до крајот на светот. Некои од нив останале таму, ние
ги најдовме, си уште се таму. Сите овие векови, од пред Христа
(326-327 г. пр.н.е.) до денес, заради непристапните планински
предели, заштитени од разни мисионери, љубопитни пату-
вачи, случајни минувачи по светот и напаѓачи, отсечени и од
Патанците и од Кинезите и од цел свет - живееле високо на
Хималаите сами и недопрени. Хунзите и Калашите велат дека
кај нив се доаѓа само ако си тргнал кај нив. А, ние тргнавме ток-
му кај нив - кај нашите на Хималаите, чуварите на нај оддале-
чените дестинации од најславните македонски времиња. И
едните и другите за себе велат дека се потомци на Александар
Македонски.



Александар Македонски својата мисија за спојување на
Истокот и Западот ја правел со визија. Како Вашата еки-
па го следеше неговиот пат и како дојдовте до таму,
дури до Пакистан, кај Хунзите и кај Калашите кои се
директни потомци на македонската фаланга?

ДОЈЧИНОВСКА: Не беше едноставно. Всушност, мислам
дека ќе беше и невозможно без Џон Баба. Од сите луѓе со кои
сум разговарала на тема Хунзи и Калаши единствено го спо-
динот Владимир Ралев досега бил кај Калашите. Како добар
познавач на приликите во тие региони од светот, тој на себе
целосно ја презеде организацијата за реализирање на овој
голем проект. Ралев направи една визија да стане конкретна и
доживеана приказна со свој видеозапис, а сите практични
проблеми по пат да се решаваат со неверојатна лежерна еле-
ганција, дури и кога станува збор за Пакистан. Тој е импресивна
личност, голем Македонец и мислам дека со ова патување
сакаше да одговори на археологот во себе (меѓу другото, ди-
пломиран археолог и историчар на уметноста), кога станува
збор за Македонија.

И Хунзите и Калашите живеат на територии, кои денес се
дел од Пакистан. Значи, за да се дојде кај нив треба да се
пропатува Пакистан, некогаш ја нарекувале племенската зем-
ја Пакистан, а денес се вика Исламска Република Пакистан. Ка-
рачи, Исламабад, Гилгит - како се движиш на север, накај Хи-
малаите, ги минуваш Сунитите, Шиитите, Патанците - легнати
на чарпоите (ниски ориентални креветчиња, покрај патиштата
горат огнови, мириса на кебап и на чикен тика). Дива земја -
наргиле и жива егзотика.

На мојата пакистанска виза пишуваше Not valid for restricted
and prohibited areas – бидејќи во некои предели државата Па-
кистан не гарантира заштита!

По такви предели и патишта се стигнува до Хунзите, по 19
часа возење со џип од Исламабад.

ИСТАТА ДНК УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

Следејќи ја македонската ДНК, што како факт се по твр-
ди и пред снимањето на филмот за Александар Ма ке-
донски, се докажа ли и на јаве чувството дека Хунзите
се наши најблиски роднини?

ДОЈЧИНОВСКА: Најдлабоко до корените, највисоко до бо-
говите, а повторно меѓу своите!!! Подготвувајќи се за ова па-
тување, можев да најдам многу малку пишан материјал. Кога
стигнавме таму, по сите часови возење, ми беше јасно зошто!
Karakorum roud, патот по кој се стигнува во долината на Хун-
зите е изграден дури осумдесеттите години, тој е вистинско
чудо во историјата на патиштата, пат засечен во карпи, со про-
валии од 300 метри, кои завршуваат во реката Инд.
Кога и по тој релативно нов пат, просечната брзина на дви-
жење е 25 км на час, сега во XXI век, ви станува јасно дека сите
векови наназад патувањето до Хунзите било речиси невоз-
мож но - оттаму е редок и секој запис за нив.

До 1974 година, пред да станат административен дел од
Пакистан, Хунзите живееле во своја држава - држава на Ху-
нзите - со свој крал. Кралот го задржале до денес - го викаат
Мир. Тој беше отсутен за време на нашиот престој, но затоа
прием ни приреди неговата сопруга, Нејзиното височество
кра лицата на Хунзите, кои денес ги има педесеттина илјади.
Главен град е Каримабад, до 1974 година Балтит.

На првото спомнување на Македонија, луѓето видно воз-
будени ви велат: “Значи, ние сме роднини!!! Зошто и ние сме
Македонци кои останале овде од времето на Александар Ма-
кедонски!”... и македонските приказни почнуваат: како ос та-
нале, зошто останале, имаат неколку верзии за тоа зошто ос-
танале, а најмногу веруваат во онаа според која тие се таму
сите овие векови за да се знае до каде дошла фалангата и до
каде стапнала македонска нога во најголемиот поход од сите
походи во историјата.

