:pos2::pos2::pos2::pos2:Уште да имат најдено, не знам шо се глупират грците, не знам стварно, гледат немат веза со нив и пак и пак они, уф гревчиња...:jaj:
Запознав еден човек од Хунза преку интернет и се зачудив од тоа колку понапредни се во се‘. Кога не посетија Кралот и Кралицата некои јадеа лајна дека демек биле некое племе, и дека сме требале да се стремиме кон некоја си европа... будали... По овој контакт со Азиз од Хунза (името му е муслиманско од причини што најголем дел се исламизирале) видов дека нашиве македончиња моат само да им носат само вода на тие Македонци што денеска живеат на Хималаите, од причини што нивото на култура и понашање, нивото на образование и воопшто начинот на живот им е перфектно ускладен со традициите, премногу имаат почит кон културата, а од друга страна се образовани сите, знаат англиски, култура на највисоко ниво, и пред се огромна почит и љубов према својот народ. Кај нас на сите страни ке видам само продадени души, за разлика од тие Македонци кои си ја сакаат земјата, културата, традицијата.. Едноставно останав занемен после муабетот со Азиз, увидов мн нешта кои ни недостасуваат. Тука само знае да се критикува, да се напаѓа, предавници еден куп, мрзливци уште повеќе, анти-патриотски расположени... Еден грст народ и не можеме да се разбереме. Но таму има слога и живот каков што треба да има, тоа е како рај на земјата за што и самите така викаат.
Инаку Азиз изрази голема желба да дојде во Македонија после сите нешта, слики , видеа што му ги пратив и остана занемен од нашата култура која е сосем иста со нивната (нормално еден народ сме). Мислам дека би требало да му се помогне штом толку многу сака да дојде, инаку човекот е образуван за компјутери (не знам што стрикно работи), знае одично англиски. Кога ке видете во кои зафрлени планини живеат и што знаење и култура поседуваат, обичниот Македонец и покрај сиве овие услови тука не се замара за ништо, таму се трудат максимално да научат и да створат нешто повеќе. Очигледно Александар Македонски одбирал најспособни луѓе за во армијата, не само физички, туку и одлично воспитани луѓе, па тие војници своите навики и култура им ја пренесле на своите потомци, денешните Хунзи. Се разочарав после споредбата и видов зошто тие и таму напреднуват во тие зафрлени планини, а ние тука во центарот никако да ни тргне и покрај сите услови за било какви дејности, земјоделие индустрија итн итн....
Не е грешката во другите, ако ние сме сложни од ништо ке направиме нешто како што Хунзите од крајот на светот направија рај. Мислам дека доколку Азиз е заинтересиран за доагање во Македонија треба најискрено да му помогнеме бидејќи сепак тој е дел од нашиот народ и ке биде пресрекен ако дојде да работи овде. Фасциниран беше од целата култура, едноставно беше пресреќен за се што му покажав.