ЗАЕДНИЧКИ ЗБОРОВИ И КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ НА ХИМАЛАИ

Во едно наше интервју познатиот лингвист д-р Илија
Ча шуле ја истакна врската меѓу бурушускиот и ста-
ромакедонскиот јазик, докажана преку долгогодишни
научни истражувања. Го воспоставивте ли и Вие тој
линк?

ДОЈЧИНОВСКА: Да, пред да заминам, јас ги прочитав не-
говите истражувања и можам да кажам дека лично се уверив
во тоа, па дури сум во состојба и да го дозбогатам списокот на
заеднички зборови. Исти везови, езгии со зурли и со тапани,
иста срдечност, резби во дрво, истите македонски симболи за
распознавање и можеби најважното, бурушуски говор (на це-
лава планета уште тие си уште зборуваат бурушуски).

 
A

anaveno

Гостин
Го поздравија д-р Илија Чашуле, лингвист кој веројатно е
првиот Македонец, кој ги посетил заради своите научни ис-
тражувања на релациите меѓу бурушускиот и старомакедон-
скиот јазик.

Тоа заемно чувство за заедничка припадност кон големата
и возвишена идеја Македонија, резултираше со неповторливи
емотивни моменти. Како да си пронашол некого кого одамна
си го изгубил - некаде на крајот на светот! Еден човек таму ми
кажа реченица која ме наежи:

“Замисли ја - рече - големината на Александар кога успева
да нè поврзе и по сите овие векови и илјадници километри
оддалеченост, овде на покривот на светот!”

Ги посетивте и Калашите. Всушност, кои се тие?

ДОЈЧИНОВСКА: Од кај Хунзите (североисточен Пакистан)
до кај Калашите (северозападен Пакистан, на границата со Ав-
ганистан), треба да се поминат многу планини, треба да се
искачи највисоката - 3.740 м. Пат има, но неасфалтиран, на не-
кои места, од надојдените води од Химдокуш, тој станал река
и тогаш патувањето станува “камел трофи” по Хималаите. И по
сите лоши патишта, надојдени води, чудни бои и ме се чеви
пре дели - одеднаш сè ви се чини толку познато.

Како момент од претходниот живот, како македонско де жаву.
Некакви лични визии за чинот на допирање со личната суш-
тина. На еден мост, како Бошков мост, по една река како Гар-
ска, по еден пат како низ Јама, доаѓаш во Бамбурет, едно од
трите села на Калашите.

Те дочекуваат убави лица, наши физиономии, толку раз лич-
ни од сите кои ги опкружуваат, насмеани и срдечни луѓе.
Гледате како изгледа апсолутната среќа на нечие лице. Луѓе
кои во својот живот не направиле ништо грандиозно и осо-
бено не многу пари, но и луѓе кај кои не постои депресија,
ниту како термин, ниту како поим! За себе тврдат дека се од
славните потомци на Александар Македонски, а потесната
конекција, според некои пакистански истражувачи, е теори-
јата дека и самата Роксана, невестата на Александар, била од
овие краишта.

Вистинско изненадување за нашата екипа беше сознанието
дека во Бамбурет, веќе 9 години грчки мисионери, и на Ка-
лашите и на туристите, им ја раскажуваат нивната верзија за
Александар Македонски и конекцијата со Калашите. Таму, на
сред село, во Бамбурет, за крајот на август 2005 година бе ше
закажано отворање на грчки културен центар. Не присус т-
вувавме на свечениот чин! Едно момче од Калашите, кое ше-
таше туристи низ Бамбурет, на крајот од нашиот престој кај
нив, ми рече: “Јас што се мислам дека сум од најпаметните во
селово, сега се срамам од себе. Па, јас прв пат слушам дека
Македонија не е исто што и Грција!”

Секаде каде што стапнал, Александар Македонски ос-
тавал и траен белег. Го слават секаде, само не дома, ту-
ка во неговата Македонија!

ДОЈЧИНОВСКА: Ги споил Истокот и Западот, создавал но-
ви односи меѓу народите базирани на еднаквост, ја ширел
македонската култура, но ги почитувал и туѓите. Во Пакистан
изградил 17 градови - 17 Александрии, и Карачи е една Алек-
сандрија. Ние ни во Скопје немаме споменик на Александар.
Таму има многу и ги отвора (ја сече лентата) грчкиот амба са-
дор. Не му се лутам нему! Така ќе биде и во иднина. Национална
стратегија заснована на македонскиот идентитет во оваа др-
жава нема!!!

Тоа кај нас се случува стихијно и ентузијастички. И она мал-
ку што се прави на тоа поле е резултат на личната енергија на
поединци и индивидуалци. Фала му на Господа што има и по
некој таков! Една од тие личности е и основачот на Вашиот
неделник, господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, кој наскоро
на македонскиот народ и на територијата од која потекнува
големиот војсководец ќе им го подари првото обележје на
Александар Македонски.

Пакистанците ми станаа многу симпатични заради нивниот
однос кон Александар Македонски. Тие го почитуваат и го сла-
ват и денес, иако за нив тој бил освојувач.

“Патиштата на Александар” сè повеќе и повеќе стануваат
најатрактивни дестинации во туристичката понуда на Паки с-
тан. Ние донесовме серија од 12 епизоди за освојувањата на
Александар низ денешен Пакистан, продуцирани од Пакис-
танската ТВ. Се радувам што и нашите гледачи ќе можат да ги
проследат. (Ниедна од нашите ТВ-куќи досега не понудила сли-
чен ТВ-проект. А Александар беше Македонец - тргна од овде
и стигна до кај нив.)

За крај ќе се вратам на Вашата мисија: ја пронајдовте ли
последната алка на нашиот идентитет, со кој треба да
се соочи секој Македонец на ова тло?

ДОЈЧИНОВСКА: Еден огромен чекор напред во т.н. освес-
тување или последната вистина во мојот мозаик наречен Ма-
кедонија! Јас знам и која сум и што сум, и никој, никаде, ни-
когаш не ме рекол Македонче. Не размислувам во деминутив,
особено не кога мислам на Македонија, зашто бев до крајот
на светот до каде што беше Македонија!

Секоја држава која држи до себе, по вакво откритие би
требала итно да преземе конкретна и сериозна иницијатива.
Кај Хунзите и кај Калашите треба да се испрати експедиција
од историчари, етнолози, лингвисти, македонисти, можеби и
по некој политичар - од оние кои преговараат за двојни или за
тројни формули за името на Република Македонија. Тие се та-
му и нè чекаат, сите овие векови од пред Христа!

А, што се однесува до овој проект
“Mission imposible - done!”, продукцијата “Порти”
веќе работи на филмот и нетрпелива сум да го спо-
делам со македонската јавност!

 
A

anaveno

Гостин
Македонската историја под дебели слоеви лага

Илија Чашуле е роден 1957 година во Скопје. Факултетското образование, магистратурата и докторатот ги завршува во родниот град, на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години. Во 1987 година заминува во Австралија каде 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот
"Маквори" во Сиднеј.

Од 2000 година е професор на Катедрата по лингвистика каде предава теорија на јазик, историска лингвистика и историја на индоевропските јазици.
Автор е на 6 книги и на повеќе од 90 статии објавени во истакнати европски и светски научни списанија.

Бурушаскиот јазик беше енигма. Многу научници, лингвисти се обиделе да го одгатнат. Илија Чашуле го најде клучот за мистеријата. Голем настан за балканистиката - сродноста на бурушаскиот и бригискиот јазик кој се зборувал во стариот век во Македонија и во Мала Азија.

Господине Чашуле, веќе долго време во нашатајавност предизвикува особено внимание прашањето за поврзаноста на припадниците на бурушаскиот народ, попознати како Хунзи,со Македонците. Вие неодамна престојувавтекај Хунзите во Пакистан. До каков заклучок дојдовте со проучувањето на нивното потекло испецифичност?

ЧАШУЛЕ: Балканистиката и македонистиката се мојата главна научна преокупација, исто како и старите балкански јазици, посебно бригискиот кој се зборувал во Македонија, Бригите како народ кои се наши предци, синтаксата на новите балкански јазици и етимологијата. Неодамна престојував кај бурушаскиот народ во Хунза, Нагар и Јасин во Северозападен Пакистан, каде најдов потврда за моите повеќегодишни испитувања во разјаснувањето на енигмата на бурушаскиот јазик.
Тоа беше чувство како да имав пронајдено некој изгубен роднина. Неверојатна е сличноста на луѓето од Хунза со македонскиот народ и другите балкански народи, со оглед на нивниот јазик, култура, традиции, фолклор, носии, копаничарство, музика, физиономија. По 12 години интензивна работа првпат отидов во Хунза, иако за буру- шаскиот јазик има многу пишани материјали, па можев да истражувам и без да одам таму. Бурушаскиот јазик го привлекува вниманието, бидејќи се водеше за изолат, т.е. за јазик кој не е сроден со ниту еден друг јазик на светот.



Со години наназад го проучувате бурушаскиот јазик. Зошто тој ја привлече Вашата научна преокупираност? Дали неговата енигматичност? Дали тоа беше причината поради која ги правевте истражувањата?

ЧАШУЛЕ: Со својата досегашна научно-истражувачка дејност и објавените статии и книги јас сум на пат да докажам дека бурушаскиот јазик е сроден со јазикот (јазиците) што се зборувале на Балканот пред доаѓањето на Словените. Мојата решеност да го истражувам бурушаскиот народ во Хунза, во Пакистан, тргнува од сознанието дека таму живеат луѓе кои во своите преданија велат дека се потомци на Александар Македонски. На предизвикот не можев да му одолеам.

Претходно собирав материјали за овој народ и јазик кој со својата специфика ја привлекувал научната јавност. Го споредував јазикот со оној на старите балкански народи. Го споредував со бригискиот јазик кој се зборувал во централна Македонија. Јадрото на бригискиот народ било во Македонија (токму во денешната наша Мијачија, Галичник, Лазарополе, Прилеп, Битола, Скопје итн.), иако се простирало и многу пошироко. Самото име кажува дека биле планински народ, што е слична приказна со луѓето од Хунза кои исто така ја врзувале секогаш својата живејачка со планинските предели.

Тој јазик, бригискиот, за нас Македонците е од извонредно значење. Дел од Бригите од Македонија се преселиле во Мала Азија во 13 век пред нашата ера и тоа во Анадолија, поточно во регионот на Западна Турција, во пределите западно од денешна Анкара. Тие таму биле познати според елинскиот изговор на нивното име, т.е. како Фриги. Под ова име се познати и во светската лингвистика, сеедно што изворно името им е Бриги. За нас од старите балкански јазици блискосродствени со бригискиот се интересни и пајонскиот за кој се смета дека се зборувал во Југоисточна Македонија
и тракискиот (главно во денешна Бугарија, Романија и делови од Мала Азија).

Старомакедонскиот јазик, исто така, е многу близок со бригискиот, иако како непосреден сосед на старогрчкиот бил изложен на влијание од овој јазик. Интересно е да се знае дека, на пример, името на Скопје, на Вардар, на Шар Планина, а според некои ономастичари и на Битола, па и на Штип и на Брегалница и слично се по секоја веројатност бригиски. Историјата на Македонија, и старата и новата и средновековната, беше присвојувана и потиснувана под дебели слоеви од лаги што беше можно поради оскудноста на материјалите од древните балкански јазици.

Со откритието на сродноста на бурушаскиот јазик со бригискиот, во моите најнови статии јас докажувам дека тој е, всушност, директен наследник на бригискиот јазик, по однос на сличноста нешто како соодносот меѓу, на пример, новоанглискиот и средноанглискиот. Тие се меѓусебно разбирливи. Тоа блиско сродство е од огромно значење за балканистиката.

Сметате ли дека некои бригиски зборови и денес ги има во современиот македонски јазик? За читателите би било интересно и да посочиме конкретни примери.

ЧАШУЛЕ: Дел од моето проучување е докажувањето на врската меѓу македонскиот јазик и бригискиот јазик која е многу блиска. Според мене, некои бригиски зборови се сочувани во современиот македонски јазик и по неколку илјади години. Тоа е случај со зборовите како глаголите бара, се вика, врне, вади, турне, урне, лрга, гази, брка и други или како именките шака, гурелка, бара, чука, легуш, прилогот оломнани, частицата ле, суфиксот - мина кај бројните именки, како на пр. петмина и слично.

Мојот заклучок и наодите се засновани врз макотрпна научна работа и неговото докажување опфаќа повеќе од 200 страници објавени статии во најугледните светски списанија од областа на индоевропеистиката.
Според моите проучувања, дел од Бригите (кои го славеле култот на мајката божица и божица на убавината Кубела или Кубаба – оттаму и македонскиот збор убав) се преселиле од Македонија пред повеќе од три илјади години во Мала Азија, а подоцна (во 5- 6 век од нашата ера) најверојатно преку Ерменија, Иран и Авганистан нашле уточиште околу 10 век во Хунза.
 
A

anaveno

Гостин
Уште еднаш да потенцираме за епохалното откритие кое произлезе од Вашиот престој кај бурушаскиот народ и какви можности отвора тоа?

ЧАШУЛЕ: Нивниот јазик,ќе повторам, е директен наследник на јазикот што се зборувал на територијата на Македонија. Ова откритие отвора огромни можности во научните истражувања. Врските меѓу бригискиот јазик што се зборувал кај нас и оној во Мала Азија и бурушаскиот јазик, според моите јазични проучувања, се докажани и цврсти.

Врските се толку фасцинантни што јас кога отидов во Хунза на моменти мислев дека сум во Македонија. Наоѓаме вчудовидувачки паралели со населението што живеело и живее во Македонија.



Во своите досега светски признати и еминентни дела Вие ја докажувате врската меѓу бурушаскиот и бригискиот јазик. На кој начин се темелат доказите? Каква е постапката за да добиеме еден
"корпус деликти"?

ЧАШУЛЕ: Најважно во моите статии е тоа што сите заклучоци се засноваат на системски закономерности, според најстрогите критериуми што ги поставуваат пред ваквите истражувања индоевропеистиката и балканистиката. Ако сакате да докажете дека има некој системски сооднос, Вие мора да ги докажете и откриете не само фонетските закони, туку и граматичките закономерности и врски. Историската лингвистика и етимолошката наука се најтешките и најригорозните дисциплини во лингвистиката.

Обично се вели дека на Балканот живее мешавина на повеќе народи. Не ретко се спори кои се староседелци, а кои дојденци. Што би кажале за потеклото на народите кои живеат на Балканот од лингвистичка гледна точка, односно од аспект на Вашата потесна специјалност, стручност и компетентност?

ЧАШУЛЕ: Сите обиди за делба на народите на Балканот претставуваат диверзија на големите сили за освојување на овој регион, што доведува до раздор, уништување и војни. Балканците, во основа се браќа, а она што се случува денес со уништувањето на Балканот е заслуга на странските сили.

Според мене, врските меѓу балканските народи се цврсти и иднината на Македонија и на целиот Балкан треба да се гради врз тоа заедничко видување на светот и да се најдат начини тоа проникнување да биде визија за иднината. Странските сили тоа не можат да го сфатат. Тие немаат ни елементарни познавања од суштината на Балканот кога сметаат дека само ако балканските народи се раскинат на парчиња и се поделат ќе може да се живее во мир. Напротив. Само ако се гради врз тоа заедништво кое се развивало повеќе од 4.000 години може да се успее.



Според сите Ваши досегашни проучувања, до каков заклучок дојдовте за нашето потекло? Дали Македонците имаат директно врски со античките Македонци, барем кога јазикот е во прашање?

ЧАШУЛЕ: Македонија има извонредно политичко и геостратешко значење, бидејќи е вратата кон Европа и Азија. Иако сме мало парче земја, ние го држиме клучот и за Европа и за Азија, па и за Африка. Не случајно денес се кршат копјата чија ќе биде Македонија. За потеклото на македонскиот народ, произлегува дека ние имаме врска со Бригите и ним сродните антички Македонци и Пајонци (Мајонци) исто како и со Словените.

Македонскиот јазик во својата јадрена лексика има слој на зборови што водат потекло од старомакедонскиот и од бригискиот и во таа смисла врските на македонскиот јазик со старите балкански јазици никој не може да ги негира. Овие сознанија отвораат можности за ново продлабочено толкување на нашата историја која ни беше крадена и поништувана, омаловажувана. Словенскиот слој секако не треба да се негира, туку да се гледа во една поширока рамка. Македонскиот јазик има врска со старите балкански јазици, бил и изложен во текот на историјата на влијанија од народниот, т.е. балкански латински и грчки, а подоцна со турскиот, но лексиката му е предоминантно словенска. Ние сме среќна и животворна спрега меѓу старото население и дојденците. Обидот Македонците да се гледаат само како чисти Словени или Славомакедонци од една страна е меѓу другото одраз на руската империјалистичка политика која сакала балканските народи, пред сÈ нашиот, да ги сведе на свои послушни синови и поданици и да ја спроведува својата хегемонистичка политика. Од друга страна, пак, западните "моќници" и сили настојувале да го прикажат македонскиот народ како неосвестена, безоблична маса која може да се обликува според потребите на денот. Затоа нашата историја не смее да почнува од доаѓањето на Словените, туку од најстарата историја. Ние не сме ниту чисти стари Македонци, ниту чисти стари Словени. Впрочем ниту еден народ на Балканот не е "чист", ако воопшто сакаме да го употребиме овој расистички термин.

Што најново може да се очекува од Вашата истражувачко-научна дејност?

ЧАШУЛЕ: Подготвувам еден научен труд за врските меѓу албанскиот, влашкиот и балканските јазици воопшто со бурушаскиот јазик на лексички план, а друг труд ќе биде конкретно за соодносот со македонскиот современ јазик (со последнава тема ќе настапи на Балканистичкиот конгрес во Тирана, во април 2004 година). Исто така, работам на етимолошки речник на бурушаскиот јазики на македонскиот јазик како и на ревизија на некои анализи на индоевропскиот материјал. Докажувањето дека бурушаскиот е еден од најархаичните индоевропски јазици фрла нова светлина и врз сите европски јазици. Овие сознанија, се чини, можат да предизвикааат вистинска бура во светската лингвистика. Заинтересираните можат и да ја прочитаат книгата "Основни бурушаски етимологии" што во 2001 година ја објави издавачката куќа ТРИ од Скопје и да дознаат нешто повеќе за оваа интересна но и сложена проблематика.

Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

 
A

anaveno

Гостин
Бурушите, балканците и бригиската врска

На приказна за Александар лесно се надоврзува и бригиската приказна

Во последно време јавноста во Македонија, ја возбуди теоријата за заедничките корени на македонскиот и бурушаскиот јазик, кој се зборува во подножјето на Хималаите. Човекот кој ги изнесе овие речиси неверојатни откритија докажани преку неговиот долгогодишен научен труд, е нашиот лингвист проф. д-р Илија Чашуле.
Средбата со него беше предизвик затоа што станува збор за интересен човек со неверојатна енергија и капацитет, кој по 17 години се враќа во Македонија од Австралија, каде што работеше како професор по лингвистика и индоевропеистика на Универзитетот во Сиднеј. Тој се враќа овде во време кога многумина заминуваат во спротивна насока и
неговиот пат наспроти течението на реката е и последица од потрагата по корените на она што сме денес, Македонците, но и сите народи околу нас.
Во интересен разговор за неговите откритија, неколку часа поминаа за миг. Неговата теорија открива дека бурушаскиот е директен наследник на бригискиот јазик кој се зборувал во антиката во Македонија и во Мала Азија, еден вид жив фосил од старобалканските јазици. Овде можеме да засегнеме само некои моменти од тој разговор.

Научната теорија изложена на околу 400 страници, која опфаќа десетици векови историја, Чашуле се обиде да ја објасни во неколку реченици: "Прашањето е сложено затоа што не само ние, туку целиот балкански склоп има врска со Бурушите. Секој од балканските јазици може да се разгледува и според тоа што зачувал од старите балкански јазици (бригискиот, тракискиот, старомакедонскиот, итн.).

Од нив, на историски план имаме зачувано премалку, главно изолирани зборови и имиња, а сега преку бурушаскиот јазик имаме комплетна јазична слика, не само лексичка туку и граматичка. Одеднаш можеме да споредиме колку албанскиот, ароманскиот, грчкиот или македонскиот имаат врска со овој централен балкански идиом.

Притоа, македонскиот е интересен бидејќи чува основни зборови од тој јазик, како на пр. "убав", "барам", "се вика", "врне", "тура", "гази" и сл., частичката "ле", потоа наставката "мина", како во "петмина". На граматички план, пак, бурушаскиот јазик покажува дека специфичниот балкански реченичен модел во македонскиот, албанскиот, ароманскиот и сл., се должи на балканскиот супстрат, на стариот јазик кој бил асимилиран, но оставил траги во јазиците што надвладеале".

Според Чашуле, јазикот е едно од најпрецизните средства за анализа на потеклото на еден народ и неговите етнокултурни врски: "Зборовите ни покажуваат низ што поминувал еден народ, колку зачувал, колку се менувал... Не треба да се меша генетскиот код со јазикот. Ако ги анализираме Македонците денес, можеби ќе најдеме различни генетски врски, но јазикот е поважен затоа што го дефинира и погледот на свет и во себе ја вградува културата".

Е сега, како дошло до тоа Бурушите да го зборуваат нашиот стар јазик?

Една е месната легенда дека тие се потомци на војската на Александар Македонски "и нивните персиски жени", но по долгогодишно, пред сў, лингвистичко истражување, проф.Чашуле смета дека станува збор за посложени процеси: "Според мене, бригиската врска е многу посуштествена и поубедлива".

Некаде во 13 век пр.н.е. дел од Бригите од Централна Македонија, според Херодот, се селат во Мала Азија и таму ја разгрнуваат една од најголемите светски цивилизации, денес позната како фригиска (бригиска). Од нив е царот Мида кој сў претворал во злато, големиот баснописец Езоп е фригиски роб, Гордиевиот јазол... тие процутеле на територијата на денешна западна и централна Анадолија. Некаде во 7 век пр.н.е. Лидијците, а подоцна и Кимеријците ја совладуваат и речиси ја сотруваат фригиската цивилизација, потоа следуваат Грците, па Римјаните. Последните зачувани погребни написи од бригискиот јазик се од пред 1500 години. За среќа, зачувани се цели текстови и тоа ми овозможи да ја испитам и докажам врската на бригискиот јазик со бурушаскиот.

Преку она што ни го открива јазикот, моја процена е дека некаде во 6 век, сакајќи да ја зачуваат својата древна култура и религијата заснована на мајката божица Кубела, тие почнале да бегаат на исток - преку Ерменија и Иран до Авганистан. Но, кога надоаѓа исламот тие, најверојатно, пак бегаат и се населуваат во подножјето на Хималаите. Тие го прифаќаат исламот релативно доцна и тоа во умерена форма, чувајќи и дел од своите прастари верувања. Според радиокарбонската анализа на тврдините во Балтит, тие доаѓаат во Хунза некаде во 10 - 12 век. Нивниот јазик останал единствен, бидејќи го чувале како свет јазик".

Неодамна, проф. Чашуле престојуваше два месеца среде Бурушите, во северозападен Пакистан. Во разговори со нивни интелектуалци (имаат и Академија на науки), тој откри дека неговите теории се поклопуваат со нивните претпоставки за своето потекло.

"Некои од нив ми укажуваа дека досегашните теории, според кои се сметаше дека тие се остатоци од пред 5-6 илјади години, од старото население на индискиот потконтинент, или дека одамна дошле од Сибир, за нив се неприфатливи, но дека мојата теорија се совпаѓа со тоа што го веруваат тие. Еден од нив дури ми рече дека старите велеле дека се дојдени од Бурса, односно од Турција.

Јас, пак, им покажував дека нивната лексика е речиси иста со бригиската. Одеднаш народот и јазикот за кои се сметаше дека немаат врска со ниеден друг, излегува дека ја продолжуваат една од најголемите цивилизации! Кога им го објаснував тоа, тие беа вчудовидени".

За врските на Бурушите со балканските народи зборуваат и живите преданија за Александар Македонски таму, според нашиот лингвист: "Бидејќи старомакедонскиот е близок до бригискиот јазик, тие Александар го имале за близок. Споменот за Александар таму е жив, а на неговата приказна лесно се надоврзува и бригиската приказна".

Тој не сака неговото истражување да се злоупотреби со цел да се докажува кој е најстар народ на Балканот. Според него, важноста на ова откритие е дека балканските народи имаат заедничка основа, иако, како што вели: "Се чини дека врската на македонскиот со стариот јазик е подлабока. Не е ни чудно, затоа што бригискиот се пројавил токму на оваа територија".

Тврдењата на професорот Чашуле ја возбудија македонската научна јавност. Некои не се сложуваат со неговите теории, иако тие се верифицирани од најпознатите светски индоевропеисти, но отсекогаш овде било тешко да се поверува дека некој од нас може да открие нешто толку големо, нешто што можеби ќе бара повторно да се пишуваат цели поглавја од историјата.
 
A

anaveno

Гостин
Basic Burushaski Etymologies


lija Chashule "Basic Burushaski Etymologies"(Muenchen Newcastle , ISBN 3 89586 0891) with the similarities between the modern Macedonian and Burushaski language:

abstract

BU:
ASHMILAS, ASHMILJ = to pacify, placade, persuade, also MILI as a title for the beloved in folk song.
PRO-SLAV:
mil`= dear,
LYTV: mylas and meilus = dear.
MK:
MIL =dear, Smiluva, Smili = to pacify.

BU:
ASPALAS, ASPALJ = to kindle, light
PROSlAV:
Paliti = to burn, to set in flames.
MK:
SPALE,ZAPALE = to burn, to set in flames.

BU:
ASH = neck, nape of neck, external trhoat.The locativ of the ASH is ASHI
PSlav, MK:
Shija = neck.It is also related to the word SHITI = to sew

The BURushaski word in its special locative form both semantically and phonetically parallels Slavic.


BU:
BALKAS( IN LOCATIV: BILKIS) = treasure
SOUTH SLAV: BLAGO = treasure
MK NAME: BLAGA = treasure.

BU:
BERKAT = Berg, Mountain.
MK: BREG= Berg, Mountain.
PROSLAV:
BERG´ = berg, Mountain

BU:
BIRI= boiling
MK: VRIE = boiling...as so many times mentioned, B and V are changed many times, Servia=Serbia.

BU:
BÚR = a single hair.
ANC MK :
ABROUWES = eye brows
PRO SLAV, Old SLAV:
BRY, (GENETIV: BR'EVE) = eye brow.

BU:
D*- ASPASAS, D*-SPASASH = to protect, save, rescue.
MK:
SPASE = save,
DA SPASESH = to save someone.

BU:
DELAS, DELIAS, DELJ = 1)to beat, strike, smite, hit, shoot,...2) to kill to slay
SANSKRIT:
DALATI = crack, splits
PRO SLAV:
DELATI = to work.
MK:
DELIA = Mythical Hero who kills the Turks.

GARU( ALSO: GARÚKI) = spring

ALSO: GARÚM = hot GARÚRUM = hot, warm, AS NOUN: GARÚRUMKUSH = heat.

GARI = lamp, light , pupil of eye.

ANC MK:
GORPIAIOS = a hot Macedonian Month
MK:
GREE = warm, to warm
GARE= warming meal, cook soup.

BU:
GIRATAS; GIRASH = to dance, play
OLD SLAV, MK:
IGRA = dance, play
MK:
IGRASH = you play, nominative form from IGRA.


link
link
 
A

anaveno

Гостин
Македонците и Калашите

svedostvo od "prva raka"..


Fig. 2.Neighbor-joining tree of 61 Eurasian populations, based on Y-chromosome biallelic haplotype frequencies. Nei genetic distances were used in a neighbor-joining analysis. Internal numbers are bootstrap values (1000 replicates); values less than 200 are not shown. Roman numerals denote population clusters described in the text. Data for the following populations were taken from the literature: Basque, CambodianyLaotian, Chinese, Hunza, Japanese, Middle Eastern, and Taiwanese from ref. 8; CzechySlovak, Greek, Macedonian, Turkish, and Ukrainian from ref. 17. Uzbek* and Tatar* include all Uzbek and Tatar populations shown in Table 1.
SOURCE

Македонската историја под дебели слоеви лага

Бурушаскиот јазик беше енигма.
Многу научници, лингвисти се обиделе да го одгатнат.
Илија Чашуле го најде клучот за мистеријата.
Голем настан за балканистиката - сродноста на бурушаскиот и бригискиот јазик кој се зборувал во стариот век во Македонија и во Мала Азија.


 
A

anaveno

Гостин
HUMAN RACES CALCULATOR

Y-Chromosome Haplogroup Frequency in Selected 69 Eurasian Populations

Select Population:Pakistani Kalash

DISTANCE FROM Pakistani Kalash

Population

1 Yugoslavian 30
2 Indian Uttar Pradesh Rajputs 30
3 Bulgarian 32
4 Northern Swedish 32
5 Ukranian 33
6 Indian Uttar Pradesh Brahmins 33
7 Romanian 33
8 Georgian 34
9 Belarusian 35
10 Norwegian 35
11 Gotlander 35
12 Slovenian 36
13 Pakistani Makrani Negroid 36
14 Pakistani Pathan 37
15 Indian Uttar Pradesh Chamars 37
16 Armenian 38
17 Hungarian 39
18 Chuvash 39
19 Pakistani Burusho 40
20 Czech 40
21 Pakistani Baluch 42
22 Turkish 42
23 Dutch 43
24 Pakistani Balti 43
25 Pakistani Brahui 44
26 Sardinian 45
27 Muslim Kurds 45
28 Icelandic 46
29 Slovakian 46
30 Pakistani Makrani Baluch 46
31 Greek 46
 
Член од
1 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
3
Ај ако некој знајт координати од Google maps, нека ставит
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Ако можи да објасниш тоа во дванаесеттиот (12) пост :) Фала
 
A

anaveno

Гостин
ilim
Ако можи да објасниш тоа во дванаесеттиот (12) пост :) Фала
Оd gore nadolu:

1. Кilimcinja i cergicinja
2. Lavot na znameto
3. Tapan
4. Razboj za tkaenje
5. Nosija
5. Arhitektura kako vo Krusevo
7. Kuki so cardaci (posebno,sporedeno so Makedonskite manastiri)
8. Grobovi so sonca

Koj saka site ovie sliki od artefakti i objekti od filmot za kalasite i hunzite,moze da gi sporedi so tukasnive ni artefakti i objekti.

Mnogumina bi rekle, pa toa go ima i vo okolinata ni.
Da, ama ima razliki,bi rekle etnolozite.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Врне, грми, вика, шака (за дланка и на Македонски е шака) и уште еден куп исти зборови со нашиот јазик.

Понатака гледам не си ги спомнал нивните имиња: Мирјан, Миркана, Илин...

Абе Македонци!
 
A

anaveno

Гостин
Па не сум ги спомнал ни ресенските јаболка кај Хунзите и Калашите..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom